I know how you feel. Летото другарка имаше роденден и уште две недели пред тоа ме прашуваше мене како да го правела и со кого. Дојде денот и ништо не ми имаше кажано, си реков ајде можда се премислила да не го прави. Потоа видов на инстаграм на стори дека ги собрала сите за кои велеше и прославила.
И јас на инстаграм видов, само мене не ме поканила. А пред тоа се лигавеше, божем тешко ѝ било без мене, другарки како мене биле ретки. Е, нека се гонат. Ова покажува колку (не) те ценат.
Сдк го гледам Monsters Inc, по 128 ми пат и забележувам дека ниеден од вработените страшила не е женско. Женска е таа на разглас и таа на архива. Вака ли до универзална родова еднаквост? Бојкот на Пиксар, веднаш
Многу е заебано кога некад слушаш песна за онака незнаеш нит значење нит ништо. Месеци, години покасно се пронаоѓаш во неа целосно..
Колку нечии постапки се провидни и очигледни, дури смешно ми доаѓа. А уште имаат надеж да мислат дека другиот е паднат од Марс и не им ги разбира очајните обиди? Л о л.
Повеќе сакам да подарувам отколку да ми подаруваат. За драги луѓе не се штедам, ја обожавам радоста на нивните лица поради убаво изненадување
Многу глуп муабет од постари ми е кога ќе видат дека дома имаш ноже за лупење, сецко, електрична цедалка или друг уред кој вака или така ти ја олеснува работата дома ти вика - абе види, уште што не измислија. Во наше време немаше вакви, сами се мачевме, вие научени на готово денес А и они ги користат истите тие благодети де...
Јас: Ајде уште 2 дена и слободна сум од испити, ќе одморам малце до следно полагање !! *го гледа календарот* Ајде следно лето ќе одмарам...
Годинава да се избира и нај тапа тема на годината.... Зошто пазар се стори форумов. Иако изборот и конкуренцијата ќе е страшна. И админ да води најтапа теми.
И мене скоро никогаш блиски другарки не ме канеле на роденден. Не си земај лично, ама пази на кого помагаш. Сум дремела сред ноќ на телефон откако почна короната оти баш тогаш другарка остана без работа, дечкото ѝ се скара итн. Ене ја, телефон не крева и до ден денес јас ја побарав не оти ми треба нешто туку чисто да ја прашам како е. Ми дојде нагон да исповратам колку луѓето забораваат кој кога им се нашол.
Знам дека сум гладна кога наместо "Мојот аватар" читам "Мојот ајвар". Се замислив дали ќе има слики од зимница, па морав да препрочитам.
Почнаа да ми недостигаат најблиските а ни недела дена не сме разделени и плус секоја вечер се слушаме, ама ете пак ме фати тоа тешко чувство на отсеченост од нив. А планирам некој ден трајно да се отселам, тогаш како ќе биде се прашувам. Иако долго време во животот и психички и физички се спремам за ова мораше да се случи тоа и се да се смени преку ноќ. Ама секогаш што сум наумила тоа и сторила, така да дамнешен сону мој сопремај се да станеш реалност. А и позитивни сигнали стигнаа на крајов на летово што најавуваат сериозни промени, се надевам и убави исто така.
Во врска со тоа дека Албанците во Македонија некои не знаат македонски, денес ми побара семинарска студент албанец кој ми пишуваше на македонски и со македонска поддршка....Заев, можам да речам аман подизлези од тоа филмот во кој си напикан, појќе нема лезет...не живеат ни тие на марс, па да не знаат македонски - фалиминдерит, башка шетај
СДК 2152 страни во темата за корона, а ниту една за обновливи извори на енергија. Словенски доктор на ТВ изјавува да ги изгасеме телевизорите 14 дена, и сите ќе оздравеме, затоа што никој не познава лични некој што е заболен. А ти бре Македонче, епа копај
Изгубив 20мин пишувајќи коментар на темата "Прашања за форумот", за на крај да не успеам да го испратам поради што ја заклучија темата.
Многу ме нервира нељубезноста на вработените, пример на шалтер, на каса, келнери.. Ни здраво ни чао, намуртени мислиш не им се живее.. Денеска првпат во живот начекав прељубезна келнерка, насмеана, мила.. Да ти е мерак бакшиш да и оставиш..
Вчера се породи другарка ми, а утрово ми кажуваше како поминала. Имаше најнормална и лесна бременост, ама пораѓајот малку потежок. Отврено и искрено ми кажа низ какви болки и компликации поминала, дека на момнети не ни памти што се случувало, дека се карала со докторката и пиштела од болки, дека требаше природно ама заврши со царски, ама на крај ми прати слика од бебулето и вика заборавив на се. Убаво слатко бебенце, ама отсега за секој случај во разни соби ќе спиеме со дечко ми. За сечие добро и целосна заштита одлуката е донесена, пошто дур ја слушав ми се затвори цел репродуктивен систем. И после мажите биле посилен пол. Абе мрш не се ругајте живи се.