Сакам да кажам се сеќавам порано на еден вегански мајтап као, то шо јадам веганска брза храна значи дека се неќам себеси, али и натаму ги сакам животните. Така и јас со времето. То шо од кога почнаа дождовите и променливото време глава не можам да кренам не менва ништо, јас не се сакам себеси, ама есента е перфектно балансирана и јас сум слабак шо не можам да ја издржам in all her glory и секогаш ќе велам дека е една од најдобрите сезони. Неќам екстреми и зато есента и пролетта некако ми имаат специјално место во срцето. Порано мислев дека пролет ми е омилена сезона али како ... стареам ... сфаќам дека најмногу уживам во есента иако таа ко да земала стап и удира по мене. Али пак ќе речам, имаме заеднично многу. Та ме неќи и ми прај проблеми, јас се неќам и прифаќам да ми прај проблеми. Ко веќе зборам за сезони, спремајте си пенкала, мастила и моливчиња, Inktober е речиси тука и не ѕирка од некој ќош.
Нели би било супер со закон да се забрани употребата на Ѓ и Ќ кај што не треба? На пример, во зборовите суЌна, интелиЃенција, состојЌи, ЕЃипет и сл. И да се казнува. Истиот може да ги опфаќа и “незнам, неможам”... Можда тогаш ќе се описмениме.
Луѓенца убави и паметни ве читам сите дека таму е права есен, а и моиве исто кажуваат и сега ме фаќаат паники како ќе се адаптирам таму. Кога заминав беше последниот ден од летото жешко, тука исто така и туку наеднаш есенско, врнежливо сивило Инаку не ми пречи мене есента, ми пречат тие сезонско- променливи периоди, буквално ми пречат до степен да ми се одразуваат по здравјето, несоница, нервоза, безволност. Ама решив овој период колку и да ми е исто како отсекогаш кога ќе ме фати таа безволност да ставам патиките и во движење. Дури и набавив специјални водоотпорни патики да немам повеќе ''добар'' изговор врне, ќе накиснам. Ако, нека врне, нема да накиснам, можам и сакам да си помогнам, а со физичка активност мислам најмногу и најдобро можам да си помогнам самата. Ајде што не минало и ова ќе помине, само пак така млаку ме јадат тоа овертинкинг мислите, ај нека се изишнат да запијам на раат
Она повторувачко чувство дека не правиме нешто како што треба, моли за промена. А промената, неизбежна. Или нас не деградира ентропија или се ександираме преку лична еволуција. Не ќе беше вака сега, ако се посветев летово.Можеби ќе беше дамбетер, Првото е лесно, сам од себе си се тркалаш кон доле, а второто, е за тоа треба силна воља. Reinvent yourself! Ох, даааа. Знае да биде незгодно и да ти ја растура личноста, но со племенита цел?! Да! Тоа што го чувствувам внатре, како повик од длабочина, повторно се активирало затоа што претходниот пат не до дослушав до крај. Сега повторно отворање на очи, срце, душа.Ако пробуваш со напор да го искорнеш, само ќе те обземе што побрзо.Подобро да го сфатам како небо, сеприсутно, полно облаци радост, облак тага, облак незадоволство. Небо отворено, секогаш чисто, несовршено, природно.Природа, неосвршено совршена Постојано се усовршува, но никогаш не е довршена.Тоа е само моја неуроза,човекова, да се биде совршено, совршен.Тоа е она што доведува до расцеп, нерзбирањето на природните процеси од кои се имаме одвоено. Да се немаш одвоено, ќе знаеш самиот како да се негуваш и постепено да се усовршуваш, израснеш и изртиш на светлина.
Го пуштил татко ми ретардионион Миленко на тв и сакал нејќел, морав да го слушам. И ај сеа знам каква персона нон грата е, ама темата беше за автомобили и си викам може ќе каже нешто паметно... Кога, ликот зема да зборува како тоа каишите убивале луѓе, како намерно ги ставиле во колите за да има повеќе жртви во сообраќајки, па како не требало да се става каиш во град на 40 брзина... Порано во 60те и 70те немало каиши и немало оволку жртви во дообраќајки... Потоа зема дури и да го чепне случајот на Тоше, каде рече дека починал поради тоа што бил врзан со каиш. Are you fucking kidding me? Како вакви ретардоси сеуште добиваат медиумска пажња? Не, не, не... Како овакви луѓе воопшто уште постојат, смеат да искакаат секакви глупости и да останат неприметени од критичката маса, а со своите ставови да прават brainwashing на одредена популација во земјава? Еееј, ќе правел кампања против носење маски и против врзување со каиши... Или го има изгорено вчера некој полицаец на Партизанска или ептен му се исушил мозокот (ако некогаш го имал) Хрррк пу!!!
Додека работам имам пуштено Накси Кафе радио од лаптоп и кога и да наиде песна што ми се свиѓа ја барам со шазам од телефон. Денес приметив дека на самата веб-страна од радиото го пишува името на песната што ја даваат во моментот.
2 недели одложувам да ми прават крвна слика и мора неделава сакала нејќела. Ама па страв ми е од игли
Денеска случајно слушнав песна на радио и мислев дека ќе го запамтам текстот, па не уклучив Shazam. Еве ме сега, се нервирам и ја барам низ цел Youtube. Ќе биде, да
Отворав снапови и (мислев) дека една другарка ми пратила слика од овие смокиве на Стоби Флипс што се лути, екстра хот. Е арно ама тоа да бил снап од едно машко, а јас тоа го дознав дури кога ја испратив поракава: ohohooo hooottt пропаѓање во земја....јебига.....
Значи не сум била единствена што се мачи така Ама кажи, нели чувството кога ќе ја пронајдеш е прајслес?
Тие што ставаа слики од гужви пред маркети, во автобуси и во молови, една слика бе и од полицајциве да видевме. По не знам кој пат сега гледам двајца полицајци во возило без маски или со маските на брада. А ти тука треба да му дадеш лична карта, извод од матичен, венчаница, пасош, возачка, здравствена книшка, имотен лист, можда и сведоци ќе ти требаат за да го увериш дека тој до тебе во кола ти е фамилија или живеете заедно.
Од ситуации што те вадат од такт и ти предизвикуваат чувство на анксиозност ќе издвојам: 1. Одврзување врвки на патиките додека носиш околу 30 јајца в раце. 2. Сите денови горе-долу косата ти изгледа добро, а денот кога има важен настан си или како на трофазна пуштен или па како кравче да те лижнало. Аман.
Многу погрешно е тврдењето дека нема "глупави прашања", а "непоставени" само. Многу, многу погрешно. Јер да, нема глупаво прашање, туку прашање поставено од, кхм, приглупава особа. Уич мејкс д куешчн стјупед џаст ес уел. Штета за прашањето, можеби имало потенцијал за нешто повеќе...
СДК човек не е да искоментира во темине за модни комбинации или шминка. Разбирам за нешто невкусно да се појават реакции, ама овде сите свилени бе. Ќе напише некој сосема фина критика, добро срочена и соодветно кажана за да не биде сфатена како навреда и пак ќе се почне со „ама немав такви салонки/сенки“, „не си ми го видела аутфитов/мејкапов во живо, одма подруг впечаток ќе имаше да ме видеше“. Ок е, најдобри сте, најсрцки сте и најубави. Една гушка од баба. А сега на реалната страна, ако ги ставате фотографиите само за собирање лајкови, може и да си кажете. Не дека ќе се лутиме, а и појасно ќе ни биде што ни е работа.