Еден од моите таленти вклучува замарање и overthinking за тотално небитни работи because reasons. #whyamilikethis
Хемиски елемент- Жена! Елемент: Жена Симбол: Ze Пронашол: Адам Тежина: Оптимална 54кг, но варира од 40 до 200кг. ... Застапеност на елементот: Поголеми количини може да се најдат во урбаните средини. Физички особини: Површината е обично намачкана со боја, Одеднаш зоврива, се замрзнува без причина, Се топи ако се примени добра постапка, Невкусна е ако се проба погрешно, Елементот исклучително тешко се наоѓа во единствено чиста состојба, Испушта звуци ако се притисне на вистински места. Хемиски особини: Лесно се спојува со злато, сребро и останати благородни метали и бесценети камења, Абсорбира огромни количини скапи материјали, Може да екcплодира без претходно предупредување и без позната причина, Не се топи во вода, но расположението драстично и се менува ако елементот се налие со алкохол, Најефикасен елемент за трошење пари. Најчеста употреба: Пред се како украс, посебно во скапи автомобили, Одлично средство за релаксација, Многу ефикасно средство за чистење. Пробани експерименти: Поцрвенува ако се затекне без амбалажа, Позеленува кога ќе се стави до поубав примерок. Опасности: Многу опасен елемент, освен во рацете на стручњаци, Илегално е да се има повеќе од една, но можно е да се поседуваат повеќе под услов да се чуваат на различни локации и ако се внимава елементите да не дојдат во директен контакт еден со друг. ------ Ми доаѓа цревата да си ги исповратам.
Колку и да прави човек добро сепак некој ќе биде против до тој степен живот да му одземат. Почивај во мир другар. Ќе се сретнеме пак еден ден.
Очекувај уште многу вакви утра. Се надевам да бидат поретки. Смешни ми се некои од моја генерација, што не учеа, имаа единици и бегаа од часови, навредуваа професори. ' Јас не учам' стил " Јас на овој никаквиов не му учам" Гледам сега се Бунат за системов што багувал. Им се јавуваат на професори, наставници ги молат за помош за нивните деца
Искрено посакувам сега и за мене да почнуваше нов семестар, ама наместо тоа се замарам со дипломската и бркам последни работи на факултет. Ви посакувам успешна учебна година на сите ученици и студенти.
Интересен факт Спојлер Дали знаете додека носите маска и зборите со некого можете да правите вака без тој/таа да ве примети. Да не кажете дека не сте научиле нешто ново на интернетот. Anyway, викедов полнам 10 години фемина. 10 години како единственото машко што преживеало на форум полн со вакви прекрасни дами и девојки кои со многу љубов, подршка, разбирање, почит, директност , без никакви исмевања и критики, препукувања и осмех го исполнуваат овој форум. Исто и модераторите кои секогаш се тука да го модерираат форумот, еднакво без никакви фаворити и поткупувања. Све е топ. Голема благодарност до сите што ме трпевте и пазевте и небаниравте и така натака сите овие 10 год. Спојлер Абе едно цице некој да пуштеше по ЛП да види човек да се израдува, на толку сексуљави работи што си пуштате по лп, абе 10 год поминаа неш јебат алоооо, Абе избори ми украдовте, една дебата не знаете како што треба да направите, само плачете и ќенкате на секоја тема, абе тоа вмровцине кога ќе ги видам зашто не се банирани у политика темите, каде е глобалниот модератор да каже ајде јипи честитки 10 год еве еден ден да модерираш, ШИПАК ЈИПИ, ШИПАК. абе едно цвеќенце да бушти билката, за што се крстила билка..А. Ве сакам сите ,останете ми здрави и среќни. На 20 год годишнина ако не сум баниран ќе напраам голема журка фемина. Еве едно филозовско реторичко прашање на денот за сите вас, пред 10 години Јипман решил да се зачлени на форумот фемина. Каде бевте вие пред 10 години и каде сте сега?
Ако овојпат ја пропуштам можноста што ми ја дава животот, ќе знам дека е по моја вина. Можам, знам и умеам, ми треба само мал поттик за да ме придвижи напред.
Со моите мислења нејкам многу да тупам ама денес едноставно морам. Први октомври. Синко прваче, мама возбудена петсто, сношти некои кошмари сонував од возбуда од не знам си што. Ама денес со солзи радосници си ојдов на првиот училишен час. Синко прваче. Ќефој. И после тоа некаде после 13 часот пак потрага по работа. Опа, оглас за администратор. Се јавувам - ама знаеш веќе дојдоа од 10 часот кандидатки ич да не доаѓаш. Добро. Ама ова мене нешто ми изгледа како - ајде денес ќе го ставам огласот за да ги елиминирам сите мајки на малечки деца, па тие што не се зафатени први ќе се јават и ќе дојдат - што ќе правам јас со мајки на мали деца? Еве што ќе ти кажам батка, мајките не се неспособни за работа оти имаат деца. Тие знаат што значи одговорност и лојалност, знаат што значи посветеност. А ако тебе не ти се дава боледување на мајките кога децата им се дома болни, ниту мајките не сакаат да работаат за тебе. И да не те опцујам ќе ти речам само - абе ајјј мрш!
Не сфаќам што е фората со сликите по фб од гужви во ЈСП. Ко...која ти е целта? Има гужви, знаеме. И? Нит е некој крив, нит може нешто многу да се направи во врска со тоа засега. Тие три правила не можеш ама баш СЕКОГАШ да ги почитуваш, конкретно држењето дистанца.
Може да се направи нешто. ЈСП треба да се вратат на делничен возен ред, наместо во време на пандемија да прават уште поголеми гужви со саботниов ред, поради кој автобусите се преретки, а особено во приградските населби автобус има на секој саат и пол. Луѓето одат на работа, на некои факултети и наставата ќе се одвива со физичко присуство. Саботниот возен ред само дополнително ги зголемува шансите за гужви а со тоа и шансите за заразување.
Тоа е една опција. Ама ЈСП биле во загуба, не можеле да си дозволат да вратат нормален возен ред. Ама зборот ми беше, гужвите ги прават патниците. А што е до нив, не може тука да ги кудиш што се возат и прават гужви.
СДК ова не е фер, се ми е преку глава,ама баш се и најлошо е тоа што не сакам на никој да му се пожалам,а и реално нема некој кој сака да ме послуша, не сакам ни дома да седам не сакам ни да излезам некаде сите ми одат на нерва, сите сакаат да ме умрат од нерви и стрес, како бе јас можам се да поднесам? На сите да му помагам, да му се најдам во пресрет? Само другите да не се навредени и да не се изнервираат дома,а јас? За мене некој мисли ако сум нервозна како уште фамилијарните проблеми да ми фалеа, се друго беше топ. И семејството и другарките ситее исто ми прават, барем мислев најдов некој за мене и тоа не бива.Навистина ми се смачи