Ми се гади од гнасиве кои што се женети, а упорно се пуштаат на други . Што имаат во тој мозок т.е. Дали воопшто имаат мозок? Зарем ништо веќе не им е свето.. Зошто се одлучуваат на брак кога се нестабилни идиоти, зошто упропастуваат туѓи животи?? За жал се повеќе и повеќе ги има такви. Како после да верувам на некое машко и да сум сигурна дека е искрен со мене
Буквално, само што видов нешто на фб поврзано со оваа тема и не знаев во која тема да се испукам. Мислам еден од поголемите стравови ми е токму ова. Да се венчам со човекот во кој сум заљубена, на кого сум целосно посветена и после некое време да земе да ми прави работи зад грб, да ме изневерува. Мразам лажење, мразам себичност. Подобро несреќна сама отколку несреќна со некој...
Не знам дали ова се однесува на мене, ако не се извинувам што те цитирам. Секако дека можеш да бидеш среќен сам/а. Моментот ми беше, конкретно ако дознаам дека ме изневерува, поготово човек кој го сакам, секако дека ќе бидам несреќна. И сама, затоа што одма ќе го оставам. Еве ако ми се случи некогаш такво нешто (скраја да е), верувам ќе бидам несреќна некој период, не засекогаш. Би сакала да сум човек што одма може да сврти нов лист и да не се замара ама, лажење мене најмногу може да ме повреди и утепа.
Не знам каде да го пишам прашањево, но ве молам за помош. Доколку има некој/а на форумов што е професор во средно училиште ми треба малку помош
Еден ден се слушаме со другарка ми и ме прашува што правам... “Еве слушам Хари Мата Хари и плачам“- и' одговарам цела разлипана Ми врати: “Па шо си пуштила Хари Мата Хари мори глупа една?! И јас да пуштам сега, ќе се расплачам“ Сакам да кажам... различна музика, предизвикува различни чувства. За каква музика сте расположени денес?
Никогаш нема да го сфатам она обесхрабрување кон студенти штотуку запишани на некој факс. Имаше една случка од блиска околина каде на пракса на студент му беше кажувано колку била заморна работата после, колку тој факултет бил лош избор и не вредело вложувањето за да се мачиш после толку многу, па не биле ценети од таа професија и ред други работи кои само уриваат мотивација. А човекот кој ги зборувал овие работи има многу повеќе денови одмор од било кој друг, има примања за кои повеќето во државава може само да сонувааат и гратис никој не му мрчи над глава затоа што е вработен кај роднина кој речиси целосно му ја има доверено работата. Па прашањето е ако толку му е лошо, зошто не напушти?! Слични реакции гледам некогаш кај постари студенти, кога некој бруцош (веќе запишан) ќе ги праша како да се прилагоди на тој факултет, дали ќе успее да се снајде, дали испитите се тешки за минување. И тука ќе почне постариот да го кажува најлошото од студиите. Навистина не знам која е сатисфакцијата некого да го демотивираш. Реалната состојба или неубавата страна сум ја кажувала на оние кои сè уште немале одлучено каде ќе се запишуваат, па ме прашувале како е организирано, по колку предмети има во семестар, каква е комуникацијата со професорскиот кадар и асистентите, како оди набавката на литература, дали може да се употребуваат и фотокопирани скрипти и слично. На студенти кои биле веќе запишани, секогаш сум велела дека ќе се снајдат само со повеќе упорност, разменување информации со колеги и прашување за сè што е нејасно кај асистенти/професори. Затоа што всушност на кој факултет и да се студира (кај нас), секогаш има што да те одврати. Само нема потреба од уште едно „Лелее бегај од таму“ од страна. Сега и официјално среќен почеток на сите студенти. Дечки многу трпение и многу 10-ки ви посакувам.
Големо олеснување е кога некои тешки чувства едноставно ќе испарат... ќе ги снема. Само времето е лек во некои случаи, далеку од очи и далеку од срце. Се чувствувам преродено денес, без емоциите што само ми ја одземаа енергијата, а не ми даваа ништо добро и корисно. Ќе го наречам ова нов почеток.
Колку и да сум тажна дека си заминав толку и сум среќна дека еден ден можеби следната година ќе бидам пак таму. А дотогаш ќе се случуваат настани и ќе поминуваат денови за памтење. Мразам кога емотивно се врзувам за места и личности и потоа кога ги нема си плачам, ли си плачам, ама ете таква сум си.
Има убави и одвратни страни од секој факс, јас искрено ги кажувам и двете. Ама ако некој се зезнал и искусил подобро е да пренесе се, најверојатно ќе се случи и на новите студенти(99%), а тој 1% нека им биде среќата Еве од мене совет дека ако сакаат да заработат пари мнооогу, малце треба да се размислат дали би упишале медицина Да се лажеме и "филуваме" можеме до утре ама таа е реалноста. Се што сакаш, што те исполнува е добро, со труд се успева во се ама не се живее од љубов кон професијата
Јас искрено го ценев тоа што ми кажуваа негативни работи за мојот факултет.Испадна дека е вистина. И јас искрено им кажувам што е и како е на мојот факултет кога заинтересирани ме прашуваат. Секој сам си одлучува,ама добро е секој да знае дека местото за кое се интересира не е полно убавини како што го претставуваат некои.
Kоја полза да се пренесе сè на студент (веќе запишан) што истото или слично на тоа ќе искуси за некоја година, а сега пред сè е исплашен/а од самата промена на средина? Единствено што ќе се постигне е разнишување на самодоверба уште од старт. За тоа доволни се и професорите, не им е потребно уште некој постар колега/шка истото да им го кажува. А кога ќе дојдат во ситуација која ги збунува, револтира или им предизвикува страв, секогаш сум тука за мислење или совет за што и да е, најдобронамерно. Воедно среќата со работно место и заработка на секој е различна. Па и поради таа причина не би одвраќала никој кој веќе е запишан. Крајно, не можеме сите да бидеме програмери нели.
Сакам да кажам дека за прв пат во моето 2 годишно постоење на форумов променив аватар. Cheers за новиот Били. @IM.TMKQ , сега сум straight outta 2020.