Колку е интересно да си се навратиш на минатите мислења на форумов. Сфаќаш колку си созреал, колку имаш сега поразлична перпектива, колку си се изградил како личност, колку е сменето се околу себе. Фотографиите не можат да го доловат тој момент, слика со еднократна меморија, но пишаниот збор е безвременски и те потсетува каде си бил и каде си сега.
Топол октомври. Главава ко да не е моја. Чуден некој период. Можеби само ме фаќа нелагодност дека сме краткотрајни и се расипуваме. Моето тело овие 2 години е у дисбаланс и крвната слика ми го покажа тоа на најсебичниот начин. Ќе морам да откажам шеќер, леб и сѐ што е мрсно за да имам добро здравје. По кој пат ми се случува ова? Па едно, стоти пат до сега. Физичка активност или ќе потонам у холестерол. Како бре одговорноста кон другите секогаш ни е на највисоко ниво, а за себе сме ко неснајдени? Срам да ми е.
Порано имав премногу трпение. Сега ни до 3 не можам да избројам, веќе ми се споиле сите нерви и огномет ми прават во глава.
Често се случуваат моменти кога некои поединци ми посветуваат дел од своето време, постојано ме зборат,а јас едноставно не знам дека постојат.
Aман од луѓе што замислуваат дека некои познаници/пријатели се нивни лични доктори па нон стоп ги гњават со прашања, им даваат резултати да им читаат, дури прашуваат и за терапија. Значи сум кажала дека моево иако има веза со медицина, доктор не сум. И пак една роднина на секоја средба со неа ми тутка резултати да и прочитам, да и' кажам што е дијагнозата, па дури ми вика и што треба да пијам за ова? Ќе и речам не знам или не сум сигурна дека е тоа и тоа и одма тука критики од типот дека појма немам од струката... Разбирам еднаш двапати да прашаш. Ама дај бе не замарај по стопати, си имаш матичен, оди него гњави го.
Кога ќе се сетам колку чувства сум вложила во некои луѓе, а од денешна перспектива изгледа дека тоа не го заслужиле... Сепак, не се каам, бидејќи со насмевка се сеќавам на нашите убави моменти. Колку и да сум била повредена на крај.
Седам и се мислам дали е чудно што едвај чекам да летам пак со авион, после изгледан маратон од Air Crash Investigation.
А тек да ти кажам дека имам желба да изгледам некоја сезона додека сум на некој прекуокеански лет. Среќа не летам толку далеку.
Сдк од сите можни катастрофи кои ги предвидов со доаѓањето на власт на вмро пред 12 или колку години, ова не го предвидов- пуританизам до левел заебување на многу генерации Ова не е политички коментар и не мислам дека тие другите на власт прават нешто подобро. Само се обидувам да разберам од каде ваков стрим- јас не пораснав во таква атмосфера, мора да е новокомпонирана придобивка
Тип на женски ' никогаш нема да се омажам' почнувам да Избегавам. Како има никакви бракови, како не постоеле добри врски и бракови. Мислам ај, жити се.
Ја видов сега темата INKTOBER и да ти е мерак да црташ. Штета што не цртам убаво, инаку ќе си поставев слика.
И јас ја демнам цело време, кој од кој цртеж поубав. Сто пати се помислив да си купам прибор и да се пробам да цртам, ама кога ќе ми текне на антиталентот ми се плачи и се откажувам.
Само јас знам колку се мачев со ликовново во основно и средно. Ќе ми дојде убава идеја, ама реализацијата никаква. Среќа што пробував на помали листови, па кога ќе ми беше приближно на она што сум го замислила, тогаш цртав на блокот. Не е секој надарен за ова, факт.
И јас не знам да цртам ама не е тоа поенатата. Поенатата е да се потрудиш, колку можеш. Секој цртеж ќе биде убав на свој начин. Како правам јас: дека не можам да нацртам нешто само да го замислувам, ќе побарам идеи на нет, гледам да е нешто поедноставно и ќе пробам да нацртам. Првиот цртеж се измачив, сега гледам полесно ми оди. До крај се надевам и дека малку од малку ќе се подобрам и ќе научам повеќе. Сè е пракса, така да ве чекаме со @IRBBB да ни се придружите.
Отворете референци и гледајте, со постојано цртање се навикнува и раката. Имаш опција за цртање секој ден, преку еден ден и еднаш неделно. Јас се надевам ќе дојдите. Да не ме види некој и тука, ми велат ко секта сум била како викам луѓе да се пробат.
Убаво што почитувате ова дистанцата кога чекате ред негде. Уште да знаете дека пожелно е да се редите вдолж излогот на самиот дуќан, а не цел тротоар или асфалт пред дуќанот да го зафатите во ширина па да нема место човек кај да помине. Се осеќам ко морон кога треба така меѓу некои двајца да се пикнам зашто нема инаку како да поминам.