Кога зборуваме за не почитување социјална дистанца во Малта од аспект на имигрантите и црнците. Постојат огромни разлики меѓу нив од човек до човек. Така вчерашната случка покажуваше доза агресивност кон нас белците без оглед на возраста. Се работи за доста неписмен народ кој ставил маска и толку. Очи неизмиени, средства за хигиена се непознати зборови,маици искинати... Да не должам. Автобусот стигна и ги отвори вратите, застанав пред вратата и им дозволив на постарите да влезат први,од мојата десна страна се доближува црн човек без маска,дишејќи ми во врат обидувајќи се да влезе без да ме турне. Го спречив, му се обратив културно со доза тивок глас “Elderly first”. Главата ја свртев напред и одеднадеш го слушам неговиот глас доближен до моето уво “Why you stopped me,you are stupid,do you listen me,stupid” Не му обрнав внимание,не му се свртев. Влегов во автобус и тој уште си продолжуваше “stupid girl,go back to your country”. Си го платив билетот, културно се вртам кон него повторно со истите зборови “Elderly first”. Човекот престана,не поради моите зборови туку ради пријателот кој го советуваше да се смири, бидејќи напад на женско е казниво дело. И не разбирам,во имигранските центри нема ли никој да ги подучи на култура малку. Не му се лутам,сета таа агресија сигурно била предизвикана од нешто. Треба да им се помогне и нив. Да им се укаже дека е пандемија и јавното здравје е многу важно.
И после толку години , болката е свежа . Солзите сами се тркалаат секој пат кога ќе слушнам некоја од твоите песни , иако не те познавав , иако никогаш не те сретнав во живо . Фалиш ЧОВЕКУ со душа и срце колку небото .. и камо да имаше само уште еден ден , уште еден час макар , да се поздравиш како што секогаш го правеше тоа , со зборовите " Ве сакам сите " . И знаеме дека навистина не сакаше . Ја чувствуваме таа љубов и по толку години без тебе . Штета што , некои таму на врвот , не те ценеле доволно , за да ја одржуваат традицијата во живот и секоја година , на овој ден , да те поздравиме со нашето скромно ѕвездено небо ..
Да си го смениш никот во Библиотекарка(та) Знам за популизмот и Америка, сигурно и во Европа е исто Вејт, дали е МК во Европа уствари
За да успее човек да ме налути и да ме оттргне од себе, е потребно многу. Обично сум трпелива... Но, кога ќе решам да прекинам контакт, не постои сила што ќе ме натера да се вратам. За жал или за среќа
Као, ова треба да ве мотивира? Ова изгледа смешно? Епа не е! Жално и бедно е, сите аплаузи што одат кај овој плакат. Толку од креативноста. Секој нека си го бара своето место под сонцето каде сака, со среќа, ама барем не плукајте по земјата што ви дала дом, знаење, спомени. Корењата тука пораснале. Битка без борба не се добива.
После толку посрани денови, викендов решив да го поминам што е можно порелаксрано и со ништо да не се замарам. Имав закажано за фризер во петокот, и одма после работни обврски бев да го менувам личниот опис. Се решив на драстична промена. Доста ја скратив и цела природна форма излезе на виделина. Премногу ми се свиѓа и отсега вака ќе ја кратам. Се осеќав лесно, свежо и подновено, па успат купив алишта за есенва и продукти за вечерта. Долго не сум готвела и ми дојде желба да поуживам во кујна, а и него да го изненадам. Вечерта ја заокруживме со дејт. Јадевме, ја наместивме цела спална со милион перници, намаливме светло и цела вечер гледавме аниме. Навлечени сме на аниме, па се случува до 4 сабајле да гледаме. Знам, нрдови. Последно го изгледавме Death note, а сега почнавме со Attack on Titan. Ова ми е перфектен состанок. Вечера, вино, удобен кревет и аниме. Останатите денови шетање, готвење, музика, гитара, филмови. Баш ко шетавме многу дуваше и сега синусите ме фатија, ама ху керс? Среќна сум. Спојлер
Каква борба, онаа во која веќе на 25 имаш здравствени проблеми како 60 годишна жена? Таква во која се губиме себеси и ги губиме сите релации со блиски, бидејќи најчесто од нефункционални институции, непотизам, партиски вработувања, криминали во сите можни сфери и милион неправди завршуваме со најниско трпение за оние за кои треба да го имаме највеќе? Борба за да можеме со 200 евра плата да обезбедиме пристоен живот? За таа борба ли зборуваш? Слободно остани, никој не присилува никого да замине. Ама кога маката ти е дојдена преку нос, единствено што ти останува е да се насмееш на истата па макар и преку вакви „глупи“ плакати, додека не дојде време да си спакуваме куфери ние кои сакаме да си одиме. Што не значи дека ги поништуваме сите убави и неубави спомени кои ги имаме од тука. Едноставно сакаме да си дозволиме да живееме, а не да преживуваме.
Не е смешно туку е пресмешно. Корењата, какви корења. Корењата нема подобар живот да ти донесат. Не плука никој по тоа што земјата ни дала дом и спомени. Туку по тоа што не ни дала основни човечки права за многу работи. Звучиш ко оние луѓенцана што велат Ќути, има и полошо. И тие што си одат од македонија се борат. Ти ако сакаш седи си и бори се овде. Секој си води различна борба.
Понеделник, 5 Октомври. Си разгледувам каталози на еден апарат што кошта 100 евра, а доста добро ќе ми се најде за низ дома. И после ми текнува дека 100 евра ако ги пукнам на него, дури да стигне платата ќе треба леб и паштета да јадам. Што ме носи до втората точка на моево излагање, а тоа е што не знам до кога ќе треба леб и паштета да јадам. Платата ми ја пуштаат кога што ќе им текне, иако по договор треба најдоцна до 5 во месецот да се исплати. Еве веќе некое време сум ваму вработена, досега ниту еднаш, 0, со зборови нула не го испочитувале тоа. Од друга страна се наоѓам јас, што секоја обврска си ја завршувам на време. Ако нешто не сработам како што треба бидејќи живи луѓе сме и грешиме ми се качуваат на глава истата секунда, тоа никако не се заборава. Кога ќе ми стигне таа долгоочекувана плата, пак ќе се мислам дали да го купам, ќе правам калкулации како можам на рати да го земам за да не мора нели леб и паштета да ми е секојдневие и нема да можам да си направам еден опуштен шопинг на работа која ми е потребна, а не аздис. Од трета страна бидејќи си ги симнав есенските јакни, денес за прв пат после долги месеци ја облеков омилената. На идење од работа разочарана што се нервирам за вакви работи, ги ставам махинално рацете во џеб и си наоѓам 100 денари. Не знам од кога стојат таму, не знам ни кога сум ги ставила, ама ми предизвикаа некоја блага насмевка на лицето. Се упатив директ во маркет, си купив милка со цели лешници и ја изедов без да дишам. Вакви турбуленции ми се случуваат често, да не речам, ова ми е секојдневието откако одлучив самостално да се издржувам, далеку од моите, како еден просечен работник во "држава". Како мене одговорно гарантирам дека се осеќаат 70% од моите врсници. И тогаш ќе дојдеш на фемина форум и ќе прочиташ мислење како на погоре членката кај што ти кажува дека треба да си благодарен што си се родил некаде и ти дала корења таа земја. Дека без мака нема заработка. Дека добивка без битка нема. И се запрашуваш, јас ли сум нешто ненормална, не живееме ли во иста вукојебина, или некои луѓе имаат розови наочари, психоделични супстанции, некои други врагови за да им е убаво овде. Затоа што други зборови за вукојебина, мрсул, дупка, провалија за "држава" што дава само мака а не заработка, битки без добивки, капки пот без приход за понатамошна сигурност, јас немам. И така...
Колку е напорно кога после добар одмор влегуваш во центрифуга на најјако, толку напорно што и и од умор утепана не можам на раат да запијам
Сакам да кажам дека критериуми за некој да ми се бендиса се: да не го неќам и да не ми смета ако зборам.
Се помирив со тоа дека имам силни главоболки секој ден, уште да се помирам и со тоа дека веќе ниту едно апче не ми делува.. А најлошо е што не знам ни која е причината за главоболките.. Проверив буквално се, се ми е во ред.. Неврологот ми вели не е мигрена, на друго место се болките од мигрена.. Епа што може да е ако не е мигрена? Дали до толку немаат појма докториве... Ми смета во секојдневните активности, ама изгледа ќе морам да си живеам со тоа цел живот..
Ако успееме доволно да се оддалечиме од нашите проблеми, барем за момент, ќе забележиме колку мали и безначајни се тие во општата слика. За нас тие се страшни, огромни, тешки... но колку навистина ќе бидат важни и по неколку месеци или години? Да погледнеме малку и од страна. Се' поминува... Човек успева да се справи и со она што на прв поглед му изгледало фатално.
Ќе си бараш друг доктор ,второ мислење .. Мора да има причина за главоболките не боли глава од ништо.