Колку сте забегани со тоа "амин" на коментари. Па уште и карање, како смеел некој да забранува да се коментира "амин". Си се молеле они на икони на ФБ и си пишувале, пошто "амин" се викало после секоја молитва.
Понекогаш, многу полесно е да дадеме совет на некој друг отколку ние самите да примениме за себе некој од тие совети.
Последниве 2 ипол месеци полека-полека се враќам во нормала. Не било лесно да трпиш некој и да го исправаш цели 8 месеци и да си правиш калкулации дека се е океј. Од лик се сменив тие 8 месеци и сега осеќам одвратност кон некои работи што сум ги носела на мене тој период, места на кои сум шетала итд..ја се затворив овие 2 месеци дома, тек вчера седнав асално на кафе надвор со пријателка. На некои луѓе не треба да им давате совет дека тргнале по лош пат, само бегајте од нив нека одат сами по патот.
Банките воведоа нелогично работно време на експозитурите од 8-16ч и тоа само работни денови а за викенди не работат. Поради тоа повеќето граѓани не можат да завршат работа бидејќи се исто на работа тој период. Можеби требало од 11-19ч да бидат отворени.
Прекреативно! Дефинитивно може да се користи како мотивација секојдневно....Жално и бедно е што во родната земја што ни дала дом, знаења и спомени не ни дала ИДНИНА, не ни дала можности да опстанеме тука, во нашето родно место....е тоа е многу по жално!!!
Вчера почнав бавно да се спремам за излегвање. Во време кога требаше да тргам си праев фотосесија и си редев слики на Инстаграм. Стигнав на закажаното 20 минути покасно. Чекав уште 40. К а к о? Со кола идеа дури. Со к о л а. Пред некој да речи аМа И тИ кАсНеШе, каснев пошто знаев со кој излегвам. Колку само ќе чекав ако стигнев на време.
Во контекст на претходно коментираната фотографија со уметничко име Run Forest run, СДК весела математика втор дел Бруто плати во Немачка
Овој срам всушност се случи пред некое време, ама уште не можам да заспијам кога ќе ми текне. По грешка го гушнав брат му на дечко ми. Од зад грб му отидов и си го гушнав. Пошто се идентични близнаци кога се завртени со грб нема шанси да ги погодам кој е кој. Грбот, косата, висина, тежина, форма на телото им е иста. Иако се копија еден на друг, досега добро се држам и откако се знаеме само еднаш ги помешав. Мислам и овде имам овде пишано. Спојлер На почеток од врската бевме на забава кај негови другари и брат му беше тука. Ми беше досадно и му викам: -Ај измисли причина да си одиме, досадно ми е. Кога гледам не бил дечко ми, туку брат му. Се извинив, се насмевме и ништо страшно. Сега тројцата седиме заедно во дневна, а по некое време заминав до спална да го проверам тел. Ми пишале другарки и останав малку, а ко се враќам го гледам дм (читај брат му) сам седи. Седеше заврен со грб и гледаше во тел, а јас одам позади него ја потпирам главата на грб, силно го гушкам и му вика: -Ладно ти е? Во исто време дур го изговарав тоа мозокот ми прати сигнали дека нешто е различно и не штима, па отсечно се тргнав и во истата стотинка го слушам него: -Погрешен брат. Се беше толку брзо. Цела крв ме удри во глава и станав црвена ко жар. Почна да се смее, а јас во земја влегов дур се извинувам. Носеа светли маички и седнал на местото на дечко ми, па автоматски помислив е тој. Ми дојде да се убијам во моментот, а тој ме тешеше дека навикнати се на такви забуни. Ми вика ти си прва што ме гушнала во теков на пандемијата. После му кажавме на дм и тој се смееше, ме зезаше дека обрзите ми се црвени и ми вика значи можам покрај тебе да поминам со швалерка и ќе речам брат ми беше. Се смеевме, ама и да е озбилен во право е...Може да ме излаже...По ѓаволите!
Сакам да кажам дали сте забележале како жените никогаш не се жалат дека се во friendzone? Затоа што жените го знаат значењето на зборот "Не". Клошари.
Денешниов ден не можеше да испадне поубав и да го планирав таков немаше да испадне се по планот и покрај и покрај тоа што често велам дека совршенство не постои, изгледа сум грешела, постои, така што денешниов ден можам да го прогласам како едноставно с о в р ш е н
Амин за твојот коментар Нема везе нека коментираат ама кога ќе се заредат 300 поста со по 1000 АМИН, коса ми побелува.