И мене не ми смета, ама на слика пример од црква (како градба) долу 400 коментари од 1 збор... Не ја гледам поентата.
Исто ко да ја посетиле со "Амин". Во овие тешки корона денови, Господ мора на дистанца, електронски да праќа благослови. Спојлер Well I tried.
Го положив предметот за кој се плашев дека ќе го влечам две години како куп други студенти и ради кој со денови не спиев асално и ми паѓаше шеќер, притисок и све живо на секое пребарување резултати. Уште не можам да си дојдам на себе од прееска кога видов дека се објавени. Еве три дена ќе славам сега.
Прочитав објаснување дека Господ бил насекаде, па и на ФБ. И ко што си се крстеле кога ќе поминеле пред соборна, така и си пишувале амин кога ќе виделе црква/икона/крст. #дигитализиранарелигиозност
Си замислувам како на Bruce Almighty, Господ седи пред компјутер, чита коментари и клика Bless you to all.
Сдк ако сакаш да задржиш некој во животот твој,тогаш потруди се малку повеќе ништо не паѓа од небото...
Кога веќе се спомнаа оние што коментираат 'Амин' на Фејсбук, имаме и друга група - госпоѓи(ци)те Семе Синапово, Патека на животот и ред други. Семе Синапово ли треба да ми каже дека треба да им помагам на другите, дека не треба да лажам, дека не треба да бидам лоша?
Точно е дека секој има право да споделува што сака, ама не само што се досадни, туку и ти мудруваат дека интернетот е виновен за се'. Тука се и тие што се прават 'најмајки' , а во живо ти пропагираат да ја применуваш 'воспитната мерка' на која веќе не сакам ни името да и' го спомнам.
Колку повеќе се фокусираме само на една цел, желба или план, изгледа како повеќе да се оддалечуваат од нас. Понекогаш спонтаноста е доблест. Само да беше малку полесно да се оттргнат, да се пренасочат мислите на нешто друго...
Мирисаш на мајчина душичка, на есенски зачини од зготвената храна на најмилите кои веќе ги нема. Мирисаш на утринска роса во рана есен, мирисаш на нешто убаво и чисто. Мирисаш на младост, кревкост, на убавини мое мало мило крзнено топченце. Не ми се веруваше дека пак ќе ги почувствувам тие мириси, тие опивни ароми, те обожавам мало мое
Ништо чудно. Колку побрзо се навикнеш толку подобро. На Факултет можно е да се случи професорот да заборави да дојде на предавање.
Ништо не е лесно во животот. Секогаш нешто губиш, за да добиеш. Горда сум на себе до каде стигнав. И покрај целиот пат замрачен со анксиозност и депресија, се издигнав, го поминав, ја струшив барикадата од слепата улица. Но, остави последици. Значително качив на килажа и крвната слика ми беше незадоволителна. Веќе четири месеци се исхранувам здраво, умерено. Изгубив 13 кила. Пресреќна сум, конечно нема да фрлам пари за обнова на плакарот. Имам уште за симнување, но сум оптимист. Си ветив дека ќе се частам секој месец по нешто убаво. Заслужив.
Прва недела од факс тече.. Фатив да учам со време, уште спиењево да го нормализирам пошто од 12 саато сон спаднав на 5-6 саати пошто мојот сјебан организам не заспива пред 2ч освен под изузетни услови.. Ми се иде на факс луѓе, здравје Боже ако наредна година го нема ова срањево пола и поише од генерација нема да се знаеме ни распознаваме бидејќи логично не сме се запознале. Сакам дружење у бифе пред предавања сакам у амфитеатар да дремам, у читалната да учам пред колоквиум.. и така А главава трет ден ме боли. И ме замара веќе.А цел ден или буљам во компјутер или во книга