@candy.cane @tinka-mace Позната француска песна што постојано се врти на радио е оваа Не е баш нова, уште од лани ја утепаа од пуштање, па ми текна на неа.
Аа ја знам оваа уште од лани, друга е оваа. Баш прееска пак ја пуштија, па срчав ама не најдов ништо..
Ги читам коментарите на статии кога доктор ќе замине од државно во приватна клиника и никогаш нема да разберам како има луѓе што викаат "па доктор си, како можеш да не си хуман, бегаш ли тука си за да помагаш си дал заклетва" Океј е, ќе работат кај сакаат и кога сакаат, како човек со секоја друга професија што оди да работи каде што ќе му понудат подобри услови
Утре е третиот обид за прекинување пушење цигари. Не сум некој страстен пушач, една кутија за 2 дена стандард. Може ке ги мавнам , ни толку нека не ги земам.
Сакам да кажам во буквална смисла на домашните дека сум пушач. Редно беше да ги стекнам тие даму веќе.
Го сакам овој празник Го одбележува граѓанскиот револт и граѓанската борба за правда и слобода. Ни фали денес очајно... За многу години нека е.
Мајка ми е најдобрата и најпрекрасната личност за мене Не постојат зборови со кои можам да ги искажам чувствата на среќа, радост, мир, спокој
Паѓам од точак и прво нешто проверувам јакната дали ми е добра паники, паники Откако спадна адреналинот ми текна дека коленото ме боли.
Светскиот ден на менталното здравје беше вчера, но тоа не пречи денес да кажам неколку збора во врска со оваа тема. Не се сите рани видливи. Однесувањето на секој од нас многу често има корени во некои минати настани, за кои ние мислиме дека сме ги заборавиле. Тие не се заборавени туку само потиснати. Многу од нас не можат да понудат ,,посериознa'' помош, но секогаш можеме да понудиме разговор. Или барем да ислушаме... внимателно и без осуда. Овие времиња се осамени многу луѓе. Еден едноставен разговор и подадена рака прават чуда.