Зошто кога излегувам/влегувам од соба во друга соба мора да се удрам во најболната точка кај лактот што ме доведува до степен несвестица да ме фати? Како магнет е баш тоа место! Можеше да промаши барем еден цм.
Време е да си легнам. Темата "Играчки" ми излезе во активни теми и се залетав да ја отворам да видам некој вибратор... Уствари била тема за детски играчки.
Имате ли онаков/а другар/ка со кој/а и еднаш на годината да се слушните/видите, муабетот ви продолжува онаму каде што ви застанал минатиот пат; и имате чувство ко да бил пред пет минути, а не пред година? Е таквите, да ги чувате!
Зошто е толку тешко да се сфати дека некои луѓе се среќни и на начин што не се вклопува во вашиот ,,стандарден'' начин на живот?
Само шо дојдов тука да ја започнам истата реченица и гледам исто си почнала @prominent Зошто е толку тешко да се почитува туѓото мислење и различните искуства
СДК сите работи за кои зависам од туѓата одговорност, коректност и професионализам од секогаш ми одат на нерви, затоа што не знам дали е до луѓето, до државата, до времето надвор или што и да е, ама никогаш ништо не се завршува на време, квалитетно и скоцкано до крај. И никако не ми влегува во глава како може да си мирен кога нема да го завршиш тоа што ќе го ветиш и тоа за кое земаш примања. Како не пречи знаењето дека си ја немаш сработено задачата во целост? Дури и кога сум земала услуги само како ветувања сум ги завршувала најбргу и најквалитетно што можам, а не пак да имам нешто за кое сум платена а да се однесувам игноратно, арогантно и безобразно. Се надевам дека тоа завршува во границите на дупкава од држава.
Not really, се зависи од менталниот склоп на човекот. Али сепак менталитетот некаде дига погоре и носи поголема самосвесност и одговорност во самото општество.
Има две опции: 1. Не можат да сфатат нешто различно од нивното или 2. Не сакаат ни да се потрудат да сфатат.
Денес ден роденден. Исто како секој ден, малце се плашам да не остарев па отиде еуфоријата Природа и вечера со најблиските и некоја пијачка плус.
Зошто секогаш очекуваме од другите да направат нешто што и ние би го направиле за нив? Молам Господ да помогне кај сите, па и кај мене, во тешка ситуација сме/сум. Се надевам ќе имаме убави промени во иднина.
Среќа е кога непознато кученце ти доаѓа право кај тебе, иако наоколу има и други луѓе. Се шетавме во природа и во близна имаше неколку луѓе, а меѓу нив дете шеташе куче. Ги видов, ама бев тотално занесена барајќи наоколу пат да се симнеме. Бев завртена со грб и само одеднаш осетив допир по нога. Кога се вртам, гледам малечко сиво кутренце со црвено ремче ме допра со главчето и си седна до мене. Колку меко и нежно ме чукна по нога. Ни му зборував, ни го задевав, ама ете се пуштило од рака на детето и со трчање дојде покрај мене. Ептен ме насмеа што ми се појави од ведро небо и почнав да го галам дур дојде детето да си го земе. Чудна раса и ептен уникатна боја. Поласкана сум што ми дојде токму кај мене И ние сме во план и потрага да земеме кученце, па после овој настан дефинитивно ќе побрзаме.
Никогаш доволно од вакви дождливи ноќи и звукот од капките кои удираат по прозор, додека сум стуткана в кревет и заспивам.
Звуците од капките на дождот, брановите на брегот, тропотот на шепите на кученцето по подот, звукот кој го прават сказалките на часовникот, звуци кои ме потсеќаат на мир и спокој, на бескрајна опуштеност, на сознание дека тоа се случува тука и сега и никој не може да ја уништи убавината на тие моменти на заедништво со себеси, природата, најсаканото Времето, само времето полека изминува, истекува звук по звук на сказалките, само тоа вечно тече и ги врежува тие звуци во вечните спомени за среќа
Од една тема или муабет, заклучивте каков е човекот. После прави ми муабет за солење памет, наметнување етикети, хранење его и способност за објективност.
Сосема се согласувам. Осудувањето е примитивно и некорисно, и од тие причини лично јас се трудам да не судам.