Се разбудив со Funky Town во глава и се осеќав ко во некој психопатски филм затоа што не можев да ја исклучам музиката.
Сакам да кажам и да си се исплачам, барем негде каде што не ме знае никој или само ме знае како Старк... Нема ништо поболно од немоќта... Ти плачи душата, гневна, нервозна итн. Мама не можи да диши веќе, цело време ми се жали, а лекарот директно ми кажа во смисла "се чека денот да умри", дека не е водата повеќе, дека не е ништо, проширен е ракот на сите страни и ги притиска (распаднатите) органи. Ми се плачи оти не можам да и помогнам. Кожа и коски е напраена, да ти се плукнам во живото никој не го заслужува ова. :'(
Жалам Старк Ни еден збор не е утеха за твојата ситуација. Исплачи се слободно, било каде, за момент олеснува. Разговарај со ближните, полесно е кога болката е споделена. Тоа се подмолни, зли болести, не можеме некогаш да помогнеме, не си додавај товар. Доволно е мајкичка да знае дека си до неа и се грижиш за неа. Те гушкам.
Пошо опасно го кркав летово со оставени испити, си реков штом почнеме со семестаров одма фаќам да учам. Полагам во петок сега, еве ме нарачувам фустани од али експрес за нова година, што патем ќе ја славам дома со руска у рака.
Се прашувам каде ви одат душите после изневерување на сопруг /сопруга со дете малечко? Без разлика, и дечко/девојка? Мислам за овие треба да има еден посебен круг во пеколот или во еден од оние на Данте. Има Господ....
Секогаш има за НАДЕЖ! Верувај еј, верувај во Господ. Тука е до вас, ве чува и двете, верувај дека ја чува мама во неговите раце и секоја секунда по малку и враќа живот. Чувстувам како ти е, бидејќи и јас видов личност што се бори со рак. Си го изнагушкав. Слушај ме, гушни ја мама силно. Океј? НИКОЈ НЕ Е ПОГОЛЕМ ОД БОГ! ПОВЕРУВАЈ! ДЛАБОКО ВЕРУВАМ ДЕКА И ДЕНЕС БОГ ЌЕ НАПРАВИ ЧУДО! Верувам дека за брзо ќе напишеш пост за твоето сведоштво. ВЕ САКАМЕ
Конечно се разбудив без да чувствувам нешто повеќе од пријателство кон девојката за која ја направив темата -Геронтофилија- Денес како да ми е пролет. Ја почитувам, ја поддржувам, ќе ми биде пријателка. Беше ужасно и тешко но, не е веќе сѐ така сиво. Еден месец бев на парчиња, денес некое чудо се случи или не знам, но, супер ми е. Форумот е одличен bytheway
Драга, изрази на гадење за 90% од луѓето кои ги познаваш многу повеќе зборуваат за тебе отколку за личноста на која ѝ ги наменуваш и ти се вистински одраз на црнилото кое го носиш со себе...ама не ти е убаво кога ќе ти се каже отворено и јасно, па затоа веќе ми е смешно и те оставам да си стоиш на истото место во животот.
Денес измрзнав надвор 3-4 саати, коските ми се тресеа од студ и кога дојдов дома топличко, се насмеав и во истиот момент почнав да плачам зошто можеби некој нема дом и му студи, или има дом ама нема струја или дрва за греење.
Време е да станам попродуктивна. Од губење на време и потенцијал кој може да биде искористен отупавев. И после кој ми е крив што не сум си ги следела соништата, кога се откажав и од единствената работа што ме исполнуваше..
Ужасно ме нервира кога случајно ќе си препрочитам некое мислење и ќе најдам печатна грешка, а веќе ми прошло времето за редактирање. Боде очи ептен.