И мене ми бодат очи некои постари мислења, но не од аспект на правописот. Сепак, некогаш се навраќам на нив и ги читам, за да се убедам дека проблемите се минливи. Тоа за што сум се нервирала и не сум спиела пред неколку месеци или години... за тоа денес ми е сеедно
Колку си го сакам кучето неверојатна работа и не можам да разберам како да не сакате животни кога ја нудат најискрента, најбезрезервна љубов. Бараат внмание ама враќаат со повеќекратно внимание. Кога ќе му ги видам очињата, како го вртка опавчето и како скока расположен за игра сите непотребни мисли ми исчезнуваат, уживам да си играм и се радуваме обострано еден со друг. Фала ти корона кризиште да не беше ти немаше да сфатам што ми фалело дома, ете едно добро во сета оваа ситуација
Искрено он сам си е крив, да се надоврзам на разговорот, требал да мисли однапред на можните последици, а и сам ја ставил сопругата на профилна, сите да видат. Али како се изврте се...
Ако организмот не ви издржува алкохол, или ако не си ги знаете лимитите, не пијте. Особено па не у јавност кај што може било кој да ве види. Као, скроз гнасно е. Мислам, топ е да се опуштате и журкате и све тоа, али у приватност со ваши луѓе, и на места каде што е нормативно пиењето и места определени за тоа. На места кај што јас ни крива ни дужна ќе видам некој како се клати и повраќа или вреска, НЕ. Казни за ова треба да има. Искрено Нова Година како празник баш поради овој фактор воопшто не ја сакам. Исто така, да додадам, алкохолизираната состојба не е изговор за дејства како изневерување и агресија! Ама ич не ми е гајле кОлКу пИјАн бил некој. За возење под дејство нема ни да зборам. Некој невин да изгуби живот само пошто некоја стока не можела да се контролира, ниту па да се снајде со превоз? Јавен линч за таквите бе, не ми е гајле.
Многу заостаната работа ова со типот и пораките. Сите што уживате во коментирање на таа тема и ја правите попопуларна и сте на страна на типката што постирала, ви посакувам утре и за вашето маже да се читате и гледате на фб и форум и насекаде. Онака, стануваш за на работа, стигнуваш до центар и гледаш огромен билборд со ваша слика и коментари. Една Фросина и за вашите срценца од мажи.
Неодамна налетав на едно мислење/коментар и целосно се опседнав со значењето. Вели: mindful, very intentional, extremely selective Посекако морам да се потсетувам, едноставно понекогаш се случува да дозволам небитни нешта да ми украдат време и спокој. Така да, потсетник: биди крајно селективна со се'! Со кого разговараш и правиш разни занимации, што точно вреди за да разговараш и потрошиш време in the first place, во чиви зборови веруваш, за кого одвојуваш време да му ги ислушаш проблемите, за кого вреди да размислуваш воопшто, како го поминуваш слободното време, кои книги ги читаш, која музика ја слушаш, кои серии и филмови ги гледаш, каква храна внесуваш во себе, колку вежбаш, се растегнуваш, колку медитираш, колку пишуваш во дневник, колку си го пазиш здравјето, и физичко и психичко, едноставно внимавај на што вреди да трошиш од скапоценото време и скапоцениот спокој и скапоцените мисли и скапоцените чувства. Што и да одлучиш дека за тебе е навистина важно и ти помага да бидеш најдобрата верзија што мислиш дека можеш да бидеш, прави го тоа и право го со умисла, со целосна внесеност и уживање!
Таму, во моето срце те пикнав. Те гушнав со него и се смири. Уживај, додека си во него никој ништо не ти можи. Јас ти давам скровиште, ти ми даваш сила.
Замислете ве бара некој а вие го игнорирате и игнорирате. Дали знаете дека можеби токму таа личност има потреба од некој, да го сослуша, да се исплаче.... Ако ве бара значи ви верува. Но,вие упорно ја игнорирате. И ја декларирате како досадна. Не и дигате на телефон, и затварате, и не и се прејавувате. Или и пишувате на чат дека сте зафатени со обврски, со корона-морона. А, личноста поминува низ депресија, анксиозност Добро, барем ќе си знаеме, кој ни е пријател а кој не. Тркалото се врти. Не заборавајте.
Нема ништо поболно од немоќта, да гледаш како се мачи личноста што ја сакаш и да не можеш никако да и помогнеш. Го поминав тоа пред две години откако почина чичо ми со кој живеев и многу го сакав, и тој исто се гушеше.. ослабна скроз, не ни јадеше, што да ти кажувам и сам знаеш како е. Најтешко ми беше кога со солзи ме молеше да му помогнам, а јас морав да му велам дека се е под контрола и дека ќе оздрави. По една година почина и стрина ми, слично како чичо ми, дури телото почна да и се распаѓа.. Гадна болест е. Никој не го заслужува тоа, а тешко е и да се гледа. Да ти ебам болеста глупа. Не знам што да ти кажам, што и да ти кажам не можам да ти помогнам. Имаш моја подршка за се.
Најболно е кога гледаш некој твој како се мачи.И само гледаш! Немоќен си да му помогнеш на било каков начин,а тоа е едниственото нешто што повторно би те кренало на нозе!
Постов го пишувам овде, затоа што во темата за документарци не читаат многу луѓе. Четиво за сите: The Social Dilemma
Кога некој ти се обраќа : Имам проблем А, ти му одговараш : Па, реши го. Сети се, можеби навистина има, можеби му треба човек покрај него.