Не знам зошто некои луѓе немаат ни трошка емпатија во себе. Еве случајот со жена му на говедото што и' пишувал на Фросе. Да кажеш без трошка срам дека не била ништо попаметна од него поради тоа што била бремена пред брак. На нејзино место може да биде вашата сестра, другарка, братучетка... Вака ли ќе им кажете бре? Не знам за вас, ама за мене луѓе без трошка емпатија, ладнокрвни до тој стржепен што може да се каже дека се оперирани од чувствата се лоши луѓе.
Потоа уште не породени бебето не си го виделе салам одма за телефон се држат да објават дека дошло детето на свет... Бебето уште очињата ги нема отворено тие по 100 слики на ден, мајка сум и неможам да разберам навистина... Не сум по социјалните мрежи ФБ одамна немам и не користам а и со 8 месечно бебе немам ни време,но повеќе ништо ни таков еден интимен и приватен момент неможат да го зачуваат за себе мора све да се објави...
Нели? Добро е што се јави истомисленичка. Затоа ние ќе си ги чуваме работите во тајност и приватност.
Мило ми е дека дуолинго ме учи на практични реченици. Знам да кажам дека не одбивам чоколадо, дека сакам пиво и можи дупли десерт. И после дебела ... е дебела.
Сдк свашта ви продаваат без да побарате. На пример ова- ослабела 30 кила после операција на желудник https://zenskimagazin.mk/oslabev-32...skrena-prikazna-na-violinistkata-riana-ramiz- Не пишува дека е текстот платена реклама, ама изгледа како да е. Не би расправала лични приказни ама дали навистина таа жена на сликата не можела поинаку да ослаби 30 кила? И тоа треба да го нормализираме као, сакав да ослабам, си го смалив желудникот
Многу ме нервира неорганизираност, луѓе што не завршуваат обврски на време, промени на план 5 до 12 и исто така кога нема никаков план, ни известување за нешто што треба да се одвива за неколку часа. Ама во државава секој трет вака работи, изгледа ќе треба да се привикнам на ваквиот хаос и да не очекувам организираност тука.
Некои од вас, навистина треба да бидите троа посебични. “Госпо ко давал бради, прво за него една си зел.“
Не можам да сфатам како луѓево гордо кажуваат дека не сакаат пцишта, мачкишта.. Па ги тепам, ги бркам, болест е дома да се чува маче, куче.. Значи, ме фрустрира многу! Не ги сакај, не мора, ама не им праи лошо. Ја сум била будала вегетаријанка шо сум била, лебче што им фрлам итн. Варвари, опрајте се!
Зошто бе ми се смеете што си купив спавача за спиење. Тоа ти е како фустан што си го носиш и во постела. Седете вие со дупнати пижами меѓу нозе, јас сакам да бидам дама и под јорган. Тек една свилена роба кога ќе си ставам одозгора, ќе пукнат душманите. Со коронава за каде да се дотерувам, ако не за во кревет.