Зошто, зошто и ЗОШТО постојат такви родители кои ги оставаат децата од 8 до 14-5 години да викаат, урлаат, се дерат, трчаат, лупаат по порти на полноќ? Добро, освен што не сте ги научиле на култура(многу нормално дека ќе ви бидат некултурни децата кога вие сте бетер), не ги мислите ли што прават тие деца сами доцна во ноќта? Каков пример им давате на нив за воспитување? Кога ќе имаат и они деца исти вакви да бидат невоспитани? Не мислите дека некој треба да спие или да си седи во мир и тишина а не да го слуша пискотот од вашите размазени деца? Или вас ви сметаат па ајде на улица од јутра до сутра нека кршат ретровизори и нека врискаат.
Го гледам си лагнал на грб и спие со рацете во вис и нозета раширени и карлицата залепена на тросед, се сум видела ама во оваа поза не сум го начекала досега Друга ми беше целта на СДК, па еве да кажам, денес запознав толку фина личност што за момент ми ја врати вербата во добрината, во човечноста. Ме потсети по малку на братучетка ми, на деновите во кои постојано дружевме, се контриравме за се нешто и се сакавме како сестри. И се сетив од се во животот најискрено и најдлабоко ми фали да имав сестра, ама не мора да е родена сафтив низ животов. Може личност толку да ни прирасне при срце и да ни мисли добро исто како родена, сестра. Нека биде коментаров за сите кои биле и се дел од моето срце, а во него залужиле место со тоа што биле и се такви какви се
Нели викаат кога ќе се заебеш еднаш втор пат дуваш на ладно, и стварно така е. И време и пари изгубив за ништо.
Си размислувам каков човек сум или во каков сум се претворила... Уствари најверојатно секогаш сум била таква, но сега станувам повеќе свесна за истото. Ладна сум у суштина, сега повеќе од било кога. Имам емоции, ама се е моментално, недоволно и краткотрајно. Спрема сите и се. И не, не е во ред, не може со сите и секогаш да е така. Си се чудам самата на себе како преболев и рамнодушно се понесов со некој кој животот би го дал за мене дури и кога му видов солзи во очите... Кога спрема тој човек сум таква што останало за други...И до кога така? Ваљда некој психолог треба да се позанимава со мене, што знам...
Она кога татко ти нејќе да искочи од превентивна изолација за да си ги дочитал книгите. Оние нејќат у изолација коронирани да седат, овој здрав не можеш да го извадиш. Што ти е перцепција...
Мислев дека IQOS уствари power banks продаваат, според изгледот на уредот, тоа за тутун да ми ти било. Спојлер туга
@1992g да оздравиш и те зимам кај мене да ми готвиш се излигавев по сликите на Фемина Инстаграм, па не е фер вака да правиш ноќе, растур направи во карантинов.
Земам часови по готвење онлајн Воедно на тоа го трошам и времето кога не работам онлајн. Ај утре ќе видиш што ќе направам
Aj таман ПМС како што ме удира... Каква мрза станав во готвење морам и јас нешто да смучкам во кујна не бива вака само да гледам.
Собата ми е во фаза на реновирање и баш вака и јас се чувствувам. Само размислувам што каде ќе стои, како некое долгоочекувано бебе ми е.
Брат ми се запиша средно кај шо учеше другарка ми. И зборавме со неа на телефон и прашва шо час имал брат ми. Ѝ кажвам. Вика "омг ја обожавав таа професорка", па ја однесов кај брат ми, на спикер за да слуша, мјутната за да не збора и така заедно на час си седеа.
Сдк ова: Не знам како, ама знаев дека тоа не сакам да бидам јас во иднина. И сѐ ќе направам да остани така.
Мислев дека имам другарки и ќе се јават да прашат како помина операцијата на татко ми. И не, не се јави ниту една. А мене ме воспитале да се јавам или макар пишам што се случило ако не дај Боже има некој како и да било случај. Некого грешно го воспитале. Ме пукна сестра ми со внуката, знам дека и е ќеф, ама на секое ни праќа видеа, слики од неа,секој ден, буквално по минимум 5 слики и неколку видеа. Денес и реков да каже нешто друго покрај тоа. Дека е досадна. Едноставно, ми треба сестра шо ќе ме гушни и мене и ќе мњ праша дали е се ок,како се јас проживувам операција, отказ и сл. А, внуката си ја сакам најмногу нс свет и тета и купи стегачиња најубави и само си ја слика и гушка.
Онака само сакам да си кажам по некоја небитна мала работа, пошто кај и да отворам се критики, одбивност, кавги, расправии и навреди. Јас не возам, на работа одам со 2 колешки заедно со такси, се враќам со такси, мрза сум навистина и секаде се движам со такси. Кога се прави муабет, обично таксистите ги споредуваме со досада или муабет од типот денес времето катастрофа, умревме од жешково или ладно е ќе поцркаме, или испотени мишки и смрдеа и простотилук, или непочитување во сообраќај и многу пцовки, ама јас имам сосема спротивно мислење и мене некогаш, кога имам лош ден, муабетот со таксист ми е и најдоброто нешто што ми се случило тој ден. Си правиме муабет тотално за се.Од корона, до политика, плати, хирургија, географија, наука и религија, книжевност, филмови, време, култура, решаваме теории на заговор, планови паѓаат за бизниси, па вицеви, па плачки од сметките и минималната и јас стварно се забавувам со овие луѓе. Нека биде ова еден поздрав до сите чичко такси возачи и поддршка за нив, никако не се досадни ни смрдени ни обични, сосема голема спротивност се. Еден глуп пост кој сигурно никогаш никој никаде не би го пишал, забава со такси возачи ха ха. Ама ете, не можеш да контролираш што осеќаш и мислиш. Да можев, место глупиов муабет, ќе смислев вакцина за ковид, барем нешто добро ќе излезеше од мојот мозок полн со глупости.