Сдк ако не седнам уште вечер да учам ќе се заколам. Сеа гледам ја зашто сите студенти учеле ко дупнати и биле и под стрес и у несвест паѓале.. 30 страни во саат време предаваат Мора да се загрее столон
Не ја разбирам споредбава искрено. Цената на знаењето и искуството кои се стекнуваат на факултет се споредува со цените на Netfilx и Disney....ајде Youtube е подруго. Ко така, ајде сите да се претплатиме и да добиеме дипломи без факултет
Поентата е дека повеќето факултети ја следат наставата онлајн и плаќаме по 200-400 евра за да седиме пред монитор, да не ги користиме просторите. Проблемот е што не може да се намали школарината (привремено) или па дополнителните давачки што не тераат да ги плаќаме, а да не зборам за приватните факултети.
Не знам дали е до мене али невоспитана продавачка или аптекарка или шоидае може скроз да ме извади од такт. Значи скроз. Ништо, ама ништо нема да ги кошта некои само да се понашаат нормално, зборам за the bare fucking minimum на работа. Не барам ни комплименти, ни дополнителни услуги, не барам ни здраво/пријатно дури (шо според мене треба да биде задолжително али ај) барам само одредени да не ми шират негатива и плус да се фаќаат за рандом небитни глупости со кои само додаваат на гужвата која најчесто ја има како и да е. Као у реду е сестро у Македонија живееме и ние, сите имаме причина да се понашаме ко несоцијализирани гуски али guess what, бираме да не го праиме тоа и исто така бираме да сме коректни со луѓе шо се коректни со нас и не ни згрешиле ништо. И тоа све едни исти се шо се понашаат ко неебени цееел живот како што ги знам. Фацата им е таква никаква станата од што се негативни. Толку сум petty што чекав ред десет минути и на крај кога требаше да бидам услужена ќе си отидев ради една ваква. А си има фини жени кои ги обожавам иако не ги знам, значи кралици си се и зрачат. Минатиот понеделник ме услужи една таква во радом збутана и стара маалска продавничка, и еве уште се сеќавам на колку беше фина со мене. И од таму ќе си купувам кашкавал и леб од сеа. А некои места ги избегавам скроз ради одредени госпожи што кога ќе ме погледнат ко отров да ми фрлаат се осеќам, а не па кога ќе ми прозборат со тоа арогантниот тон. Сеа приметувам колкав пост сум напишала само за фрустрации предизвикани од учеснички во трговската и услужна дејност али God damn ептен мразам кога вака нешто ќе ми го скрши вајбот.
Сакам да кажам дека денес, 20/10/2020, јас - theowndemon конечно научив како ефективно да откачам досаден маж кој не сфаќа дека е досаден. Beat them at their own game that is. Pro tip: враќајте му на сите пораки со ''lmao'' и по потреба копирајте неговите реченици каде што има простор и само менвајте пол. Ефективност: 87%. Во живот се немам смеено како разговоров кој го водеше дотичниот од вчера вечер до сега. Сам го водеше пошто јас или враќав ''lmao'' или копирав негова реченица. Се откажа. Победив. И следно. Во голема дилема сум. Имам текст за довршвање за до утре, а во исто време мојата омилена јутуберка има ново видео: Цел ден прокастинирам ама шо е уште пол сат ... така? Така?
Сакам повторно сите да бидеме насмеани. Сакам татко ми да се врати што побрзо од болница,а не да не можам да го видам со месеци ради Коронава Сакам сите да се собереме заедно на ручек. Сакам да ме гушни некој и да ми кажи дека се ќе биде во најдобар ред. Сакам некој да ми ги избрише солзите што моментално ми се лизгаат неконтролирано.
Деновиве случајно заприметувам некои ликови по социјалниве мрежи ко сите по еден ист калап да се праени. Шовинисти, жено-мразачи, против абортус, хомофоби, расисти, подражувачи на Трамп, со изјави од типот жена е за во кујна или жени со изјави од типот сама си го барала, ширачи на теории на заговор и последно додадено на листата не веруваат во корона. Луѓе, тоа се е соберено у една особа и се чудам и чудам како може да живеат така, мислам...како? Како им работи тој мозок, ако го имаат, па и не се еден и двајца, не се само кај нас, цел свет е полн вакви амеби. Што не не фати некој вирус стварно што напаѓа глупав народ барем да ги истребеше. И тоа најчесто дотичната особа ги поседува сите овие умствени карактеристики, како да одат у пакет, се си мислам тоа е така програмирано, пр ако си расист ќе бидеш и се друго од наведеното. Сретнав прееска еден на инста билдер, целиот со тетоважи, постира мемиња навредливи за жените, навредливи за геј луѓе, во опис му стои против абортус, мажите биле господари на жените, се смее на луѓето што носат маски и нај трагично, има 10 милиони следачи, факинг 10 милиони кои се како него, што му се диват. Жими се не можам, некој ден ќе лежам затвор за некој ваков/а, осеќам.
Мојот хајлајт на денот беше кога една нова колешка, која не знае ни македонски ни англиски, кога ја прашав колку години има, мртва ладна ми рече - "280" ..
Значиии.... сакам да одам на забава ,на журка кај што целосно ќе откачам , дури и ќе денцам и на турбо фолк ако треба ,ќе тресам ци**и ако треба и на кад би бијо рањен , ќе пиам и пиво ,вино,виски ,морее коктел од сево ова ќе пијам , само аман ова лудило да заврши Ми се журка ми се плаче ,ми се прави забава како во проџект икс ,сакам да гледам насмеани лица околу мене што зрачат со позитивна енергија ...и итн Бар да знам до кој датум ќе трае лудилово за да се спремам психички да издржам
Некогаш одам на работа со последни сили, не ми се работи,ми се спие... Самото место прави чуда,веднаш се преобразувам, исполнета сум со енергија, позитива ми се работи. Едноставно е.
До сите кои се осеќаат изгубено и осамено, тажно и разочарано, како ништо да не им оди во животот: I want you to know, we're in this together. We can do this.
Членови на тимот на форум фемина ме исклучија од темата 'Животот и здравјето по прележување на вирусот'. Секоја чест. Јованке дај по една медаља за вија децата тука. Многу деца се родени по грешка затоа што на некој му се дупнал кондомот. Пазете некоја маска што ја носите по 2 месеци да не има дупка, штетно е по здравјето