Треба да се забрани глупи луѓе деца да прават, треба психолошка проценка пред да се дозволи на некој да биде родител. За жал паметот го наследуваш, ако има што да наследиш. Цела нова генерација на глупи деца се создава, ми се блуе од светов моментално.
Сдк дека многу сум благодарна на луѓе кои ме расположуваат и одржуваат во некоја нормалност при сево ова. Мислам дека таквите кои се покрај мене за време лудилово, вредат за сите времиња.
Секогаш имаме мудри совети за други личности и секогаш знаеме што е најправилно, најдобро и најморално. Кога ќе дојде ред сами себе си да се советуваме, каде е таа мудра личност, зошто сме проклето припрости и слепи?
Жал ми е за девојки што мислат дека треба да му бидат поддршка, утеха и рамо за плачење на дечкото зашто во спротивно он ќе бил што знам, ѓубре, уништен психички, психопат... Ако тргнало натака, поарно остај... Може да почитува и да сака девојка и пак да има осет колку ги замара другите со своите проблеми. Ако сака, се разбира.
Компјутери нема за ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА,нивните Дечиња нека останат НЕПИСМЕНИ што имљ врска,ама за лоповите на ВЛАСТ има од по 1000 евра ЛАПТОПИ,алал да ви е,ама МАЛЦЕ Е ЗА ОВОЈ НАРОД,НАРЕДНИ ИЗБОРИ ПАК СДС ДА ГИ ГЛАСАТЕ,не се секирајте Зајко со КАНАБИС КЕ ВЕ ЛЕЧИ.
Чудо е светов како постои Ама па со умен народ тешко се владее, никому не му треба умно и информирано граѓанство
Во контекст на муабетот погоре, глупавиот не е свесен дека е глупав. Лошото е што, обично, глупоста е придружена и со претерана арогантност, дрскост и затворен ум.
Сакам да му посакам топло добредојде на мојот прв паничен напад за оваа 2020 год. Дојди повели, седни, дрмајме со истите симптоми, браво, браво. Само мисли дека ќе останеш долго. Ти спремам едно сиктер кафенце. ММЕ.
Слика за ефектот од маската и колку луѓе се заштитија со тоа што ја носат има? Абе дечки Лејди Гага одржа настап на VMA's каде пееше со маска на неа, десетици танчери играа со маски на нив, веќе луѓе почнаа да проектираат креативност со тоа какви се маски може да си направите, која од која поуникатна, модниве куќи веќе си направија нов тренд, си инкорпорираа маска во секоја комбинација. Цел живот пола моја фамилија носи маски на работа, ниту се пожалила, ниту пак некој еве видов да не може да си каже што се му тежи на душа, ниту некој развил некоја болештина со недостаток на кислород, ниту пак во светов има медицински текст, студија или шо и да е за штетноста за носење маски, а одредени бранши ги носат цел работен век. И не само доктори, во фабрики со различни хемикалии кога се работи, во козметички салони за да не се вдишува акрилатот, еден куп работници ТРЕБА и ПОДОБРО е да носат, неголи директно да вдишуваат канцероген материјал. Ама не, мора да се најде одредена популација што мисли дека некој сака свесно да ве заќути или да ви направи некаква штета. Крај краева ја сум луѓево што не сакаат, да не носат. Ама ако ги стегне болештина тогаш да не идат по болници да се лечат. Пошто не е фер ваму да трошиш време и енергија за да дискредитираш нешто, а после тоа да се лупнеш на ургентно каде си ходајуча зараза и треба да те лечи човек кој МОРА да носи маска. Смешно е некој толку да се труди да оцрни парче материјал кое единствена намена има да ве заштити. И нема апсолутно никаква, ама баш никаква контраиндикација од носење на истата.
Ова го прочитав на ФБ, колку е вистина не знам но не боли да се провери "Драги пријатели, Компанијата “ЕНКИДУ ЛОГИСТИК” ја известува јавноста дека за деца од 6 до 12 год со еден починат родител, разведени родители и посвоени деца, родителите што не се во можност да обезбедат средства за онлајн настава, компанијата ќе ги покрие трошоците за компјутерска технологија(таблети). За сите подетални информации: +389 75 843 887"