Ќе му накалемат корона сега, посмртно како и на сите досегашни пост мортем земени брисови. Нека почива у мир.
Исто и во странство е. Во 2020 година само од корона се умира. Едит: Како бе тоа и Васил Ангов починал од компликации од корона???
Она што сме го гледале на филмовите стана реалност. Овој период "запознав" одново некои луѓе чие што образование, успех и титули се дијаметрално спротивни од имање морал, етика и човечност. Од една страна богати без покритие (да да, без разлика колку вреди со знаење од некоја област твојот ум, ако размислуваш праволиниски кога човештината е во прашање, онда си без покритие), кои ги имаат сите начини на располагање за да преживеат и од друга страна луѓе кои не можат ни да се теститаат зошто или нема термин или за жал немаат пари. Короно, фала ти што очи отвараш...
Баш во една книга го читав ова. Директно пишуваше дека глупите луѓе не разбираат што им зборуваш, нив само им е битно да се тие во право и за да го докажат тоа го повишуваат тонот. Исто така пишуваше дека според некои научни анализи од 100 луѓе вреди само со 1 да влезеш во кавга, т.е со тој што има мозок. Жално, но вистинито.
Сепак бил позитивен. Абе не знам што е ова. Искрено, се ми е сомнително ова. Некој со куп хронични болести и го ставаат од Корона.
Што знам. Колку е убава есента. Мислам до толку е убава што се одлучив за многу храбар чекор. Се надевам на мир во светот.
Фала богу што постои youtube, да не беше тој тешко дека ќе положев одредени испити. Имам чувство дека професорите на факс она што го предаваат го предаваат дупло посложено отколку што навистина е.
Од минатата сабота си забранив посетување на форумов. Почуствував дека ме прави особено недисциплинирана околу начинот на користење на времето така што ме вовлекуваше во некорисни дискусии, а тоа ми сметаше. Имам толку многу нешта за правење кои се далеку покорисни за мене, не смеам да си дозволувам краткото време да го трошам на небитни нешта. Се исфилтрирав недела дена и мислите си ги вратив на прав пат. Се' е океј.
На почеток на врска, на сред пандемија, разгледувам какви ресторани за свадби има во неговиот град. Океј, сама ќе си закажам психолог.
Што се праи коа ти си добар со некој а он е у однос топло-ладно Да му купам едно ќебе цело време да му е топло. Ме нервира
Факт: Никој на светов не може да ми го погоди кафето така како што можам сама. Важи и за други нешта во животов. Најчесто, човек самиот знае што најмногу му треба и како да го добие тоа...
Ја обожавам колку на саркастичен начин и преку шала ги пушта недостатоците во општеството да испливат на површина. Има напишано дека во ,,скечовите” не се работи за нејзин личен став, туку за туѓи ставови и се разбира - стереотипи.
Ми се смачи од пандемијава најсериозно. Црна хроника,лоши вести, страв,трепет,паника,солзи,лелеци. Усни замолчени, контрола врз човешството,загуби, сиромаштија, глад. И мислите дека некој сфатил? Или можеби светот спие. Кој сака да живее во траума и депресија,анкциозност? Кој сака секој ден да чита за донации за други болести? Кој?! Има ли таков?!
Добро бе ќе научам ли еднаш дека се е од корист во денешно време. Дека денес едни се со тебе а др ден на друга страна...