Јас и мојата мајка сме небо и земја. Многу сме различни, во сѐ. Кога се купува накит и во тој поглед сме. Таа сака камења видливи со голо око,јас спротивно од тоа. Едно е да купам прстен по мој вкус,а друго е кога друг ќе ми купи и така ќе ми стои,во кутија. Не сум ни љубител на накит. Не знам како да објаснам дека не сакам големи камења,смагард,дијаминти,бисери.... Мамо многу те сакам,но различни вкусови имаме. Сори.
Значи по неписмени аптекарки од Македонијава нема. И викам дај ми Леа бел прозивод. Она ме убедува ми дава жолт. На природна база бил ова она. Значи кога ти викам Бел значи Бел. Шо не е јасно?
Тоа не значи дека е неспимена, а уште помалку е показател дека понеписмени аптекарки од Македонија немало. Можеби тоа и е работа, а ти треба само да кажеш 'Ви благодарам, сепак се одлучив/ ќе купам Леа бел производ'. Ти аптекарките, на @GirlLove се и смета па денеска и пази! 'Скопјаништата'. Бидете љубезни кон сите. Така ќе бидете и вие лично посреќни и поисполнети.
Најљубезно и најчовечки побарав. Не бев нападна ниту ништо. На читање можда делува дрско, али у реален живот со смирена интонација на говор и се обратив. Сепак ти благодарам на непотребните твои совети. За цитираново.. Со душа го чекам тој ден кадешто ќе ми се вратат сите љубезности и убавини што ги иам дадено.
Не мора да значи дека некогаш ќе ти се вратат. Посебно ако ги правиш и очекуваш да ти се вратат нема никогаш да ти се вратат.
СДК нема боље супа од бабина супа. Која е таа чаробност. Лек за душа, лек за здравје. Позади тие дланки полни со набори, се ослободува сета љубов и мудрост во состојките на супата. Еве ми ја, на мисли, мечтаам за таа супа. Што ли е тајната?!
Што па мене ме означуваш? Ми дошле некогаш преку глава и така сум ги нарекла и што? И како тоа се ми смета? Дали тебе некој воопшто те означувал за вакви рекла казала муабети? Значи да бидеме реални, газдите ги тераат секогаш најпрво да го понудат поскапиот производ, па потоа остало. Не знам што е муабетот со @edna_malecka еве ќе дочитам, значи можно е да имаат премногу на залихс па не им се трошат и гк напнаат газдите да продаваат одреден производ. Верувај, ми се случувало и мене. Не секогаш е до нив
Па, нивно е да понудат, бидејќи и нив ги снимаат што зборат при работа и тоа им се бара, да ги кажат сите производи, повеќе да понудат, па ти одлучи си. Културно е да одбиеш чим не сакаш и готово. Бев сведок во аптека на пракса колку неблагодарни и нељубезни пациенти има, си реков јака им душа на луѓево, секоја чест на трпението. Една од најпотценетите професии во нашата држава дефинитивно.
Па,баш тоа што ти понудила друга варијанта го докажува спротивното. Не се нервирај за џабе.Ако пак се случи истото и не ти одговара тоа,фино одбиј ја и готово.
Мора да сум мазохист што сеуште ја отворам темата за корона на форумов, од март наваму повеќе пати ми создадава анксиозни напади ме турка во неубаво расположение, а ја читам за као да добијам впечаток помеѓу луѓево како е ситуацијата реално и не медиумски филтрирано. Ама редовно ми поредизвикува тахикардија и црни мисли. И сама сум си крива што читам таму кој стигне што ќе напише. Можеби и ќе паузирам некое време од форумов за да си го заштитам менталното здравје.
Некогаш се осеќам многу како Karen ама за џабе полиција не постои. Немаше да постои ако можевме без неа.
Како бе да не се стопиш... Те фаќа мало дете за раче од чиста мира, и го прашуваш, зошто ме фати за раче? -Затоа што се сакаме. Абе ќе ја изедам, пуфле едно мекано
Толку се преморив денес од обврски, од трчај наваму, трчај натаму, ама кога те видов тебе се што ми натежна денес заборавив колку ме умори, душа си ми, најмило си ми, иако и ти ме дотепа од умор, ама убаво се забавуваме
Еднаш не толку одамна, во не толку далечната 1998 Архангел ја извадоја песната која ја опишува македоња од а до ш. Мислам дека нема човек во вукојебинава вака што не се осеќа. пат во Европа провинциска слава со см'кнати гаќи и опинок во глава Дремеж и досада посилни од дрога baby купен мир и тишина пострашни од војна, may be Ко да не сум одовде не, јас никому не припаѓам стојам отстрана и посматрам и во ништо повеќе не верувам Ѕид од празни зборови меѓу нас и она што е суштина Чекам истрел да те разбуди Чекам истрел кој ќе пресуди 2020 дојде, ништо не се сменило. И нема да се смени нажалост.