Секојдневно вработени во маркети, аптеки, бутици, кафулиња итн. трпат безобразни муштерии и не смеат еден збор да им кажат на нивните безобразлуци и дури се насмевнуваат за да не им кажат тоа што го заслужуваат бидејќи не смеат.. да работиш со луѓе е најтешко, најголем респект за нив и нивната трпеливост!
Живеам скоро до центарот на градот... Вода нема скоро секој четврт ден! Не е толку критично за пиење, колку за одржување лична хигиена. Буквално е чувството како да живееме во доба на бунари и природна суша. Дали е ова нормално луѓе? Не треба да се молчи, мора побуна! Нас не треба да не интересира дали се цевките расипани или постои некаков проблем од техничка природа бидејќи водата чесно ја плаќаме и имаме право да ја користиме во секој период од денот. Едно е кога квар се случува шест до седум пати годишно, а сосем друго кога секој трет ебен ден перзистира овој проблем. Истото важи и за струјата. На пример низ мојата улица каде живеам ноќните светилки не работат секоја ноќ после 20 часот. Не е премногу фреквентна улицата, но има луѓе кои работат втора смена и се враќаат подоцна навечер. Воедно има деца кои минуваат, и на кои глутница гладни ослабени кучиња се спремни да ги каснат во секое време. Каде ние тоа живееме? Не ми одговарајте, го знам одговорот на се, само сакав да напишам некаде бидејќи стварно состојбата е загрижувачка. Особено затоа што се наоѓаме сред пандемиски ек во кој немање вода е еднакво пропорционално на Афричка колера.
15 заболени на ден - седиме дома 630 заболени на ден - задолжително физичко присуство на факултет. Ај ќе си преќутам..
Внуката ми заспа в раце, си ја бакнував цело време на главчето... Срцка на тета. Чудно ми е како јас цела анксиозна и потресена, така да ми заспие. Млекце топло се напи и дадов поседивме и си заспа.
Отсекогаш сум сакал естетски прикладни фотографии за декстоп позадини. Истите најчесто сум ги менувал во зависно од расположението, моменталниот интерест или годишната сезоната. Сега, правев токму таква промена и пажливо ги бирав и пребарував есенските фотографии за да ми биде позадината прикладна со сликата од прозор. Потрошив некој пола час пребарувајќи на различни веб страни за позадина и го збогатив фолдерот од лани за уште некои десетина нови фотографии. Ги сменив на автоматско рандом менување како што правам секогаш и уживам во нивното вртење. Тематски највеќе изобилуваат шуми, некои од нив aerial view затоа што ги обожавав таквите фотографии, а сега за прв пат додадов покрај стандардните со жолти лисја и некои со тиквички. Некои од нив дури имаа и локација од каде се сликани, па потрошив време и на еден срч на гугл да дознаам повеќе за местата и убавината која ја кријат. Се повеќе ме забезекнува и фактот што дојде време каде повеќето од фотографиите се наменети за мобилните телефони, со таква резолуција, а не за десктоп. Некако како сите да се префрлија за daily користење на тие мали екрани, а големите претежно се користат за работа. Не сум ни јас исклучок од овој тренд па може истото треба да почнам да го применувам и таму, а не една позадина да ми стои статична со години. А, сега, веќе кога го најдов внатрешниот мир и ги средив позадините, уште да се фрлам на работата и да ја средам и неа.
3 години поминаа од како те изгубивме тато 3 проклети години . Многу работи се случија но без тебе ништо нема вкус ни значење никогаш нема ни да има. Со секој ден поминат болката е поголема не се намалува твоето отсуство толку боли што моето тело едвај ја издржува таја болка . Бескрајно ми недостигаш тато 3 проклети години не сум се насмеала од срце и неможам тебе те нема . Врати се тато те молам неможам да дишам од болка... Те сакам тато
Жена - забранет, нечист збор маж - нема проблем, слободно може да се користи Е, тоа е новата мизогинија
^Се согласувам, не треба да се брише.Треба да си стојат сите мислења и убаво да се чита и да стане јасно што се и кои се дезинформациите кои толку брзо се шират по интернет и лековерни луѓе веднаш веруваат во нив.
Сакам некаде на море... или на планина, сеедно ми е овојпат. Обично не обожавам да патувам премногу ама овојпат сакам некаде подалеку од градов.
Мислам дека подобро ќе биде задолжително да е давање крвна плазма кај лица кои прележале ковид, а не да се моли по статуси
Покажи ми документ со име презиме матичен број на кој пишува смрт од корона, заболен од корона и ќе ти дадам линк.