И јас би реагирала како него. Некој да те плукне, сигурно ќе имаш одбранбен механизам и ќе станеш ќе ја потурнеш, мислам дека на крајот намерно паѓа толку драматично. Не ми менува тоа што е жена ич
Едни се опседнати со мазохизам, па не носат маски. Воедно истите се и садисти, зашто уво не ги боли за туѓата болка и страв. Други и во ова време најбитно им е да докажат дека ВМРО/СДСМ му мисли најдобро на народот. Трети си прават пресмешки од дневниот биланс на заболени, починати и активни случаи на заболени. Четврти почнуваат да го искажуваат гневот, бесот, огорченоста или што и да е тоа што ги натерало, преку наштетување на невини животинки на изопачено грозни начини кои искрено ме стресуваат во секоја клетка. Слободно може да се каже дека после годинава посетувањето психолог/психијатар треба да стане задолжително и казниво ако не се испочитува. За СИТЕ!!
Па најјако ми е кога ќе ме прашаат: “А ти тажна ќе бидеш?!” Не бе,ќе идам на едно дрво ќе бројам самовили.
Кај видов за кучето сега пред спиење како се нанервирав, добро бре не можам, ама не можам да сфатам и никогаш нема да заборавам покрај ова и кога му ставија петарда на нилскиот коњ во золошка и низа вакви горозморни настани. Леле да ми се погоди да видам некој на дело вакво нешто да прави, ах нема да знае што го начекало, има да научи еднаш засекогаш како се почитува животно и неговиот живот, не мора да го засака само да научи. Страшно значи, ги земаат да ги чуваат не им чинат, ги фрлаат на улица. На улица гладни и малтретирани до стапен на предизвикување на нивна смрт. Не знам што да пишам повеќе да не се нанервирам дополнително
За оние кои НЕ знаат што значи да се биде на РЕСПИРАТОР. За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет. Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас. Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома. После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40% од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации. Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации. За разлика пак од респираторната машина, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат,се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи. Респиратор или маска? ТИ ОДБИРАШ ШТО ЌЕ НОСИШ. Поздрав и секое добро! Преземено од фејсбук .