Едвај чекам да дојде времето кога ќе се врати „Женски форум фемина“ на врвот на категориите на почетната страна на форумот, a Коронавирус да се врати доле зашто ќе е небитна тема.
Ништо против луѓе што се gym addicts и нон стоп зборат за тоа, уште (дел од вас де) да не се потсмевате со некој што вежба дома, без разлика дали од што така сака или не може да си дозволи теретана. Лани сакав да се запишам во теретана ама одлучив да купам неколку ластици и тегчиња и да вежбам дома зашто поудобно ми е. Па март месец кога сѐ се затвори, се фатив сериозно. И после 6 месеци имам бајаги резултати, дури и со мали тежини, најголем дел од вежбите со тек на време научив да ги правам правилно, кондицијата доста ми се подобри и општо многу подобро се осеќам. И се наоѓа тука некој што само зашто немам некој си голем гз или видливи стомачни да ми се смее оти моето не било вежбање, само заебавање и оти дома нема шанси било што да постигнам и никогаш нема да имам некое згодно тело како некоја во теретана што вежба. У реду...не ми е целта тело ко Шварценегер да имам па не ни ми требаат големи тежини кои се патем предноста во теретаната. Ако не знаеш како да вежбаш и теретана ти е џабе. Ако имаш убав план, мотивација и вежбаш правилно и дома ќе постигнеш. И под тоа да постигнеш не мислам стриктно дека мора големи мускули да имаш, туку да имаш општо видливи резултати и подобрување на балансот и кондицијата. Не си пострастен вежбач ако креваш тегови во теретана од некој што (правилно) вежба пилатес.
Денеска прочитав многу убава мисла: Оние што те одвраќаат од твоите соништа, веќе се откажале од нивните. Најмногу мразам да ме обесхрабруваат уште пред да сум се обидела. Оставете ме да се обидам, па ако направам грешка ќе си се носам со последиците.
Ми излегува на инста промотивна цена за шминка за табло. И ми текна дека дојде ноември и сега започнува периодот за сликање. А како вчера да беше кога јас мислев што како а поминала скоро година. Зошто бе волку брзо поминува времето?
Многу чудна личност сум. Го обожавам Мистер Бин, ама секогаш кога го гледам имам измешани чувства. И се смеам и ми се приплакува од време на време кога ќе видам дека сегде е сам. Оф, тешко е да се објасни моево мозоче.
СДК еден дечко ми го направи денот.Волкава со стомак, ме прашува колку години сум.А јас па му викам дека сум стара и не смее да прашува.Младчот се заќути и засрамиЈас му реков дека сум 36 години и имам едно дете и едно на пат.А тој остана Ми вели мислев дека си максимум 25 Бев и 25 Ама многу добро сум изгледала за годините Младост лудост , си мисли човек на 20 години дека тие на 35 се стари , а се во најубавите години
Многу ме нервира кога ќе влезам во такси и возачот ме труе со цигариња цел пат . А сепак ништо не кажувам зошто не сакам да влагам во конфликти...
Најубави години не се оние што поминале. Најубавите години се тие што ги живеам сега. И оние што допрва доаѓаат.
Леле колку те разбирам.. Порано редовно се возев со такси и јас им кажував смирено дека би сакала да го изгаснат цигарот бидејќи навистина многу ми смета. Подобро да им кажам одколку да паѓам во несвест позади 10 мин или да им кашлам. Ама пак џабе е кога цела кола труе на чад..тоа само ние непушачиве можеме да го осетиме. Фала Богу веќе не се возам со такси, нека си пушат колку им душа сака сега.
Едното не го исклучува другото. Само сега стана преочигледно дека оддалечувањето од човечкото достигнува нова кулминација. Мирно е додека свесноста за распаѓањето се турка под тепих, додека не не' удри во фаца на најсуровиот начин.
Наидов на една статија на интернет која ми го сврти вниманието, не знам дали позитивно или негативно. Па да ја споделам. Одвратни работи кои потајно сите ги правиме 1. Сечење на нокти со грицкалица и притоа ич не ни е гајле ако летне некој, некаде. 2. Вадење на влакна од задникот, при туширање. 3. Користење на шминка купена пред 10 години. 4. Се чувствуваш гордо кога ќе распукаш гласен прдеж. 5. Ждригање погласно од маж. 6. Гледање во шолјата при олеснување и вчудоневидување поради големината на твојот производ. 7. Вадење на чудни, прашкасти материи од пупак. 8. Греење на дланките во внатрешноста на градникот. 9. Чешање на скалпот и вадење на мртва кожа од под нокти. 10. Користење на дезодоранс и парфем, наместо туширање. 11. Ставање на нова шминка, врз старата, поради мрзата која преовладува за вадење од претходната вечер. 12. Мирисање на пазувите и вчудоневидување од миризбата. 13. Отстранување на поткожни влакна. 14. Чешкање на влакната од брада. 15. Стискање на акна која експресно го погодува огледалото. 16. Мирисање на сопствените гасови. 17. Уринирање во туш кабина, када. 18. Користење на вртена тоалетна, наместо улошка. 19. Јадење на падната храна од подот, 5 секунди правило. 20. Уживање пред телевизорот со рацете пикнати в'гаќи. 21. Вадење на гнасотии од под нокти. 22. Носење на истиот градник со денови. 23. Мирисање на алиштата од вчера и сфаќаш дека можеш да ги носиш и денес. 24. Лупење на лакот за нокти. 25. Користење на шампон за суво миење на коса со денови, наместо да се избањаш. 26. Пронаоѓање на остатоци од храна во градникот, а понекогаш и мцкање на истите. Превземено од Базфид. Па, дали е вистина сето ова, јас се пронајдов во скоро сите точки. Изгледа жените се исто така одвратни како и мажите, само знаеме сето тоа добро да го скриеме, бидејќи ние сме дами, принцези