оООО само вода гледам пред очи.... Мисламм на море , на езеро ма и река нека е .... Хахаха ајде љубов на тебе се чека да си дојдеш и да заминеме некаде... Некаде сами јас и ти , да уживаме , да се капеме , едноставно на ништо да не мислиме.... Само на мене и на тебе.... Едвај чекам да отидам некаде макар и на 5 дена...
Одамна не бев разгледувала свадбени фотографии. Можеби ќе беше подобро и ич да не почнев повторно да разгледувам. Не ми се верува на што наидов. Всушност, фотографијата беше прилично нормална освен... Младоженецот во раката имаше пиштол на дијаболи, пушеше цигара и носеше едни смешни очила за сонце. Уште појако, имаше една ретардирана „јас сум мафијаш, кој си бе ти“ насмевка. Сељак и пол. Не бре, сељак и три четвртини. За малку не умрев кога го видов.
Сакам да кажам дека темата Модни критики оди од контекст. Така се запознавало личности. Па каде е фората да се ракуваме, да си кажеме здраво и да се запознаеме. Ауффф ми се смачи, се навредувате меѓу себе. Ок сфатив, долго сте тука, се правите јаки. Или форумов ви е втор дом. Не дај боже да стави некој нешто убаво одма конкуренција како кокошки се тепате. Не е убаво, лошо е, не дај боже мислење да пишеш. Еј СТОП! Што се замислувате бе, манекенки? Па манекенките не се занимаваат со форуми, има каде да се биде манекенка. Желни за внимание? Ц ц ц што се не ќе прочитам. Како преку облека го проценувате човекот и по начинот на пишување??? Абе овој нет ви го испра мозокот. Без право на демократско мислење ( не дај боже), одма си ваков си таков си. А нели е Модни критики треба да се преобразува во друг наслов. Ок, сфатив вие сите си имате моден креатор дома па сега се фалите колку сте јаки. Абе надвор фалете се не по форуми и онака е скриена темата ниеден гостин не ве гледа. Ја сфативте суштината на Модни критики, тоа е да кажете дали е убаво или не, да си искажете свое мислење. Имате право, а не да се кубете и да се навредувате. Се надминавте себе си. Дефинитивно. Ова е мое мислење, демократско и мое право, ако некој се пронаоѓа и се навреди негов проблем, јас немав намера да наврадам никого, туку да си искажам револт од кој го добивам таму. Никој не е должен да ве трпи колку сте хистерични и себични. 90% од форумов ја вади дволичноста од себе.
Не,зборовите радосен и среќен за мене немаат исто значење. Кога си радосен тоа доаѓа од внатре,блика и носи се пред се себе.Нема нешто што ќе го угаси тоа чувство.И нема врска со материјалниот свет. А кога си среќен,тоа ви е е резултат на некои надворешни влијанија.На пример,внимание или успешен шопинг. Најдобро е кога би можеле двете чувства да се искомбинираат.
Ти матурантка беше годинава, а со среќа, сега кај ќе се запишуваш ? (смајли што се фрла од Empire State Building ) Скопје или Штип? информатика, економски, филолошки .. Ех економисти имаш колку сакаш. И што ќе ти е јазик сите тоа завршуваат, многу е лесно. Информатика? - тежок е тој факултет за тебе, дали ќе го завршиш? Имало многу завршено и што сега? Овој факултет недостапен е за други? Запиши се и биди подобар од сите други, така нема да биде битно колку завршиле. А чекај бе што имаш ти завршено и кој успех си го постигнал во животот да ми кажуваш мене што треба јас да правам. Е значи колку ме нервираат вакви луѓе, се тие знаат најдобро, што треба и како треба. Немојте погрешно да ме сфатите, секое мислење ми е добредојдено ама од некој што успеал во живовот, има искуство со ова и знае да даде совет а не да ми кажува дали било тешко за мене. А вие што факултет сте завршиле по кафаните и обложувалниците, не фала. Треба да се решам за најголемата одлука во животов, ми треба помош да одберам и поддршка, а не некој кој се сомнева во мене. Кога ќе одлучам сите ќе знаете, а до тогаш ако немате корисен совет оставете ме да поуживам додека можам, празниве муабети со некој друг правете си ги. А тоа дали јас сум способна или не за нешто вас нека не ве засега.
Си ги слушам оние песнички кои ми се ставени во посебен фолдер затоа што се наменети за фантазирање за поромантично утре пред да го запознаам мм. Ги слушам сега и гледам колку тој човек којшто сега е покрај мене ми пружил. Не секогаш постапувал правилно (а кој успеал во тоа до ден денешен?!), ме повредил (кој кого ниту еднаш не повредил?!) но заклучокот е дека откако сум со него сум поисполнета и посреќна. Тасот со добрите нешта натежнува повеќе од оној со лошите мигови, кои можеби и се побројни, но се помалку значајни. Иако во моментот можеби ги доживувам многу интензивно. Секако, грешката од најсаканите најсилно боли. Се надевам дека така ќе биде до крајот на животот, но не смеам сите надежи да ги положам во таа ситуација, за да, доколку се случи спротивното не бидам скршена до степен на непоправливост. Јас како премногу емотивно суштество едноставно морам да внимавам на овие работи. Но што и да се случи, секогаш ќе бидам благодарна за оваа убава сегашност, која посакувам да е и иднина. И во име на оваа спокојна и убава сегашност, што и да се случи никогаш нема да пристапам непријателски во односот кон него. Секогаш ќе има пријател и советник во мене ... и човек кој се моли за неговото добро. Затоа што ако нешто видов во овие неколку години... тоа е дека e добар човек. Не од оние добри луѓе кои се удираат во гради и као-срамежливо се смешкаат на комплиментите. Неговата добрина не ја живее како доблест, туку како лична карактеристика.
Немам време да ве читнам, само ќе ве поздравам од овде во Ксамил... Море, плажи, сонце и многу забава. Единствено лошо е што лакот ми се излупи од солта Ви посакувам да имате прекрасен ден! Пред малце слегов од тераса, триста слики изнасликав. На таков поглед како да не изнасликаш Како што е ред едно сликиче од овде. :geek:
Имав нешто друго што сакав да кажам ама ме изненади синчето па да си кажам дека прооде. Тоа не дека му беше време за проодување ама изгледа му се здосади брат му да го мкне по цела куќа како кукла па се решил дека единствен начин да ја избегне тортурата од брат му е да почне сам да оди и да му .....избега. А билингвистот мој вика по мене за да ги видам првите чекори на малиот: Look mama, Конта оди, I teached him, I`m good брат. Туку да се вратам на првата работа што сакав да кажам е дека не ми се верува колку глупости сме акумулирале за краток временски период. Времето си одминува и се решивме со сопругот да почнеме да ја средуваме собата за бебево, имаме уште една спална соба која до сега ни служеше како соба за се`, што би рекол дедо ми внатре уште на попот капата што не ја најдовме. Мои ствари што немаат никаква намена или потреба, од сопругот уште толку ствари, од децата па да не правам муабет, облека, играчки еден куп а најголема заминација на Контстантин е да ни ги крие телефоните и далечинските управувачи, играчки не го интересираат. Два дена ни требаше да средиме/испразниме соба од 30кв, спакувавме нешто по кутии за во гаража, нешто за Salvation Army, нешто за фрлање и почнавме да ги носиме кутиите во гаража кога и таа полна со акумулирани глупости, од место за два автомобила мислам дека немаше шанси ни една да имаше место. Се гледаме со сопругот, ги гледаме кутиите и се решивме дека чим стигнале кутиите до гаража сигурно и од тие работи немаме никаква потреба, па ај уште 4 дена средување, исчистивме и гаражата, однесовме повеќе од 50-тина кутии со облека, играчки, техничка и електронски апарати, во Salvation army, ствари кои на некого многу ќе му значат а на нас ни собираа прашина и влага во гаража. Се оставивме со bare essencials, само оставивме само ствари од сентиментална вредност и сега имаме и средена соба, нема бебево да спие во junkyard и место за автомобилите. И битно свечено му ветив на сопругот дека нема да купувам веќе ништо, ни за децата, ни за нас, сега не дека ми верува ама ај ми угодува дека сум во поинаква состојба.
Кога црвената боја и жената се поврзани во еден контекст, најчесто прво нѝ асоцира на страст, љубов, женственост, зрелост, убавина. Но, не и кога зборуваме за црвени чевлички. Црвените чевлички ретко асоцираат на страст, ретко асоцираат на зрелост. Често асоцираат на онаа детска и искрена радост. На светот исткаен од мечти, на кој му нема крај, во кој ништо не е невозможно. Затоа кога ќе ги облечам моите црвени чевли повторно се чувствувам како дете. Како она исто дете коешто преку шарите на рачно везениот чаршаф на баба гледаше еден нов свет. Измислуваше ново сценарио кое ќе го “оживееше“ преку игра со кукли. Една иста боја, извор на толку спротивности. Како и самиот живот, како и светот во кој живееме. Почитувајте ги различностите и спротивностите. Тие се дел од секој од нас, од нашата борба наречена живот.
......Него најболното нешто во животот е кога ке сфатиш дека искрено сакаш некој кој не те сака тебе .
Што е тоа љубов?! - праша другарка ми и ми рече одговори ми со неколку реченици. Јас љубовта а замислувам како една кутија. Кутија со изгубен клуч. А клучот го има саканиот/саканата. Кога ќе го пронајдат тој клуч, кутијата ќе почне да свире.
У право си, ама причината поради која јас лично гледам на црвените чевлички така е тоа што кога сме кај штикли, искрено црните највеќе ми асоцираат на ова што го опиша. Само за штикли ова. Некако црвените на вештачки начин ми ја доловуваат таа споредба. Така кога ќе помислам на црвени чевли, прво на што помислувам се баш едноставни рамни чевлички.
Kога се чувствуваме немоќни, да промениме нешто, и кога речиси едвај дишиме од психичка болка не сме ни свесни колку всушност сме силни. Иронично но вистинито,во моментите на слабост и болка се мери внатрешната сила. Затоа болката претворете ја во смеа . Како времето минува не сме ни свесни, заслепени сме од блесокот на златото и парите, па не гледаме речиси ништо.Затоа си ветив себе , место во излозите отсега ќе гледам во очите на луѓето. Не за друго, туку да дознаам нешто? Дали има вистински среќни луѓе во овој се посуров свет? Среќа и многу пари дали одат заедно tessie црвеното најмногу асоцира на невиност. Асоцира и на раѓање,на битка . Но убаво кажа најмногу асоцира живот Спојлер Ако некој ве гледа во очите може сум јас
Иако некои луѓе ги сакаме, добро ни е со нив, би било подобро никогаш да не сме ги запознале. Би тргнале по подобар пат и подобро би ни било. Како и да е, летото е тука. Сончево, милина на душа. Конечно и јас се прибрав дома, малку време и за вас да одвојам, одамна не сме се дружеле. Да се пофалам, бев во Аква паркот во Пробиштип. Прекрасно е луѓе, како и лани. Прекрасна атмосфера. За викенд бев, имаше многу луѓе и плус има згодни келнери Ако имате шанса да одите, не пропуштајте. Пријатен ден на сите