Не ти е срам при толку грешки во напишаново да солиш памет некому за нешто што ни самата не го знаеш? Барем да ти имаше поента муабетов па ќе те сфатевме сериозно. Можеби ти треба да намалиш со крстозборите и да пробаш да се едуцираш на друг начин бидејќи очигледно залуден ти е досегашниов.
Место да речите “честит именден Демон", "за многу години Демон", "ааа со среќа", "ај Демончич дај некое бонбонче" вие сите негативни ми јајте-- нвм. Во зборови на дотичниот, манете се со негативата и остајте ме да јадам тиква. Следно, кој тоа "наши" празници? Твои можда. Не сме сите исти, Karen.
Толку сте американизирани, шо хеловин е најмал проблем Никој нема поим што се случува во Франција, нели? Стварно, што по ѓаволите се случува во Франција
Абе после негатива се ширело. ЕДИТ: Честито именден @theowndemon . Гледаш се јави, ритуалот на повикување ми бил успешен
Денес во чест на Halloween пиев pumpkin spice latte. Баш се осеќам обземено од демонски мрачни сили muahahaha Премногу сериозно ги сфаќате “празниците” кои постојат поради комерцијални цели. Народот ги “слави” за да се забавува, а не за да го воздигнува или привлекува Сатаната...
Ех, имаме и повеќе од доволно празници за готвење и декорирање, нема потреба да си препишуваме и други и да глумиме луди Американци само за да бидеме ин.
Аман брат, кај ги извади сега луди, Америте имаат многу јаки мултикулти солидарност концепти, слават убави празници со убави причини и поводи. И кај нас има навистина многу празници и за готвење и за се останато, ама јас сум поборник за тоа дека не ти треба празник за да спремиш и зготвиш како да е празник. Секој треба да си прави како мисли. Ама јас Халовин ич не го сметам за типичен американски затоа што од мали нозе памтам низ маало ни празнеја тиква и стававме по една свеќа и си се собиравме децава на улица или да шетаме или да вртиме кругчиња поред тиквата. Подоцна како повозрасни се собиравме само на улица и се раскажуваа некои хорор приказни, како на пример за невестата дух, нешто во тој стил. Нема ништо лошо да се прославува било што, што создава блискост и поврзаност меѓу луѓето.
Добро де ај нека не се луди ама знаат и тоа како да бидат налудничави. И прајме муабет за Халовинов а не за други нивни празници кој според мене е баш типичен американски, а кај нас е очигледно дека со сила го "слават", гледаш со тоа маските накитени и морбидни а ставот им е зини земјо голтни ме, само од пусти страв да не бидат нападнати од американизирани македонци не велат дека се осеќаат како идиоти, пак ќутат и трпат За прославување добро е да се слави да, но не да се слави се и сешто.
Даааа заборавив, само празниците од сопствената вера беа вредни за почит, другите сите се сатанисти!Срамота што има различни традиции и култури во светот! А после она болдираното нема ни поента да коментирам...истражувањата ја потврдиле негативната енергија бе.. Инаку не го славев и не месев кукис. Само не разбирам која е потребата за докажување чии религиски/спиритуални верувања се поправилни. Воглавно и кога го "славиме" празников, не го прославуваме поради одредени верувања, туку заради забава и дружба.
Имате* то е целата поента, бе брат. Никој по дифолт не припаѓа во некоја религија ради родители/ деца. Некој ќе излези надвор од нивни пат да ви честита празник ваш, ама вие и инклузивност? Никако. Повредени сте дека некои луѓе сакат да прат работи тематски, не дека слават. Повредени дека и вашето на исто ниво го клават, а не погоре. Знам шо боли. Been there, done that. Јас ко Демон именден шо ми е, башка е то, за другите зборам ова. Фала @Bezimenka90 & @edna_malecka Ми значат честитките за именденот демонски. Уште поќе ќе ми значат честитки од неверниците. Ај до Јануари шо ќе честитаме празници ок ќе биди, не можам до Февруари да дочекам да отвориме темата Трифун вс Валентајн. Пошто на сите ни е важно кој шо слави лмао.
Кутрите тие, приморани да се маскираат. Па кај баш тебе ти се исповедаа од срам дека се маскирале Стварно ли мислиш дека некој сосила го натерале да стави нешто на себе? Не знам бе како успевате онака своја реалност да си направите како што вас ви одговара, дај кажете и јас сакам така да гледам на светов BTW не знам некој што стварно го слави празникот, повеќето баш си прават тематски работи како што кажа @theowndemon за занимација. Какви антени, какви негативни енергии... @theowndemon На Духовден ќе ти честитам по наше Ова не се признавало.
Какви 'мрачни невидливи сили', какви црни камења. Прослава е. Најобична... Се 'користи' за анимација и занимација на општата народна маса. Олабај тро.
Оргиналното значење на demon во антиката значело spirit with supernatural power, не морало ни лош дух да значи дека е. Така да таман си за Духовден Подоцна му е дадена лоша конотација на зборот иначе.
Времето кога самите стихови имаа моќ да ти ги допрат сетилата. Каква тежина носи само оваа реченица. Безвременска поезија.
Сакам да кажам ама да не ве паничам . Одамна беше, ама го промовираше Мел Гибсон како еден од најдобрите глумци во Холивуд (што и подоцна се покажа како вистина).