Почеток на месецот и почеток на неделата - идеално време за одвикнување од некои стари навики. Само да одеше тоа така лесно...
Со дешавкиве во Полска...и општо де. Да има јас викам задолжителна вазектомија на секое полнолетно машко? Кратка процедура, лесна и реверзибилна. Кога ќе сака деца, ќе си отиде пак да му ги поврзат. Лично во иднина би побарала од него да направи.
Откако почнав на работа многу ми е понапорно, имам многу обврски таму но, почнав повеќе да го ценам слободното време и да си посветувам повеќе време на себе(но сега квалитетно) Во секое лошо има и нешто добро, тоа ми беше муабетот де
Кога бе затворено? Бев минатиот и предминатиот викенд и да ти кажам се зачудив имаше по 20тина луѓе Секогаш кога сум во милениум бројам луѓе бај д уеј
Сдк ќе има ли фемина избори годинава или заради анти-ковид да го прескокнеме циркузот и да ја прогласиме @KateKane едногласно
Не знам колку време немам пишано во темава, ама ете сега добив некаква желба некаде да си искажам. Среќен Роденден на најдобрата мајка и идна баба, нема зборови кои можат да ја опишат твојата добрина и човечност, спрема сите! Да си ни жива и здрава уште 100 години, заедно со сите нас, и таа твоја насмевка никогаш да не исчезне од твоето прекрасно лице! Се надевам дека утре ќе бидам барем половина добар родител, како што сте вие кон мене! Те сакам бескрајно и ти благодарам за се што правиш за нас! П.С. ова е првиот и единствен роденден, кој нема да го славиме заедно, и нема да можам да те гушнам, ти ветувам!!!!
Ако може 2020та да се носи у три лепе и тој што ја колнел цела Земја со се нејзе. У ноември и декември кузнае што е следно.Масовни поплави? Страшна вулканска ерупција?
Со kn95 и да сакаш не може носот да ти е надвор и онака како клун изгледа маската имаше едно смешно вика македонецот секогаш го пика носот кај што не треба, затоа не може да научи дека треба во маска
Некои имаат голем нос, па не им го собира во маската, а некои ја носат маската само на уста бидејќи не се измиле заби, па не сакаат другите да забележат. За другарка кажувам
Не мислев дека ќе дојде време кога на возрасни луѓе ќе треба да им се објаснуваат основни работи како кај деца, ама еве дојде.