Моментот кога мноогу внимателно скролаш низ нечиј Фејсбук профил и внимаваш да не случајно стиснеш лајк И срцето ти застанува кога за милиметар го избегнуваш тоа.
Да имав, од таму ќе скролав сигурно Или па може потсвесно сакам да ми избега маусот и да падне еден лајк
Луѓе кои опсесивно и константно ме напаѓаат со прашања и известувања за други ... толку многу изморуваат. По не знам кој пат одвратно ми станува кој мајндсет може да го носи тој човек, што без да побараш, со јасно искажан став дека не те интересира тематиката, упооооорно истото папагалски го повторува. - Дали знаеш како успеал/а да направи тоа и тоа? - А дали знаеш што му/ѝ кажал/е и колку време траела средбата? - Лелеее сега видов, замисли нашол/ла број и му се јавил/а за да праша. Не, не знам Маријо и искрено уво не ме боли за ова што го кажуваш. И како да ти кажам дека вакви состојби се за советување со стручно лице, а јас не сум тоа?! И стварно би било супер да престанеш да ме тормозиш со вакви причи за сите времиња.
Недисциплината ми е најголем непријател, буквално е секојдневна struggle да и' се спротиставувам. Секој пат кога ме мрзи дури и да измедитирам 5 минути, ама ќе се натерам и покрај тоа, потоа сум среќна зошто сум го направила бидејќи ми помогнала медитацијата на некаков начин. Ќе ме мрзи да пишувам во дневник, а откако ќе го направам тоа навидум на сила, потоа се осеќам олеснато и бистро во перцепцијата. Ќе ме мрзи да бидам физички активна, а откако ќе извозам точак или ќе направам дузина сесии со лесни тегчиња, потоа се осеќам растегнато, освежено, енергично. Ќе ме мрзи да ги правам вежбите за грб, но откако ќе си се искарам и ќе ги направам, потоа грбот ми е одма подобар и сум среќна што сум ги направила. Ќе ме мрзи свашта нешта да направам што ми се од голема корист само затоа што сум екстремно недисциплинирана, и секој пат, ама баш СЕКОЈ ПАТ откако ќе се натерам на сила да ги направам, потоа се осеќам екстремно задоволно, среќно, олеснато, здраво, квалитетно. Фак ју, недисциплино! ФАК ЈУ!
Мразам коментари за физички изглед. Од типот на: - “леле зошто ти се такви забите?” - “многу ти е сплескана косата.” - “омгг среди си ги веѓите!” Значи врв на домашно невоспитание и немање основна култура.
^ Ич не ги мрази тие коментари, остави ги луѓето да си бидат невоспитани без култура, нивен проблем. Остави нека мислат дека се паметни или подобри од тој на кој му рекле таква глупоштина, они се во заблуда. Него... равенката на малте не животот е: прифати + адаптирај се = продолжи понатаму. Уживај во малите нешта кои те радуваат додека сè уште постоиш. Ништо нема логика ионака...
Ексик ме фаќа кога ќе отворам некоја тема и се вергла едно исто,сто пати. А некој да праша нешто,додека си го пронајде одговорот ќе се изгуби тотално. Има ли пилот во авионот или?
Од некул нешта издвојувам: Комшивка моја, на 10 години вози трактор, а јас на таа возраст едвај разликував лева од десна влечка. Пренапредна младина или заостаната јас?
Колку ми е познато ова Толку ли е тешко понекогаш да се држи устата затворена? Не боли луѓе, пробајте.
Сеа сум у фаза на "ау, си се здебелила". Али порано вака коа си слабеев ме прашуваа по улици. Заклучив, како и да изгледаш, па ќе си зборат, секогаш луѓево си имаат причина за да си замараат со глупости.
Мене периодов кога ме приметуваат дека сум ослабена и сменета, си се радувам дека стварно има резултати вежбањево