Изгледа само јас можам при пишување семинарска работа да го згрешам името на предметот по кој ја пишувам.
Знаете ли зошто се одолговлекува со резултативе во Америка??? Затоа шо ние велешани сеуште не сме решиле кој ќе победи
Значи преку глава ми е од истите луѓе во различно тело .. Да му се плукнам како можеше сите по шаблон да се праени.. Ту налет !
Покрај песните кои се често слушани на македонскиве свадби, а во чии стихови содржат мизогинија и имплицираат дека жената е крава за расплод, како: Ти донесов млада невеста,јас ја сакам, мајко, од срце. Чеда да ми изроди,родот, мајко, да ми продолжи. Ми текна и на песната ,,Лутка” од С.А.Р.С што ја пуштаат по свадби, а на многу им е и песна за прв танц. Песната е буквално за хероин напишана. (По)лутка е уличното име на хероин, а и стиховите ако ги погледнете: Meni mozak brani da se tebi predam, Tvoja pojava me hrani, al’ se ipak ne dam I samo te gledam, osećaj je izvanredan I toj drogi biću predan… Веќе во овој стих веќе малку и очигледно е за што е напишана. Освен тоа, спотот : - Белата венчаница симболизира и бело (кокаин) - Сините чорапи што ги носи девојката во венчаница на видеото се синоним за позитивен тест за супстанци - На почетокот, девојката се буди со шминка во уреден стан - дрогата не бира пол или материјално богатство. - Таа го поминува целиот ден подготвувајќи се за подобро утре. - Девојката доаѓа кај чевлар со велосипед, а во исто време заборава како пристигна, па оди со автобус. - Таа доживува голема среќа во прегратката на младоженецот, но кога ,,магијата” поминува, наидува на реалност и осуда на осуда од блиските, а потоа бега. Еве го спотот, сѐ ќе приметите. И ќе сфатите дека воопшто не е љубовна песна. Само иронично е што ја пуштаат на венчавки, како прв танц. Убава песна, да.
Ова е одамна пишувано и помина хајпот веќе. Песна ко песна, за што сакаш може да ти биде. Ако нема никаде -дрога во песната, ниту текстописецот кажал дека е за дрога, тогаш ако одговара текстот може и за кучето да ти биде, твое право.
Знам дека у 2015 негде имало хајп околу ова, само не знам зошто уште ја користат ко љубовна песна. Шознам, ја не би имала прв танц на песна за хероин. Мада, секој си има право да ја интерпретира уметноста као шо сака.
Затоа што може да е љубовна, текстот одговара. Се изјасниле дека е за нешто друго? Не колку што знам.
Дека не е толку љубовна. Погледни го спотот, деталите, и види “невестата” коа иде кај “младоженецот” какви реакции добива од блиските.
Абе се ми е јасно, читано ми е одамна за таа песна, ама ако решам да не читам и да не се замарам што сакал писателот да каже туку само си ја слушам оти ми е ок и не ме интересира спотот, тогаш ќе ми биде љубовна и крај.
Песната ми беше преубава и нон-стоп ја вртев во далечната 2014 година. Со дечко ми ја отепавме од слушање на едно патување. Тогаш сеуште не бевме заедно. Ама ете, кога и да ја пуштам, се посеќам на тие денови, и убаво ми е. Па би си ја избрала и за прв танц, зошто да не. За што сака нека биде.
Ај вака нешто реално да кажам пошто веќе преку онакво ми е а секој ден истото го читам у темана за корона. Сакате љутете се, не можам више. Секое абе секое второ мислење е ,,аа не можат сите да платат” ,,ааа не можат ситр да идат у Систина” ,,аа не можат сите да издржат локдаун” ,,аа немаат сите пари за на приватно” ,,аа лесно им е на богатите” Ок добро така е разбравме више аман.Aма стварно аман. Некој од страна да чита ќе мисли у Африка живееме (а ние за некои земји во Африка сме ко Дубаи за нас реално) па народот немал за ова немал за она. Народот да немаше пари пола и поише сектори као угостителство или моловиве немаше да си ги пунат џебовите. И немојте да мислите дека тие ,,што се богати” парите од дрво ги набрале. Као демек ,,сиромашните” се за жалење а ,,богатите кој ги ебе”. Доста више.Некој може црнчел и рмбал ко коњ за денес да може да лежи у Систина или да вози кола од 100.000€, не можете да зборите као на богатите демек им било лесно.Налет више, прво секој бира што сака да е у животу и зависно амбициите и околностите ќе живее као што ќе живее. Дај бидете малце реални.Добро жално е некој да нема 6000 ден за да се тестира приватно ама шо сеа? Шо му е крив тој што има? Не можам да читам више. И ако коронава не ве научи дека светот не се дели на богати и лоши пошто и Роналдо има корона па не може да се опраи, Трамп имаше и други милијардери шо поише? Фмп
Чекај, шо е тоа за Роналдо, шо му е? За другото, ќе те прескокнам...овојпат Пошто ме мрзи...Ама пиши го истото во соодветната тема па може ќе ти објаснам.