Па пред некој ден кажаа дека уште се бил позитивен на корона А се на сѐ 18 се има тестирано до сега (не знам дали од кога заболел или од кога почнала пандемијата) А која е соодветната тема?? Мене оваа ми беше искрено.Пошто ова сакам да го кажам со денови и само собирав во чашката и ми се прели веќе.
Ништо не му е бе, и се вратил и си игра. Еве за 10 дена на гости у Кроејша ќе ни иде. Е сега, позитивен бил. Знаеш PCR може позитивен со месеци после да покажува. Голема работа шо бил позитивен.
Важи бе душо, тој што има пари нека си плаќа, тој што нема нека умре, кој му е крив што не работел. Иии не, не знам како сфати дека некој ги обвинува "богатите" за сиромаштијата на другиве...
Од пред 6 дена не е позитивен. Ништо не му е, ич не го мисли. И остров има од март, ако е за утеха, еве, скроз неповрзано со темата. И ич не го можам, исто неповрзано со темата.
Не е работата дека сиромашните фаќаат ковид, богатите не. Туку богатиот има услови да се тестира и да се лечи во приватна клиника, сиромашниот не, зашто на државно нема термини. И овој после што не е тестиран ако се влоши, може да не го примат. И не велиме дека богатите се криви за тоа туку тие што треба да го сменат тоа, ама не го менуваат зашто им одговара да го цедат народот. Систина, Жан Митрев, властите...Е за нив се упатени тие зборови.
Да, ти така мислиш.Ама секој муабет е ,,аа они може да си платат" аааа вака така Никој не вика, шо не дае државата бесплатни тестови за тие што не можат да одвојат ни 100 евра. Као мене сите мислења ми се жалопојки искрено.Значи место сожалување треба акција малце.А не, ќе дробиме овде као Станко, Петко и Митра на 150 страни како не можеле да си дозволат тест.Ок, не можат и сеа? Шо има да се спомнува дека некој можел?Па ете му се може де, дај да видиме како да им помогнеме на тие шо не можат. Мислам само Валјд дека ја прочитав со иницијација да се направи нешто, ама и тогаш имаше коментари као у смисла демек ..дада лесно е да се збори". Епа добро ај, нека ги оплакуваат овде, дур куцкаат мислења како сиромашните ова она ќе смислеа до сеа нешто. @Angie1432 тотално нема потреба да ми го извртуваш муабетот.Поентата ми беше дека некој што може да си дозволи не е крив што некој не може, океј? Ме мрзи да идам сеа во темана да копам мислења, т.е извадоци да ви укажам кај ми е поентата. Бај д веј. од друга страна па и на другиве никој не им е крив што решиле да праат пари, така? Јас лично се споредувам еве со некои што завршија со мене у средно.Се исповработија по кафани, по кладилници, по кафичи.Океј супер, мене приоритет ми е минимум 1000 евра плата здравје Боже, бар за 7 год од сега. После 7 години од сеа, ако ми успее тоа, може некој да ми се љути зашто ја ќе можам да си платам пример да лежам у Систина место на Клинички со пола чаршав да се покривам?Не може.Пошто моите амбиции и воља биле далеку поголеми од неговите 400 евра. Но хејт, ја ги сакам сите луѓе.Сум сакала сум се дружела и сум помагала на луѓе (мои години) што биле со по едвај 100ка во џебот.Ја не ги делам луѓето по класи и финансии.Ама исто така нема ни да дозволам утре да пљукаат по мене зашто ја вака така, коа патиштата ни` отишле у друг смер. Исто као ја да му се ,,љутам" на Трамп, зашто ,,тежи" 2,3 билиони долари и успеал да се излечи за 3 дена од корона.Па битна фаца е ,плус има пари за извоз.Јас не сум битна фаца и неам толку пари.Тоа е тоа. Ако пак ме сфатите грешно стварно ми е гајле.Ме мрзи да се објаснувам, цел ден буљам во книгиве мозок ме боли. @Biljarkata Роналдо беше во сосем друг контекст спомнат.Као славна личност заболена од корона. Иначе ич не го мислам. Меси ми е идол веќе 10 години. Читај доле во потпис
СДК дека ми е преку глава од шалтерскиве работници во јавна администрација (чест за ретките исклучоци). Значи, плата за да земете кратат од моја плата. Имам најмалку 10 луѓе во моја близина што молат за работа, и ќе работаат како мравки, кога веќе не ти се работи не го држи местото на некој што моли за работичка. Стварно ми е преку глава.... Не дај боже да ти треба сега нешто, пред некој ден во ФЗО имаше преку 30 луѓе што чекаа на куп, ниту дистанца, ништо (сите дојдени за мака, не што им е кејф). А, таа теткицата внатре си разменува рецепти со колешката дури мене ме услужува, за работа што можеше да ми ја заврши за 3 минути, јас чекав најмалку 15-и после гужва, па ќе има де гужва. На телефон да ги добиеш, е исто како 7-ца на лото да си добил...
Не ги сваќам родителиве што за секој прв чекор, прво запче итн., го гледат како повод за славење. Ќе купат торта, колачи, балони, ќе спамаат по Фејсбук со триста слики. Порано се знаеше, се слави роденден и именден, сега само се гледа колку пари можеш да поебаш на најубавите и најмилите моменти со вашето дете!
^ И после зошто се децана размазени... па ќе се, кога родителине прославуваат свашта ко нивното дете да е единственото што успеало тоа да го направи, а не ко да е најнормалното најприродното нешто у животот. Туку... сè е мајндсет во прашање. Среќата не значи отсуство на тага. Можеш да бидеш тажен, но истовремено и среќен. Може нешто да те боли, да ти го крши срцето, но можеш да најдеш причини да бидеш среќен, нешта кои ќе те радуваат. Баланс, ништо не е совршено и тоа е океј.
И тука ли ја начнавте темата за деца ? Јас и маж ми се одлучивме да немаме деца, а што се однедува до мене, таа одлука да немам деца ми е донесена уште пред 15 години На почетокот од нас се очекуваше да работиме на бебе оти сакале внуци, ама отсечно им е кажано. НЕ и завршен е филмот. Ај музика малку , со една македонска песна која ја сакам и покрај стиховите кои удараат во срце " Мајка жали , дур е жива , ајде мајка жали , мајка жали , дур довека ..."
Нема забрана , само ти не си у тек со муабетите и затоа вртиш очи, не ти е јасно зошто ти реагирав на коментарот Ела да те гушнам да не ми се нервираш , некогаш сте многу нежни и одма вртите очи
Ова всушност е проблем. Реален. Се учат само на 'победи', и после и најмал животен удар може да ги направи депресивни/анксиозни. Позитивна стимулација треба. Работа-па награда.
Дискусија е, not a big deal. Нормално е да се повторуваат одредени работи. Ако ви е преку таквото од одредена тема едноставно искочете и најдете друга тема.
Со некои луѓе и молчењето не е здодевно. Среќна сум што имам такви пријатели, дури и да се бројат на прстите на една рака