Сакам пак да сум дете, да собирам есенски листови за училишен проект, сакам да влезам во соба и да го видам дедо како седи на двоседот и да си го слушнам името од негова уста, со негов глас, сакам со децата пред зграда да правиме канцеларии од дрвата за огрев, оние коцкастите ни беа компјутери, со саати си игравме работа. Сакам да се разбудам кај баба и дедо со топол чај и потпечено лепче со домашна сол, надвор пред прозорецот пожолтена лоза и роса од дожд. Сакам со саати да седиме со другарките пред зграда и да си гледаме на кафе, да си збориме за симпатии, сакам да се спремаме за излегување заедно, да излеземе и да вртиме кругови околу кафичите, да делиме едно сокче или едно млеко со шлаг, или парче пица, оти нема за повеќе. Сакам пак да имам прв симпатија, сакам пак да имам прв бакнеж со некого, сакам да имам возбуда каква само тинејџер може да има, сакам да запознаам некого за прв пат, дете со илузија дека сум возрасна. Сакам да е зима, недела, мајка ми да спрема доручек, да врне снег, многу снег, јас дома на топло со брат ми да украсуваме елка и да слушаме божиќни песни. Сакам да си дојдам од Скопје и да го најдам новиот член одново, топче меко, да е мал и да имам уште години со него. Сакам да е Бадник, да гледаме Зона Замфирова после вечера, сакам да е Божиќ и да имаме Хари Потер маратон. Сакам да е Октомври, да одеме на панаѓур. Сакам да е лето. Сакам да сум во мојата соба, на тераса, да си читам книга, мир околу мене. Сакам да се спремам за излегување за дејт со него и да се поднапиеме, да се смееме безгрижно, да се галиме и гушкаме и да не се испуштаме од раце. Сакам да дојдам кај него и да гледаме филм, на столчиња пред компјутерот и да заспијам на неговиот тесен кревет, да ми вели остани на спиење, а јас да велам нема шанси, иако веќе е 5 сабајле и сум преспала цела вечер. Сакам да зима, да сме завршиле со колоквиуми и да се спремаме за распуст, да пиеме какао со цимерките и да гледаме филм, надвор ладно и магловито, ние на топло, среќни сме и удобно ни е. Сакам да е почеток на учебна година, одам по патчето накај Шумарски, есен, нов предизвик, ново поглавје, сакам да ги видам нив, да се собереме после предавање и да пиеме кафе во Лепетит, да си раскажеме за летото. Сакам да е петок, сакам да се собереме со школските и да одиме во кафана, како и секој викенд, да пиеме шприцер со Смедеревка и да делиме порција помфрит и пилешки прсти, да се опиме, да се гушкаме и да пееме. Сакам да се качам на авион и да слетам таму, сакам да завршеме со работа и да делиме вино од шише или лименка пиво, да вртиме џоинт. Сакам да ги запознаам нови луѓе да ги гушнам и бакнам на прва средба, без притресување. Сакам да е зима, загушливо, свирка, да стоиме сите еден до друг, да славиме Нова Година, да се бакнуваме и гушкаме, пиеме и наздравуваме и пееме за подобро утре. Сакам да сум слободна, сакам да заврши кошмаров, сакам среќни луѓе, сакам живот, сакам прегратки и бакнежи и средби и се она што сме го земале здраво за готово. Сакам да младина што живее и се бори за подобро утре, сакам стари луѓе горди на нас. Нема ништо, моментално не знаме дали некогаш ќе има пак живот, срцето ми е скршено.
Колку нереално од денешна перспектива изгледа све ова а у исто време и толку далечно ко да било пред 3 живота
Онлајн настава е најкатастрофалното нешто што му се десило на моето и така мизерно државно образование.
СДК, не сум добро плачам ......знам ќе ми се смеете, ама плачам оти нема повеќе да го видам кучето. Му реков на маж ми да ме остави да се изнаплачам и дојдов на форум да си ја олеснам душата. Ејјј жими се , не верував дека ќе се поврзам толку многу со куче. Го сакв како да е мое дете, многу го сакав , секогаш кога си идев од работа ме пречекуваше и буквално се гушкав со него, бреееј толку многу љубов собрано во едно куче. Иако не беше наше, комшијата секогаш го пушташе надвор , а тоа едно весело, друштвено, светла точка ми беше у животот . И пред саат време ми кажа комшијата дека го дал кучето во друг град. Душа ми плаче, пичку матер Го сакав многу , под кожа ми имаше влезено Никогаш нема да го заборавам , па јас толку за човек не се потресувам колку за куче. Мислата дека повеќе нема да го видам ме убива. Уфффф , глупо се осеќам , има 3 дена да го оплакувам сега. Ќе ме сфатат само тие кои си чуваат домашно милениче и кои се поврзани со него. Секое друго куче нема да биде исто како ова што си го сакав
Недај боже да ти закочи телефон и малце покасно да се уклучиш на предавањето. Веднаш почнуваат коментари "уживаш, не е работата да бидете пуштени а да не следите, можам и јас така да се пуштам и да одам кафе да пијам со колешките". А колку пати се десило ти да чекаш професор у 7ипол сабајле наводно "паднал интернетот".
Брат ми преѓе онлајн тест праеше, таман пратил одговорите снема струја на 2 минути, и лаптопот му се искл оти без батерија е, башка нет шо одма немаше. Вика арно само шо пуштив инаку наново ќе требаше да пиши.
Леле ужас од муштерии. Значи стварно денот да ти го расипат. Морам да глумам фина ама вистината е дека нервите ми се на конец.
Луѓе шо обично и покрај сето внимание се увредени, сепак дека не добиле доволно внимание, па уште и навредени што 99 ги прашале како се, 100тиот нејќел може да им пречи, па и гласно ќе си го кажат тоа као да се божества, у принцип се луѓе кои самите не се грижат за никого и самите никого не прашуваат како е.
Професор те прашува прашање кое не го спомнал воопшто во материјалот или предавањата и ти вели - треба и надвор од материјалот да си учите. На испит спомнуваш плус информација надвор од материјалот за подетално да објасниш. Професорот- не знам јас од каде сте го научиле така, јас барам како јас што сум кажал/а. Идете у....
Зошто луѓето немаат способност да ги гледаат прво добрите/убавите страни во работите и во другите луѓе? Јас пак,во секоја ситница барам нешто позитивно,добро,убаво и така животот ми е поубав во овие тешки времиња.. Светот навистина стана многу злобен.
Јас многу си ја сакав кучката на мм.Ако не си играв со неа или не ја галев како да не сум била кај мм.А и она многу ме сакаше.Еднаш дури ми дојде на гости тајно следејќи го мм Ама кога еден монструм ја уби, 3 дена не престанав да плакам.Поминато е над 10години како ја нема ама еве нас и ден денес ни е тешко кога зборуваме за неа.А често зборуваме и често ми текунува на неа колку беше мила и ја сакавА колку се фалеше кога ќе добиеше кученцаЌе доеше и ќе ме однесеше каде што се,баш како да ме фати за рака и ме влечи Непребол вечен
Не можам да гледам вакви стрипови на фб,душа ми се парчи. Само,тажно и напуштено во еден факинг кафез и никој не го гледа. Ќе ми пукне душатаааааа. Баш би сакала да знам каде е мачево,јас ќе го земам.
Јас не да го сакам, го обожавам моето куче, па луѓе ајде кажете ми вие љубов ли е или не, станувам од треосед и куцики се сели од неговиот крај на мојот, доаѓам седнувам и се поместува, а јас се ставам на топла и удобна позиција за седење. Мало, а разбира. Јас сега ќе ви кажам колку вложувате во нив толку и дури и повеќекрато возвраќаат, љубат безусловно, а само сакаат да се сакани, е толку малкуцка само бараат и сакаат. @Herrera @Ava.84 @buba4e89
Не знам за вас ама имам тенденција да си разгледвам Инстаграм профилот. Па хајлајтс. И зато толку често се прередвам на профилите шо ги имам. Денес стигна на Фемина да тарашвам, и во теми шо имам отворено ова најдов: И морав негде да споделам оти знајте како прат бројки да се осеќам. Возбудено. Оф и темата ... Too soon? Едит. Другарка ми е навикната кога ѝ треба нешто да го побара на хајлајт кај мене оти често објавувам работи. Многу ме пцуе кога се имам разместено.
Занигде , демек гледам да не се зближувам оти знам дека ќе ми биде тешко. Првичната идеја беше тоа, не зимаме куче сега за сега оти се нема време , ама најмалку ко ќе очекуваш , така неосетно сум се навикнала на кучето од комшијата. Баш ми олеснува што тотално ме разбираш, моиве плус сестра ми не можат да смислат животни, до ден денес никако не можам да ги сфатам тие кои не сакаат животни. Па тоа е толку мило, искрени очиња, ниту ме нервира, ниту ме пцуе, ниту е себично ко човекот. Слабост ми се животни, посебно куче .....знаеш што е глупото сега ? Што секогаш кога ќе се симнувам долу пред влез одма спомени од него у глава , ептен се осеќа празнина За да ме разбере некој , треба да се има поврзано за нешто што му е драго, што му лежи на срце , да поминувал време, да се навикне на него и од ко ќе го загуби , ќе ја осети таа болка, уфффф И ќе ми рече некој, аман ма , што се потресуваш за куче ? Не бе, не може секој да разбере. Расположението ми е паднато на најниско ниво.
Сдк 1: Обожавам да им кажувам на луѓе што ми значат колку ми значат, на начини на кои јас знам, да ги прашувам како се и како им поминал денот. Имам многу љубов за давање која никогаш не се троши. И не, не го правам тоа за да ми биде истото возвратено, иако тоа би било убаво. Го правам од срце, бидејќи сакам. Најмалку што сакам е само да биде почитувано. Сдк 2: Причината за која не разговарам со некои луѓе за некои работи е бидејќи возрасна личност како нив треба да е свесна, и нема што допрва јас да ги освестувам. Јас сум го кажала моето, но нема никаква реакција. No message is also a message. Сдк 3: Многу ме допри постот на @1209 поназад, вака од сабајле, кај и онака сум емоционално суштество, now I'm drowning in feelings.
Jas ne cuvam nisto, ama znam deka.. Kucheto e edinstveno sushtestvo koe tee saka poveke od samoto sebe..
Зошто никогаш не можам да дејствувам спонтано? Зошто морам секое решение да го превртам низ главата безброј пати? Морам да најдам начин да научам да си ги штедам нервите. Никој нема да ми каже фала за тоа или да ми даде медал за совесност.
Ама ич, ич не ми смета седењево дома. И жал ми е сите оние кои немаат услови да им биде исто. Само...секако дека има само.... не можам а да не помислам колку ќе беше 1000 пати подобро, да можевме на ист тросед, под исто ќебе да се мушнеме и некоја од твоите скандинавски серии да гледаме. Три зими ни беше тоа реалноста, се прашувам што ќе биде оваа...