А да не е можеби, она што го викаме љубов, само збирка и концентрација на одредени хормони или хемиска реакција нешто?
Луѓе што минимизираат туѓа несреќа, болка, тегоба која е евидентно сериозна, а не мачкина кашлица, е тоа е токсичност некст левл. А нив трепка да им падне е трагедија. Шо народ сте вие...
Значи вријам. Прошлиот петок бев искочена со 2 личности и со едната делев шише вода пошто бев дехидрирана.А они се едни од ретките со кои искачам. Едниот после 2 дена добил симптоми на корона и искочил позитивен и седи дома. Ама јас дознав ДЕНЕС. Не ми кажале за да не паничам. Како да не паничам??? Мајка ми ме гушка секој ден ме бацува. Со татко ми седам на маса еден поред друг.Во кола седам со него. На возење бев. Среќа од пред 8 дена (кога се видовме) или од пред 6 дена (кога јавил симптоми) немам ништо. Ништо не ми е. Сеа шо да правам?Чим не сум јавила симптоми до сега не би требало да јавам,така? На 31ви октомври последен пат се видовме.Он на 2ри јавил симптоми. А не знае од кај закачил
Пијам тоа како луда. Сеа дома све дупла доза ќе испијам жими се. А коа ќе искочи од самоизолација носот ќе му го пукнам. Можеше да каже дека има корона.Многу сум нервозна. Па уште аргумент ,,за да не паничиш не ти кажав” Алооо
Беше и секогаш ќе ми биде кревање коса кога ќе слушнам или сведочам на патријархални тиња размислувања. Не можам да останам имуна и да не одговорам или да се јадам однатре ако не смеам повеќе да сторам кога се работи за подалечни луѓе. Горчина во грло ми се создава кога ќе речам „Ама зошто дозволува да слугува по дома, зошто побогу да ја прават будала билдајќи ѝ грижа на совест ако не зготви ручек, ако не му испере облека на 30 годишно магаре, додека тие неа ја третираат ко небитен партал?!“, а за возврат добивам одговор „Оф, што да прави кога веќе така им дозволила па сега не може да менува“. Како бре?! КАКО да не може да менува? Статични ли сме, дрва ли сме мајку му стара па не можеме да си менуваме начин на функционирање за да не ни ја цицаат крвта? Да не можеш да се изолираш, да одмориш душа ко човек со 39 температура и закачен вирус опасен по живот, затоа што мајкиниот и татенцето негово не се способни да измијат чинија?! Па ало бре, наместо тие да се погрижат за сѐ што треба да се среди за женава да не се јаде, наместо да ѝ обезбедат нега соодветно, да ја прашаат како е, дали ѝ треба нешто и слично, тие на неа чекаат. И ете да не се чудиме после и зошто во некои семејства сите ќе се разболат, а во други само еден или двајца. Затоа што има еве вакви паразити, ете затоа. Ваков некој да имам не знам ден дали би го издржала. „Ама знаеш бе ете се земале, основале семејство и тоа е“. Вакво мажуле од ден 1 кога ќе ги покаже тиња размислувањата ќе го шутнам. Не 1 година, 10, 50 нека сме во брак, во моментот кога ќе почне да ми чека ручече зашто тој многу уморен од работа нели, а јас неам гајле пошто не сум човек, ќе го испратам кај мамичка да си бара таков третман. Исто и за 30 годишно магаре од син, врата ќе му покажам.
Веќе помина месец дена, верувај се познава кој се уклучува намерно подоцна, кој има проблеми со конекција. А и не е реално дома, како бе за ништо не ни паѓа интернет само за онлајн настава?
Јас како што читав во темата овие коментари се најмногу од револт кон државата, кон министрите, здравствениот систем и се околу тоа. Искрено мислењево ми е многу како од некој со 14-15 години Едит- не се дели на богати и сиромашни. Ама има емпатични луѓе и профитери во вакви вонредни ситуации. Кога ќе потпораснеш ќе сфатиш дека желба, амбиција, избор во нашава земја и не е баш некој репер дека ќе постигнеш финансиска моќ. И ако човек од пониска класа си дозволува секој ден кафе од 100денари во кафуле да речеме, НЕ, НЕ може истиот тој да собере пари за приватно лекување. Затоа што полни продавници и угостителски обиекти не значи богат народ
Па гледај Вода немав немав ни денар у мене а немаше ни чашка земено. Да умрам за вода? Поготово што он освен со мене и другиот другар цело време Еднаш беше со други искочен и изгледа од таму закачил. А ок ја веќе сум згрешила што се напив он можеше одма да каже дека јавил симптоми, а ти не мора да ми се понашаш овде пошто ја не ќутам ко другите членки. Пази да не си ти увреЏена после молим ти се. @Anie93 ти умри за вода ако сакаш ок? Not my problem
Симптоми се јавуваат после 5 до 7 дена откако ќе закачиш. Ако немаш симптоми е добро, ама може да си асимптоматски носител, да имаш вирус без симптоми и да си заразена, или да го имаш вирусот а да не си заразена. Ако ти е шубе, закажи на матичен, бесплатен е тестот, тестирај се.
Де бе колку часа седевте заедно? 72 часа ли седевте без вода? Не се умира така лесно на едно искачање за вода Ама нат мај праблм исто
Јаоо, знам колку имаш и затоа пишав мислењето е како за некој минимум 4-5години помал а не некој 19годишен човек ама ајт, не ми извртувај муабети
Ама ќе имаше некој симптом до сега Јас додуша со рака преку уста и нос го слушав шо збори пошто морав да гледам и што пишува. Последно завчера бевме така поблиску Ќе бројам уште три-четири дена да видам Мада искрено не верувам да сум и асимптоматски. да чукнам во дрво многу јак имунитет имам плус уште од март секој ден пијам по минимум 1000мг вит Ц А дека ова треба да ми е лекција за понатака треба. Порано си носев шишенца и ги маткав со мене.