Па ако пие вода кој стигне од негово шише, нормално нема да знае од кај закачил А ти пак да си пиеш водичка од туѓи шишиња, па дојди тука да се жалиш и да те тешат да не се секираш
Панде беше во право...штета шо сите се праеја на Тошо ко збораше... https://babambitola.mk/grado-sho-go-nema/
Вчера бев сведок на еден многу вознемирувачки настан кој се случи во неполни 5 минути. Тетин ми не' прати мене и братучеда ми да му ископираме нешто за корона тест. Арно ама скриншотот не беше како што треба и во едниот агол не се гледаа целосно бројките јасно, таа му се јави да му кажи и да види дали има друг скриншот итн.. и почна да и вреска на мобилен. Ај после јас се јавив мене ми се изнавреска, го знам егоцентричен тип дека е и секогаш неговиот збор последен. Нормално ги пресликавме како што сакаше тој, му ги даде, и фати и ја искорна косата и и врза 2-3 шамари и и вика ти дури си под мој покрив има да ме слушаш мене и мојот збор е последен и и кара племе ова она (пред дедо ми и баба ми, родители на тетка ми). Девојчево иначе има 18 години, а толку ја жалам и трауми има... Па овие дедо ми и баба ми колку конзервативно се одгледани најпрвин викаат, јас си мислев којзнае што си направила па за да те удри итн.. (не е поентата којзнае што си направила, туку воопшто не треба да те удри!) Друго што ми боди во очи и викаат ај помлада ќе си се омажиш и ќе се спасиш од таа куќа. Многу ми е жал пред се за братучеда ми, затоа што не мислеше ништо лошо со тоа што го праша да препровери за бројките...
Аууу каква песнаа Спојкава е топење Абел совршенство од глас ама сега со шпанскиов лелее тотално ме освои бре човече Уште толку те обожавам Ајде малку и вас да ве расположам
Победи БајденО, изборите повеќе од сомнителни да не речам местени (едвај гласовите ги "избројаа" ), демократијата што ја продаваат Американците насекаде се покажа дека е трула и кај нив, побрзо Америка избира претседател во други земји отколку во самата Америка, тврдењата дека само на балканот народот бил оптеретен со политика а останатиот "напреден" дел од светот воопшто не ги занимало се гледа дека веќе не држат вода и се чиста глупост бидејќи еве и жителите на Америка и тоа како се оптеретени со политика и тоа како плукаа по Трамп со најниски навреди ала Саше Политико од познати глумци, пејачи, медиумски личности до обичната раја, спремна дури и со оружје да ги нападни гласачите од спротивниот табор, пак дури и медиумите како CNN, NBC... се дрзнаа да го исклучат кандидатот за претседател Трамп на сред директен говор објавувајќи дека лажел, шта речи више И крајно да се надеваме дека сенилниов 77 годишен старец Бајден нема да направи штета врз светот како неговите претходници кои уништија еден куп држави со предизвикување на војни, санкции и сл.
Жал ми е, таа треба да се тргне од таму ама не за да се омажи....ако го направи тоа ќе продолжи да се уништува. Треба да и се зголеми самодовербата, да учи, да се бори, да има сопствен приход и да успее самостојно. За тоа ќе и треба поддршка од сите, се разбира не мислам и не очекувам тоа да биде татко и.
Животе, кифло низаедна. Цел ден читам за кифли. Сега седам у плишан пењоар со табани у солена вода и ментол, дувам нос и мрчам. Па и Маја Вукичевиќ на тв. Дали сум мајка ми у рани 2000ти?! Ги слушам новите комшии французи како нешто си се смеат гласно на балкон. Он заклучува дека сто посто овие имаат добро вино и треба у некое подобро време да почнеме да се дружиме. Каков пресметливко. Недела, ко да не е. Тага ми е душава. Се искаравме со татко ми и си спуштивме. Па ми се јави, демек мачорот сакал да ме чуе, па тој преде од таму, па леле, леле... Мислам се искаравме, не се искаравме, јас му се налутив што не слуша, он се налути дека немам доверба у него, па некако ни се смениле улогите чинам.
Период кај што почнува сѐ да ми мириса на зачадено.. Така некако, седам и мислам дека и внатре во соба го осеќам мирисот..
Денеска Фб ми крца од Родендени,Имендени,Крштевки,испособрани по 20-30 луѓе,лудуваат се журкаат.Не бе џабе и мерки и све,казни за непочитување мерки,абе какви казни бре,само ЗАТВОР не почитуваш мерки 1 месец Затвор,по 3 кришки леб на ден,и по едно шише Вода,и така месец дена,за овој НАРОД нема друго решение.Ние што почитуваме мерки,изгледа сме дегени у пм.
Моите родители пред малку ми кажаа, во маалска продавница пред нивната зграда имало собрано 2 3 луѓе. Поминале цајкани, ги опоменале, кога се вратиле назад истите луѓе повторно таму. Џглап, казна по 400 евра на сите.
Ама Вајлд, како не ти е срам, светецот ќе се налути ако нема слава, знаеш дека јас паднав во депресија што немам идено на кафе?
Пред 3 дена кај мене пред работа,стојат 3јца без маски,си прават муабет нешто зазборени,поминува еден Полицаец,и едниот од нив плука во тој момент,и Полицаецов ги гледа,и ја викам опаа сеа и за маски го јадеа,и за се,и Полицаецот ејј кај си бе брат,со нив дрн дрн муабет,исто без маска,и така си направија муабет,и секој по свој пат,алал да им е.Ја будала сум,ке ја молам Сестрами да не и прави Роденден на Внуката која ке полни 5 год,ради рестрикцииве да ги почитуваме,и тоа Роденден со Татко ми,Бабата,Дедото,и толку,ама не јас мислам за СЕБЕ,и за Фамилијата во овие тешки времиња на Корона да се Здрави и Живи.
Светецот неможе да се налути. Една свеќа у црква и еден обичен ручек дома е доволно. Со најблиските. Со и пред ковид.