Ауу мене вакаааа, мене вакаааа. Ајј шо му кажаааа! Изглеа тоа така фамилијарно им е насилието. Али пази женска му "заслужила" пошо зборела за болна тема и го дирнала за слаба точка. Заслужено си е заслужено немој да шириш дезинформации.
Не ги сфаќам овие што праат собиранки па и јавно објавуваат. Не им е глупо? Ставила една од Охрид слика вчера на Митровден 9 души се собрале, друга исто од Охрид ставила слика 7 девојчиња се собрале роденден слават.Абе идете покријте се не туку се фалете по социјални мрежи дека се групирате. Значи аман више аман.
@Stark Извини,ама ако ти е жал за братучетка ти,треба да ти е и за девојка ти.Каква-таква,и таа е човек и нечие дете. Ни тоа што она те удрила,ни тоа што си бил емоционално паднат не го оправдуваат шамарот.
СДК никој, никогаш не може да ги разбере туѓите проблеми на начин на кој ги разбира и чувствува оној што ги доживува. Туѓото страдање може да ни изгледа банално, но за другата страна може да е сосема валидно.
Има ли нешто поодбивно од продавачки што буквално ти висат над глава додека разгледуваш работи во бутик колку убави работи и да има, просто на човек да му дојде да излезе па макар и бесплатни работи да има, дно!
Тие продавачки се платени тоа да го прават, има газди што ги демнат постојано на камери да гледаат што прават и воедно ги казнуваат ако не обрнуваат внимание на купувачите. Мислиш они многу сакаат да бидат во близина на некој што ги гледа на криво.
Ама на голем дел од купувачите тоа не им е пријатно барем еве за мене кажувам, глупо е, а газдите ако толку се секираат нека смислат подобар начин, а не си влегол во продавница за некој да ти виси над глава
СДК изрекана дека искреноста се цени е булшит. Јас кога и да сум била искрена, обавезно некој ми се лути. Очигледно луѓево сакаат да го слушнат само она што им одговара.
Дали и вие се прашувате некогаш што се случило со сите оние приказни, барања совети во темите на форумов? Се мислите ли што се случило потоа, дали го примениле некој од вашите совети па излегло добро, или излегло полошо? Прекинале ли? Уште ли се заедно? Обично се регистрираат на форумов, бараат совет и исчезнуваат. Чекајте малку, како така? Камо завршница? Камо детали? Оти овака не оставате во незнаење? Или пак советите ептен вродиле со плод и сега сте среќни и весели што заборавивте на нас, вашите мали виртуелни пријателчиња?
Зошто бе ставате од интернет слики, а е нагласено дека треба да се користат лични творби. И баба ми знае така...
На овој ден точно пред една година, се' беше поинаку. Нема да кажам ни подобро ни полошо. Само дека беше различно. Дали беше подобро е прашање на гледна точка...
Цел живот се мења кога ќе практикуваш сè да си држиш за себе во приватност. Нема човек, колку и да е близок, колку и да го познаваш, колку и да му веруваш, што нема да мудрува со цел да те направи помалку паметен, помалку добар, помалку вреден. Прави си што ти годи, ќути си и терај си во животот.
Па можеше да ја почнеш реченицата со во Италија се случи ова, сеа вака се чустува глупо девојчето што прашало цццц..... Еј денес слушнав бомба пукнало, Каде бе не видов на вести ништо леле, абе во Сирија бе се пукаат знаеш... Вакви фори не.