Можеби не го прочитале тоа правило. Само ја виделе темата и набрзина ставиле слика. Си има модератори во секоја тема што ќе го корегираат тоа, смири се и уживај
Од прееска ја гледам статијана за брачниот пар кој стои зад вакцината против Ковид. И си викам, е ова можеш да бидеш ти ако учиш малце повеќе. Воздивнувам, легнувам на кревет и палам ТикТок. Епа терај си така, простичка.
Литературни натци, што коментираат за луѓе што виткале книги, што подвлекувале, пишувале коментари.... Јас го правам тоа. Зошто? Зошто ја читам со цел да ја разберам, запамтам, научам, а не да ја пролетам за да изгледа како неотворена. И ја прелистувам сто пати. Електронските среќа па сето се сублимира на фин начин. Аман остајте ги луѓето да читаат како сакаат, никој не ви суди што Гијо Мисо ви е омилен и слично. Глумите лудило на просветлени, а ништо не сте научиле од книгите за разноликоста. Ај за позајмените книги, разбирам и навистина не е убаво, ама со своите книги ќе правам како сакам, не ми се за изложба, за ум ми се, за доживување.
Среќа е... кога знаеш дека немаш потреба да одиш на стоматолог Спојлер Јас ќе си почекам за тој тип среќа уште некое време
Јас пак обожавам посета кај стоматолог. Најопуштена сум во тие моменти, и единствено тогаш навистина немам што друго да правам освен да сум таму и да седам на столот. Кога веќе споделуваме перспективи.
мислам дека заслужуваш некоја награда... Јас слично, пробав да мислам дека сум на Сејшели, као лежам на некој sunbed покрај океанот а не на тој стол (што стварно може да се користи како лежалка ). Не беше многу успешно
Ме изнасмеа слатко Не биди толку строга кон себе си. Секој си има сопствено темпо Не значи дека ако нешто е одолговлечено, нема да биде успешно. Не мора сите да се вклопуваме во очекувањата на општеството.
Како чоек шо ненормално се плаши од забар, и со години се тегни по забари ... Есенва стиснав заби и скрстив со стоматолог едно 6 месеци. Вистина е среќа. Цитирам за да кажам дека вистина е среќа.
Сакам пролет. Сакам поубави времиња. Сакам кафе во кафич лабаво,сакам Грчка на моренце ,сакам чајче во Банско ,сакам кафана во Белград . Да пројде и никад да не се повтори!
Рутина. Рамна линија. Ништо. Сѐ околу тече по некој свој природен тек, но тука нешто заглавило. Комплетно затворен круг. Повремено нешто да те размрда, ама најчесто во непосакувана насока. Мислите те во минатото, те во иднината. Сегашноста нема ништо добро за анализирање.
Она кога учиш цела ноќ, па сабајлето се осеќаш ко изгубен германец и не знаеш што се случувало. Каков земјотрес бре, и војна да има нема да осетам. Добро утро
Е Аман више ама не се доседува сам што треба како утмани цел живот да го поминеме, нас младоста ќе ни помине со оваа коронава како што тргнало и такви моралисти да не кажам (несоцијализирани) личности ќе веруваат на секоја глупост што ќе ја слушнат и ќе си тераат самотија цел живот.