Леле, wow, многу ќе се изнаживеете собирајќи се на клупа пред зграда или кај некој дома или во Охрид. Уфф какви спомени, какви искуства, човек да ви завидува!
Истото го помислив Ова младоста ми помина ми е толку патетично, мислиш во скривница живееме и војна фати надвор, а тинејџериве практично си продолжија со животот на сосема ист начин, барем мојот впечаток е тој. Ако некого навистина жалам тоа се децата. Малите деца на кои детството кое и онака им е скратено во денешно време, со обврски и школо, а сега треба да го минуваат без вистинска и правилна дружба, без театри и приредби за празници, без некои од работите кои мене ми се најдраги спомени од детството. Иначе @Luciferka надвор од темата тие "несоцијализирани" личности, кои немаат голем круг на луѓе и уживаат во самотијата, се во многу поголема предност од тебе, која имаш потреба од некој друг за да ти го направи животот убав. Среќни се сами со себе и не им треба некој друг за да бидат задоволни, зошто блиските им се доволни. Затоа тие несоцијализираните немаат проблем да излезат од токсични пријателства и врски Ако несоцијализирана ме прави тоа што имам мал круг на блиски луѓе кои навистина ми се потребни и кои сум среќна што ги имам, со кои немаме потреба секој ден да пиеме кафиња и да оговараме трети лица за да останеме блиски, so be it. Подобар ми е таквиот живот. Оваа година секако нема да имаме најголемиот дел убави спомени од секојдневниот живот, од патувања полни со авантури и случувања, од впечатливи настани, така да кафињата со другарки или слави со роднини до петто колено најмалце ќе ми го надоместат тоа што всушност најмногу ќе фали.
Во диско не сум била година и пол, заден пат во Станица 24 бев. Од коронава освен на кафе и вечера некаде, не сум се групирала со луѓе. Како интроверт мојата комфорна зона е релакс тајм за сега. Јас лично овде со никој не се дружам,луѓе ме викаат по кафиња,прошетки... Не сум анксиозна нит депресивна само кога идам на кафе со некого не можам да се убедам,а откако ќе отидам ми е најубаво на свет.
Нема филозофија, од мала немам никаков страв од стоматолози, машини и слично. Ординацијата каде одам е иста, и луѓето се фини и стручни па немам многу за мислење и плашење. Последните години почесто морав да одам, и уште толку ги засакав сите. Пристапот од почеток е многу важен. А стравот е ирационален во повеќе случаи. Кој може нека го надмине.
Потполно се согласувам. Кога сме веќе кај пристапот и првиот впечаток морам да продолжам и да се согласам со тебе. Пред 2- 3 месеци преминав кај друг стоматолог кој е премногу флексибилен, фин, кул и супер си ја работи работата. Нема одредени термини, звонам сега- одам за макс. 30мин. ако не и веднаш (зависи од него) и веднаш почнуваме со работа. За разлика од претходната кај која што одев, и каде закажан термин во 17 на пример, значеше завршување со средување на забот околу 18:30, што беше навистина напорно. Меѓутоа, мислев дека нема подобра од неа поради сплет на причини, за да сега, поради истата таа што ја сметав за најдобра лечам неколку заби кои имаат гној поради неправилната работа и поставка на самите пломби кои ги ставивме пред само неколку месеци. Причина- не знам. Поради ова преминав кај друг стоматолог кој уште на почетокот ми остави одличен впечаток и полека стравот избледува(ше), иако сепак постои. Во последниве два месеци практично 2- 3 пати сум во неделата сум во ординација и нема страв како почетокот. Кога веќе се раскажав, да ја кажам и поентата на мојов мал тед ток и пораката до сите: Внимавајте кај стоматолог одите, не сите си ја работат работата како што треба.
За жалење сме стварно... Греота младоста ни отиде да. Ќе се воздржиме уште малце бе ајде. Ако сакаме наредни слави и родендени да сме со истите луѓе, годинава ќе се воздржиме. Ако сакаш сите да ти умрат у околина иди по собиранки.Пак ќе си сама наредна година. Бирај,сега или наредна година
Ауу ова ептен ме натажи... колку само е непредвидлив животот https://www.fakulteti.mk/mobile/new...va-na-koreografija-shto-ja-igrala-vo-minatoto
Имам читано дека пациентите со Алцхајмер не можат да ја заборават омилената песна или музика што ја обожавале, бидејќи болеста не ги засега тие делови од мозокот. Како и да е, многу емотивно...
Ќе да е вистина.Братучетка на мајка ми боледуваше од оваа болест.Името си го забораваше,ама не и зградите што ги проектирала.Си ја обожаваше работата.
Мене само она за бушење ме плаши малце,на другите алати навикнав. Стоматологот е пријатен и трпелив човек,па немам страв ни од него. Ко мала ептен се тресев.
Јас сега пред месец дена кога ми вадеа заб, јас буквално како треска да имам се тресев и у сред тресење и реков на докторката “Спремна сум идеме јако”, божем црева ќе ми вади. Она ја криеше инекцијата ама со најдебела игла ме боцна (во Мкд кај мојата со тенка ме боцка) осетлива ми е кожата. Дм и кажал дека порано сум го гризнала докторот кога сум вадела заб,а уствари вистината беше дека го фатив за гуша. Толку ме разбрал и тој. Сега се смеам ама тогаш Инаку,уплав имам од ординации.
ама слатко ме изнасмеа, извини, знам дека се трауми И јас имам фобија од стоматолог, психички се спремам ден-два пред да отидам. Ама, како мала ме носеа кај еден доктор (ко месар беше), со стомак, таков строг, и стално викаше: "немој да мрдаш ќе ти ја забодам машинава во глава" ... рака на срце, уште ги носам тие црните пломби-беше стручен (може гром да ме удри, од што имам железо во забиве)... ММ нема отидено многууу одамна на стоматолог и никако да го убедам. Последен пат кога бил, и избегал на докторката од стол (а, само што му ставила анестезија).
Зборувајќи за заболекар, мене најмногу ми е страв од онаа алатка ко кука што е со која ги чепкаат забите. Никогаш нема да заборавам ко ме чепна во нервот при отворен заб и до срце ме заболи. Од тие за стружење не ми е толку страв, последно ко праев заб со две анестезии праев и не сеќавав. Ама па не сум појдена ич откако е почната коронава и пред тоа некое време. Да не се зарекувам ме нема болено заб.
Мене повеќе ми е страв од самата болка од забот отколку од стоматолошка интервенција. Еднаш си дозволив да стигнам до тој степен на ужасна болка поради одлагање и неоснован страв од заболекар, и никогаш повеќе.