А јас како мала таман ќе ме седнеа на столот, станував и бегав низ ординација и во чекална трчаа докторот, сестрата и мама по мене. И додека ми го правеше докторот забот јас со едната рака во бокс ми беше и еднаш му ја залепив на докторот среќа беше семеен пријател и ме сфаќаше колку ми е страв па се тешевме заедно саат време пред секој заб.
Алооо здрави ли сте со мозокот бе??? Во нормални услови еден ќе се разболи во волку полн автобус не па сега. Господе фрли пола кило цигли и биди прецизен. Како последна 57ца у животу да им е.. еее бе болен народ бе цц Ние сме сите цела Македонија топтан за во лудница.
И последна да ми е пешки ќе фатам ќе си отидам. 85% што се качуваат во бус, се качуваат за 2-3 станици се симнуваат.
*Се појавува корона вирус -Луѓе да ги заштитиме хронично болните, постарите, тие се најранливи. *Скопје најзагаден град у свет. -Ае бе, мање битно. Ене со години е загадено, па живи сме. Од греење со дрва е, ништо друго. Ве заболе вас ку*от и за хронично болни и за сите.
По јсп? Еве ок они не пуштаат толку автобуси.Ама што ги кошта да почекаат нареден. Па не сум луда да влезам во толку полн автобус. Прво не се дише општо, прозори затворени вентилација нема. Да не ќе умрат ако почекаат нареден? Ја искрено и кога немаше корона сум чекала попразни автобуси пошто се паѓа во несвест иначе.
Треба да видиш 23ка навечер. Колку деца се качуваат на бисер. Цело ченто, маџари и хиподром искача само у бисер. Сите се по групи од 4-5 души да дадат по 20 денари(што останале од 100ката мама шо ја дала) ќе си отидат со такси. А не да се качуваат буквално 100 души(седнати по скутови) во автобус наменет за 30.
Некогаш и јас сум чекала следен ама и тој бил само каде каде попразен. Буквално има автобуси кои обраќаат во најфрекфентни населби и тие се скоро секогаш полни. - 2, 22, 24, 41, 50, 57, 5, 15, А и може да гледаат да решат загадувањево, да можеш и пешки да одиш.
Не само тоа, пешки ќе го фатам патот. Саат- два ќе одам можда ама ќе сум си благодарна што здравјето не сум си го ставила во ризик. Постојат точаци, ролерки, тротинет не мора со автобус да се иде на работа.
Ова е прилично во секој автобус во период од 14 часот до 18, време кога сите си одат од работа. Цела година се труби да се пуштат поголем број автобуси во овој период, тие ги намалија. Да имаа луѓево средства за да си допуштат приватен превоз немаше да се буткаат во автобуси. Повеќето и чекаат да дојде следниот, ама следниот е уште пополн од претходниот. Замисли, стануваш во 6 часот наутро, цел ден работиш мизерна работа и се молиш автобусот што ќе дојде да биде празен за да стигнеш до дома, конечно. Луѓето се најмалку криви, лесно е да се плука само по народот.
Нема да умрат. Ама кога на некои линии наредниот е за саат време, што да прават? Да чекаат саат време? Исто ќе биде.
Не знам како плукаш по луѓето кои се приморани да се возат зашто во време на пандемија на јсп им текнува дека е паметна идеја да има редуциран возен ред.
Добро, 65 годишен човек на ролерки ќе се качи. Што да прават оние кои работат на 30 километри од работното место, што одат и се враќаат секојдневно со 2-3 автобуса?
Ја не знам шо ми го имаш ти на мене пикот толку па ми се закачуваш на секое мислење. Да не ве цитирам секоја посебно. За пешки одење со загадениов воздух баш и не е ама ај маски имаме. Знам како е кога си скапан и не можеш да идеш пешки. Ми се случувало или насабајле/ пред втора смена или после школо да нема игла кај да падне во автобус.И или сум чекала по 20минути ако идам накај дома или пешки сум одела накај школо. Значи не ги правдајте во постапкава пошти за 3-4 дена кога ќе рипне бројката ќе кукате сите во другана тема како никој не почитува мерки. Да е нормална ситуација ќе пробам да ги сфатам.Сеа не ни сакам.Не знам со кој мозок се испопикале сите. И има решение.Ќе си најдат колега што им е успат нека се договорат да ги носат. Еве тетка ми така праи.Во ИЗ работи, на тетин ми му е тотално отпатно да ја носи до таму.Па оди со колега.Голема работа нема колата да му ја изеде.Некад му дава и пари за гориво. Братучед ми еве нема кола па иде од Тафалиџе до Парк со тротитет па што? Не туку ги правдајте и сожалувајте, на сите ќе нѝ се врати оваа глупост. Или во такси да се соберат неколку колеги по 100ка да дадат подобро е. Ај сеа кажете ми ,,немаат сите по толку” Добро, епа ние неаме толку доктори колку што имаме неразумен народ.Нека си ја чуваат 100ката ептен ќе се збогатат. А 57цава Безименка да ме извиниш не е редок автобус уопште.
И викаш од Козле до Радишани со тротинет да фатат? На 10 минути да оди сред пандемија и те како е редок. Порано 5ка одеше на 7 минути, сега на 10. После гужва било. Епа гужва е. Нема да коментирам повеќе. Толку сте привилегирани што веќе не сте во допир со реалноста.
Па да де дур идеш уште у школо вака ќе збориш. Ај да видиме утре што ќе речеш кога ќе идеш на работа а уште и ако треба да смениш 2 автобуси. Иди пешки тогаш..
Убаво ќе беше сите да имавме пари за такси, да имаме свои автомобили и да имавме време по 1-2ч пешки да идеме до таму и назад или сите блиску да работевме/студиравме за да не идеме со ЈСП. Можеби некогаш во утопија, а до тогаш во Севернава ќе се пикаме вака во ЈСП, ние обичните смртници...
Или од коронава почна грешно да резонираш, или комплет ќе се разочаруем у тебе. А надежно дете беше Значи, полни автобуси не се во ред никогаш. Некој тие автобуси треба да ги планира, кога е пик, кога има повеќе луѓе, кога помалку. Скопје има јавен превоз одкога знам за себе, стално било хаос и никој не научи за толку време како се планира возен ред. Сум одела пешки 5 километри, млада сум била, побрзо ми било одошто да чекам автобус. Колеги од Куманово побрзо стигале до факс, отколку јас на 5км од факултетот со автобус. Не можат сите да одат пешки, и јас сега не би одела пешки. И овие сега, ќе чека нареден, тој демек празен ќе биде? СДК не е крив народот, крив е тој што зема плата за да го организира превозот. Е тој да го пцуете