Искрено не гледам кој цитирам туку прво го читам напишаното па не ни памтам дали сум те цитирала еднаш или 3 пати. Не можеш да им викаш на 50-60 годишни луѓе ај одете си пешки или најдете си колеги.Не сите имаат време и можност да одат пешки или да имаат колеги што им живеат блиску. И споредбава со кога ти си одела во школо ти е без врска, кај споредуваш дете со возрасен човек што нема ни пола од енергијата и времето?Особено после долга работа, човек со милион други обврски сигурно едвај чека уште 2 саати пешки да иде по загадено. Место да плукате зашто на луѓето им се скратува право да имаат јавен превоз како што доликува и за кој што плаќаат, вие им кажувате како да одат на работа, како да они едвај да чекаат да се туркаат во автобус. Баби да одат на тронитет, океј, ај малку назад во реалноста.
Да не сакаш власта да е крива случајно? Шо се будалиш така? Кај се видело и чуло власт за нешто да е крива?
Не знам за вас ама јас на загаденово со маска и без многу разлика не осеќам. Некни излегов со нова маска, пак ми смрдеше и ми беше тешко за дишење. А со автобусиве. Очекувано е 57ца или 2ка да е полна, а 60ка или 53ка да не е.
Можеби можеш од професионална деформација, да провериш, какво сра*е се дешава со маските во контакт со скопскиот воздух. Не ми изгледа како добра комбинација хируршка маска и воздух од Усје/Дризла/Железара. Какви маски уствари се препорачуваат против загаден воздух?
Јас порано осеќав разлика доста искрено. Сега не сум во Скопје веќе. Провери да не има луфта случајно, треба ептен да лепи на лицето, кога дишеш практично како вакуум да ствара. Самата маска мириси (гасови) не филтрира, намената и е честички да филтрира, ама сепак некаква разлика треба да осеќаш отколку директна изложеност.
Леле муабетиве ви се.. Уште што не заплакав. Мене фативте да ме тепате.Ја ли сум ви крива што нема автобуси? Пљукате овде ова не чинело она. Идете бунете се на ЈСП што ме замарате мене не ми е јасно.Ја нити сум социјално нити сум ЈСП. Супер немајте енергија немајте пари, пикајте се по автобуси вака како сардини ама немојте после да кукате како сте закачиле корона. @Bezimenka90 значи ќе се снајдат.Тетка ми од Радишани баш еве кога го спомна, наоѓа во Центар превоз и иде накај работа.Да не иде по автобуси.Имаат стар човек дома. @Biljarkata нема зашто да се разочаруваш.Мене одамна ми прошло тоа кога вака имав сожалување за сите и плачев зошто некој немал пари итн итн.Почнав да гледам за себе и моите. И ја сум се качувала поради подолги десинатии да.Еве за на упис.Па пак чекав попразен автобус. Коленово едвај одам некад, пешки идевме и се враќавме со мајка ми од доктор. 2,2км во правец од дома.Ја ем со потечено колено и со болка а мајка ми со 62 години па шо? У такси неќе да влезе, кола не вози. Па пешки идевме.Ме праша ли мене некој дали можам? Не. Си искочив саат време порано.Па дури и подзакаснив 10минути на предавање и однапред нагласив зашто ќе каснам.И се имаше разбирање. @Angie1432 епа на бабите што ги викаш местото не им е ни за во автобус.Они па најмалце немаат кај да идат освен да се возикаат низ Скопје. На татко ми како срцев болесник си 2 стента му е препорачано секој ден минимум 40мин прошетка. Дома коа доаѓа има изодено 2-3 км сигурно.А по 8 саати гледс во лаптоп и очите му паѓаат. Значи чим луѓе со болно срце можат да изодат бар толку може и здрав човек. И пак не ме сфативте што е поентата. Не гледате дека автобусот НЕ МОЖЕ да се затвори.Место на нив да им го мерите умот што се изнапикале 200 души мене ми се сипавте што им се чудам на мозокот. Како ја да сум крива што нема автобуси. Не се губете молим вас. @Dream-Girl ти имаш гледам од дома до факс некои 4,6км и јас од дома до факс имам некои 5,3км И ја идам со 2ка и ја ризикував два пати да се изнапикам во според мене една од најкритичните линии ама не во волку полн. И онака за до факс ако треба да одам искачам 30минути порано за секој случај. Знаеш кај живеам, 2,12ка поминуваат доста често.Ако гледам дека оваа тура е фул скроз, ќе почекам друга, ако и таа е полна ептен ќе почекам уште малце. Значи не е муабетот за кога автобусот е со пола капацитет туку кога е дојдено до степен да не се затвораат вратите. Пред пандемијавс се возев еднаш во полу празен за накај дома.Се изнапикаа сите исто вака вратата не се затвараше и си дишевме у фаца. Океј, ако ви е на сите побитно да не закасните негде место да ви дише некој во фаца, не зборете после дистанца и 2метри. Пошто во волку полн автобус ни Исус Христос не ги спасува. Поздрав
Ама како гледаш за себе и за своите? Се зачлени ли во партија? Лепиш ли плакати? Почна ли да се занимаваш со криминал? (добро, на ова не мора да одговориш, да не треба после негде да одговараш). Пошто така ,,се гледа,, за себе во последно време. Не гледаш за себе и за своите ако плукаш по погрешните. И на мајка ми и на мајка ти може да им треба автобус, и да влегле кога бил празен автобусот, сега исто им се фаќа. Токму како што адресираше, по ЈСП треба да се плука, и по се што е одговорно за тоа, од градоначалник до директор. Ум да делиш на народ не можеш, а ни пари богами. Друго СДК. Фолк пејачката Дара Бубамара го запозна синот со нејзиното момче Тони... Се сретнаа во ресторан во Нови Сад и помина одлично. Коста не можеше да го тргне погледот од тетоважите на Тони, а му се допаднало и тоа што сака скапи возила.Двајцата момчиња не можеа да запрат со разговор раскажува пејачката. Стварно, можам да замислам каков проблем би настанал, кога би сакал ефтини возила
Самодовербата ми варира од "ти парче небитно месо" до "омг како би те легнал прејака". Н е м а средина. Најлошо е ко ќе ми варира во распон од 15 минути.
Ај мислењава да се префрлат во ЈСП групата. @RainBow @cresa-jagoda @Dream-Girl и незнам други модератори.
Ајде па и ти не ја преувеличувај толку работава како од хорор филм да си излезена секој втор ден да пишуваш вакви постови, човек да те чита во бункер ќе се скрие и никогаш нема да излезе. Смртноста од коронарна е 0,23% биди реална барем малку млади сме барем ние младите сме свесни дека ова е нешто што не е опасно колку ни сезонски грип.
А дома сите сте вака млади ко тебе? Ај ти викаш лесно ќе поминеш, ама дома? Другите постари луѓе околу тебе?
За вас не е опасно, но за твоите родители, баба и дедо е опасно. Никој не може да ти забрани да си продолжиш со активностите, но ако барем малку имаш совест, ќе се стрпиш.
Да го ставиш животот на пауза. Едно гледање со другарка може тебе да ти причини задоволство, но да има последици врз повозрасниот што ти е по дома. Прашањето е дали вреди за задоволство, некој да оплакуваш?!
За тоа се согласувам. Изгледа погрешно го протолкував твоето мислење. Не идам по кафиња иначе ниту било какво гледање со другарки. Ама читав во темава се плука по се и секој, последно беше дебата за возење со автобусите. Се плука по луѓево а тешко е изгледа некој да сфати дека живее во една општина на едниот крај од Ск а се работи во општина на другиот крај од Ск.