Од нервоза го напишав, зашто еден болен работи за тројца хронично- здрави. Здравите само на слика ги гледаме, нормално по социјалните мрежи ЈЕР не смеат да доаѓаат на работа, може да се разболат од хронично болните.
Џабе позитивност ако ништо позитивно не ти се случува. Позитивноста е само дрога која помага да ги издржам срањата во животот, но во основа ништо не ми менува. Ако си искрено позитивен, не значи дека позитивни нешта ќе ти се случуваат. Тоа само значи дека си позитивен наместо негативен.
Не знаеш колку се согласувам. Иста сум и јас. Но полесно ми е да најдам некаква мала надеж, светла точка и да се фокусирам на неа. Колку и навидум безначајна да е таа. Дури и по цена на кратко бегство од реалноста. Особено во овие не толку добри денови, многу е важно да најдеме механизам за справување. Посебно кога ние како единки не можеме многу да промениме...
Абе да, ама ретроспективно кога ќе погледнам наназад се' што правам е држење за некаква мала надеж поттикната од позитивност и се' што правам е баталување на нештата врз кои немам контрола и толку, никогаш ништо не се подобрува. Истовремено, се' повеќе труд вложувам и во себе (психа, менталитет, култура, образование) и во моменталната "работа" која ја имам, а се' полошо одат работите.
Да не звучам ко расипана лента, сигурно ја знаеш онаа изреката какви ти се мислите, таков ти е животот. Ако зрачиш со позитива, такви и луѓе ќе привлекуваш кон себе и обратно. Епа ти си сама шеф на твојот живот и сама треба да ги насочуваш мислите кон она што мислиш дека ќе те направи среќна. Пробувај различни методи, еднаш , два пати , ако не бива, пак ќе пробаш да смениш нешто, анализирај што можеш од твоја страна да направиш за да ти се случува она позитивното. Значи за се во животот сама бираш , сама донесуваш одлуки и идеш на ризик дали нешто успешно ќе заврши или треба да се обидеш повторно. ( љубов, пари, пријатели, кариера, лични задоволства, фамилија , станбено прашање и се по ред....) Ако се сака, се се може и се изнаоѓаат и испробуваат разни начини. Само ти треба јака самодоверба и трпение. Знам ќе речиш, абе лесно е од страна да даваш совети, ама не е така у пракса.....- така е, не е лесно ама еднаш се живее , па мораш сама да си процениш од каде ќе почнеш да си правиш некои промени во животот, чекор по чекор полека. Знам дека не побара совет од никој на форумот, само сакав една мала виртуелна поддршка да ти дадам да се обидеш да промениш нешто што ќе ти донесе позитивност која ја бараш.
Се е тоа точно дека треба да е човек оптимист, позитивен итн. Ама некогаш во животот се случуваат работи кои не зависат од нас (болести, смрт на блиски итн.) и тогаш нема смисла зборовите какви ти се мислите таков ти е животот. Овие вакви изреки ги промовираат мотивационите говорници, лајф коучеви и како и да се викаат само заради профит. Кога ќе видиш не е тоа така еднодтавно баш дека се од нас зависи.
Оф леле. Муабеов јас го зборувам на кому стигнам, во живо и на форумов. 100% верувам во ова, но пак ќе кажам: постојано имам позитивен став до тој степен, што делувам смешно, но знаеш што? Сфаќам дека џабе ги имам тие позитивни мисли, кога не ми привлекле ништо позитивно. Ете гледам ретроспективно уназад барем 5 години. Не би да споделувам приватни нешта, ама ако ги споделам, гарантирам дека ќе се сложиш со мене. Работата е што сакам. И се трудам. И баш токму затоа постојано пробувам, но ко ќе видам подобро, се' што успевам да направам е еден чекор напред, два назад. Заклучок: џабе позитивност. Не велам дека ќе престанам да бидам позитивна. Не можам да престанам затоа што таква сум, си го имам развиено карактерот и психата на тој начин и негативноста е деволуција за мене, а тоа не би си го направила. Имам самодоверба, онаква здрава, не нарцосоидна, туку таман каква што треба да биде. Но што ако? Кога пливам со пирани на кои гајле им се за мојата самодоверба. Трпелива сум. Трпелива сум до тој степен што еве, цела година вложен труд и вишок време од потребното, повторно ми велат "Не, не може". Џабе имам трпение кога на тие кои глумат дека важен им е трудот и посветеноста, гајле им е за твоето трпение. Ќе речеш можеби... "океј, пробај нешто друго штом тоа не функционира, на тебе останува што ќе правиш." И во право си. Бидејќи во моментов немам друг избор, ќе ги оставам се' уште да ме цицаат и контролираат како пион во шах партија. Но исто така ќе продолжам да бидам позитивна и да се надевам дека среќата ќе ми се промени.
Кога ги спомна болестите , смртта , свесна сум јас дека сите ќе умреме , јасно ми е ко бел ден и што ако умре некој од фамилија, треба ли да се убијам ? Ете пред некој ден го оплакував кучето и да, цел живот ќе ја осеќам таа празнина, ама треба ли да се обесам оти нема повеќе да го видам ? Затоа и реков, еднаш се живее па гледај да си го проживееш животот и баш најмалку ко ќе очекуваш некоја работа, е баш тогаш ќе излезе некоја непланирана шанса во некое поле од животот. Инаку не си во право, цврсто стојам на ставот дека баш од мене зависи , никој ми нема ставено пиштол на глава за да правам на сила и да го работам тоа што не ме прави среќна и што не ме исполнува. Верувај , се што сама мислиш дека не ти оди у животот, одма си вртиш у глава што можеш да смениш и малку да ја ублажиш ситуацијата. Следна реплика ќе ти биде - не си у моја кожа, не знаеш како ми е - така е , во право си , глупо звучам како да солам памет, но имам примери околу мене кои исто така биле депресивни и мислеле дека нема смисла животот , па се обиделе со мала промена и сега си тераат живот, Почнувајќи од братучетка ми : дома леб и сол јадеа, немаа пари за вода и струја да платат, девојчето позејми пари, замина бејбиситерка во Англија , се омажи таму, створи фамилија , им праќаше пари на нивните овде, ја повлече сестра и , заврши курс за фризерка и сега таму си работи тоа. Другаров : му починаа родителите во сообраќајка , сестра му се омажи , а он остана без работа , позејми пари , се запиша на курс во Германија и еве го сега пред месец дена ми се пофали земал и германско државјанство и после долги години си работи во еден Универзитет. Другиот другар исто разочаран од Мк , неговите дома се изразболија , имаа неплатени сметки, запазнаа во долгови, и он скроз разочаран сакаше да убие некој оти велеше оваа држава е за некој мајка, за некој макеа ,,, позејми пари, замина за Авганистан, почна да праќа дома пари , се средија со сметки, куќата ја средија, он плати пари за лекување на мајка му итн. Имам уште разни други примери исто со колега од факултет, он буквално кај баба му живееше оти дома немаа покрив неговите , беа заминати странство па му праќаа пари да заврши и сега има отворено фирма у Скопје. Значи мораш сам на било кој начин да се обидеш да направиш промена. Не е лесно, ама на крајот ќе си осетиш посебно задоволство што си презела ризик за некоја работа и успешно ти испаднала.
Прво нигде не спомнав убивање, не испревртувај. Второ, какви сакаш ставови имај, тоа си е твое. Трето, јас само велам дека на дете кое е малтретирано а нема помош, не можеш да му речеш какви ти се мислите таков ти е животот. На мајка која го изгубила своето дете не можеш да и го речеш тоа. На девојка/жена која е силувана исто. Итн итн. Убивање, префрлање вина на други исто не затоа што тоа е улога на жртва. Само да не одиме од една во друга крајност. Во одредени моменти нема никаква смисла тоа со позитивност и мисли.
Никаде не ти превртувам зборови. Ти сама спомна болести, смрт и јас фино лепо те прашав ако умрел некој близок што треба да правам ? Да си го скратам ли животот, готово, штом починал некој од моја фамилија и готово ќе се убијам ?? Треба да се помирите со тоа дека никој не живее вечно, па после да терате со животот, нема ваљда цел живот да живееш у страв дека еден ден ќе умреш и да запаѓаш и да се оболиш поради тој страв да не ти почине некој од блиска фамилија. Делот со дете не ти го сфаќам , ако ти познаваш дете кое е малтретирано , па пријви таму во служби задолжени за малтретирање. Си има установи за решавање проблеми. Не знам дали сме на иста бранова должина , но не можеш да седиш дома со скрстени раце и да чекаш некој друг да ти го среди животот ако сама не се потрудиш, исто и за проблеми, се си зависи од тебе сама. Не знам , може ви фали самодоверба, ви фали храброст, се плашите да ризикувате , за разлика од вас нема шанси јас да трпам ако не сум среќна од нешто, ма нема шанси бе, одма промени, ако не ја бива, одиме да испробаме со друго.
За дете е веќе друга тема ама колку има кои што си ги тепаат децата и тоа нив им е нормално а сите знаеме како функционираат институциите џабе збориме за ова. Ни јас ни ти не сме семоќни. И јас велам дека треба да се продолжи со животот, ама не во секоја ситуација со глава у ѕид какви ми се мислите таков ми е животот. Многу пати животот нема врска со мислите. Едноставно велам ситуацијата е таква каква што е, јас ќе се потрудам што можам да подобрам, променам, решам итн ама немам намера да си го ставам тој товар дека јас сум виновна за се, односно моите мисли и дека морам да мислам позитивно. Не морам секогаш. Денес не се чувствувам добро пример и нема врска тоа со самодоверба и сосема е нормално тоа..
Да бидеш позитивен значи да пробуваш да останеш ведар и кога ти се случуваат лоши работи. А ова дека ќе привлечеш позитивни работи со позитивни мисли, е булшит. Така да, те сфаќам. Јас би ти рекла, не форсирај се да се осеќаш поинаку од тоа што се осеќаш. Сите чувства се нормални.
После сите приказни, наравоучението е, среќата ќе ти се насмевме во странство Сдк се е минливо и мерливо, не се откажувајте од целта.
Види, да ти признаам искрено, не дека се дрогирам па сум нон стоп во топ расположение, НО , 80 % од времето сум расположена иако има и тапа денови, плус лесно знам да се изнервирам , да испцујам и брзо да ми помине нервозата ( не го рачунам тоа за пропаднат ден ако сум се изнервирала 10 - 15 мин, ништо де, брзо ми мини нервозата) , за да не се осеќаш добро сигурно има причина, но тоа е друга тема. Делот со самодовербата е почнат поради членката погоре која се жали дека не и го ценеле трудот, претпоставувам не е задоволна од работното место. Не си во право, и те како психата знае да погоди, од ден на ден, ќе си собираш во себе мисли и после знаеш на што мислам. Јас форумот ќе го земам за пример , премногу се осеќа позитивна или негативна енергија во конкретна тема , па тука идеме кај муабетот мој кога пишав , сама си бираш каде ќе се забуташ исто ко во реалниот живот, сама си одлучуваш за разни работи и си видеш дали ти одговара тоа друштво да земам за пример или било што од животот.
Шо не се откажувајте ко цело време се плашат форумџиките од смрт , бегаат ко од ѓаволот , не им се ризикува и после се жалат не биле среќни и исполнети со тоа што го работат.