Комплетно булшит е. Аман баталете квази мотивациски ликови и книги. Повеќе штета на психа прават отколку корист. И колку не можам да поднесам такви гилт трипови кога им прават на луѓе, демек имаш се' немаш причина да се жалиш или да се чувствуваш така. Одвратно. Многу убаво си пишала, чувствата се нормални, се прифаќаат такви какви што се и ако се негативни се работи на нив или на околностите кои ги предизвикуваат. Не е нормално ни да сте среќни, ни да сте позитивни цело време. Ни па да се форсирате да бидете.
Како мислиш опасни-отровни? Секако одма ја пуштив надвор Едит:Сега гуглав таа била азиска бубамара и не била отровна
Не знам, знам комшиите ги бркаат како небезбедни инсекти. Немам енергија да научам за сите небезбедни инсекти во континентална Европа, доволно уплав од крлежи имам. Кој би помислил, инсекти поопасни од крокодили. Ми иде во Бразил да се преселам, да си ја викам бубамарата борболета
Мисли реално, ни позитивно, ни негативно. Шансата да биде + или - е секогаш 50-50. Чашата не е ни полуполна, ни полупразна, туку некој заборавил да достави, или некој веќе се напил. Контактот со реалноста е оној што ќе ти даде душевен мир. Кога ќе споиш + и - ќе стане неутрално, или популарно кажано куроболие. Е со тоа се живее до 101 и назад.
Кај си ма ти ? те нема, те нема , па скроз те снемува Јас влечам накај позитивно , шириме позитива меѓу негативците Ла ла ла ла ла ла
Има една дупка у муабетов (конкретно насочен кон мене), а тоа е: јас не се плашам од превземање ризик, всушност постојано само и превземам ризик. Последнава (моменталнава) работа беше превземен ризик, ризик кој испадна тежок фејл. Сега ме оставија на "take it or leave it" и баш би сакала да потегнам накај "leave it" затоа што ми е смачено од лажење и манипулирање, но свесна сум дека во блиска иднина нема да најдам нова работа, а ми требаат пари. Моментално зависам од нив. Тоа не значи дека нема да превземам ризик подоцна. Комплицирано е и секој случај е иднивидуален. Како и да е, можеби не секогаш самите си ја градиме среќата, ама барем од нас зависи како ќе гледаме на нештата. Клише, ама така е. Едит:
Еве филозофирам бисери во сред пандемија. Секако е подобро да си позитивен, освен ако се работи за ХИВ
И корона. И Хеп.Ц Јас сум генерално позитивна мислам. Освен кога ме фаќа депре. Тогаш очајна сум до дното на сите океани на очајот.
Нешто слично као она: направи 100 добри дела и една грешка и ќе бидеш запаметен по грешката. Така и со ова, 100 пати биди позитивен, еднаш негативен, и ќе бидеш етикетиран како негативец.
Колку помалку размислувам, толку поубо се чувствувам. Од overthinking си патиме, ама кој да ти каже Ивана...
Јас сум за додека трае позитивното да се радувате, а кога е до нервоза/тага па и тоа е за луѓе. Само велам да не се заборава човек ни во едново, ни во другово ептен. Затоа што со првово губите малце осет со реалноста, а второво црпи енергија. Генерално сакам да ги гледам нештата на оптимистичен начин или барем да најдам нешто комично и во најдупка периодите од животов, па да си се изнасмеам барем. И си сакам луѓе слични на мене во овој поглед. Се дружев еден период со колешка што ништо не ѝ чинеше. Абе луѓе значи и во најдобрите ситуации, ќе најдеше нешто да плука, да се жали, да кажува колку ѝ е тешко. И ќе помислев дека можеби е во депресија, ама според енергијата која ја покажуваше за карање, превртување очи на постапките на други, стегнатост и зборување за обврски и кога ќе излезевме, не ќе да беше тоа во прашање. Значи стануваше збор за избор и одење со глава во ѕид на сопствена штета. Па морав да се оддалечам со тек на време, затоа што си сфатив дека енормно лошо ми влијаеше на расположение, мотивација, цврстина, па дури и размислување. Зборот ми е дозволете си да ги искусите емоциите. Ама исто така не се правите дрво АКО можете нешто да промените во околностите, муабетот на Херера.