Колку и да не ме поднесуваат некои на форумот , ајде по 678 пат да повториме какви ти се мислите, таков ти е животот и да се потсетиме кои други членки ги имаат пишано истите зборови. Ама нели поинтересно е Херера ко ќе пише и да чека некој ко за инает да пиши дека Херера пишала глупости , а истите тие глупости ги имаат пишано и други членови.....хахахах до никот ќе да е , нема друга логика п.с. @Purplelilac , џабе се објаснуваш, јасно им е на форумџиите дека уствари шириме позитива на форумот , дека сакаме да се зафркаваме , и уз пат по некоја виртуелна поддршка , ама полесно им е да мрчат на некои , ај па ти , не е интересно сите да се расположени , мора да одржуваме баланс . Уствари простено им е годинава, заради короната се такви песимисти, макар што ако вртиш по постовите уште од Март месец мене мува не ме лази и со истото темпо и заебанции и до денес, можи па затоа им е чудно Изгледа до хоросокопот е , ах тој стрелец , ме угуши од позитива Ај сега да се спремам за на работа и денот може да почне
Пред да преминам на она што утрово сакам да го кажам, муабетов ме потсети: имам направено еден дизајн и сакав да изработам маички и дуксери, ама бидејќи маркетингот и бизнисот ми се слаба точка, се предомислив. Ама ете дајте мислење, ви се допаѓа? Она што сакав да го кажам е дека понекогаш победуваме, понекогаш учиме, никогаш не губиме. Елименирајте го оној губитнички менталитет. Се' е лекција.
Oh well, кажете му на некој депресивен што или не му се лачи серотонин или не му го фаќаат рецепторите stay positive или на анксиозен кажете му какви ти се мислите, таков ти е животот. Не сте свесни кој со што се соочува, ај на форум не мора толку пазење, ама стварно се надевам дека не им зборувате во живо вака, да ги скршите сосема. Не е лошо да се преќути некогаш, вашата филозофија не пасува на секој. Навистина некогаш и збор одмага.
Цк "какви ти се мислите - таков ти е животот" колку шо е вистина толку и не е. Да, ако си прајш пити парти и се жалиш само и ништо не менваш за то, шит ќе ти е, ако имаш можност that is. Ама не секогаш можиш. И најпозитивни мисли да имаш едноставно некогаш не можиш да излезиш од хел хол во кој си западнал. Да, свесно сам можиш да си зафркниш ситуација. Ама и не можиш голем број ситуации да ги испрајш со позитивни мисли. Итое. Ако некој знај дал можам да се испрам со позитивни мисли, типс и трикс сакам во ЛП.
Точно, некогаш и колку и да си оптимист, работите се вон своја контрола. Ама има една узречица, ако животот ти дава лимони, направи текила. Една врата се затвора, друга се отвора. Прашањето е колку си спремен да превземеш ризици и колку ти е драга комфор зоната?!?!
Ќе појдам од себе за изреката “Среќата ќе ти се насмевме во странство” во Малта дојдов со многу малку пари и мисла “По секоја цена ќе успеам”, па дојдов до дереџе да си овозможам сѐ и Ајфон да си купам. Затоа кога ќе пецкате со тоа странство бидете свесни дека се е до мислите.
Маж и не го примиле кај Толовски, бил позитивен, божем лепрозен бил. Yeah. No. После зошто пандемија... од посебни снегулки. Да, на еден начин лепрозен е. Што е страшното да признаеме, опасност за околината и тоа е сосема легитимно. Дај луѓе да се уозбилиме, народ умира. Ова не е нормално веќе.
Една друга понормална година колешка со грип, ненормална кашлица и температура дојде на работа и се навреди зошто бегале луѓе од неа и зошто и рекле колеги да си оди дома да не се рашири. Сакам да кажам, и сега како и досега се нема баш осет. Битно нив да им е се фино.
Го сакам ајфонот во поштенско сандаче. Инаку за темата... Ми се приповраќа секој пат кога читам такви позитивни мисли, позитивен живот. Се ми изгледа толку фејк што и самиот автор не си верува на своите зборови. Only positive vibes guys, only positive vibes.
Иако цел ноември е посветен на предвремено родените деца, денес е нивниот празник. За сите оние мали борци и за сите оние кои за жал не се избориле.
Позитивните мисли може да дадат надеж или некое минимално психичко олеснување, но на крајот она што ќе донесе значајни (позитивни) промени е решителноста да се работи на проблемот и истрајноста и упорноста пропратно. Најтешко е да одлучиш да почнеш со работа и да се придржуваш до тоа на почетокот.
А тие шо нејќеме ајфон? Не работи преку ЛП, не сме такви гатачки . Грешно го сфаќате, ме мрзи да објаснувам... тоа е отприлика како вежбање говор пред огледало, ако ги убедиш другите ќе се убедиш и себеси и остали политички типс енд трикс. СДК ко ќе видам какви луѓе водат држави, мора да се навежбале пред огледало... Уствари, стајте си црвен кармин, доволно е
Сакам да кажам дека нема нешто поубаво од љубов, искрена и бескрајна. Единствена пречка може да е разликата од раѓање, односно ако се од различна нација или вера, тука на Балканот по автоматизам и таа и тој се „предавници на своите претци“. Дали некогаш веќе ќе се искорене тој беспотребен стереотип дека не смее да се заедно вљубени од различни етникуми?
Зато и реков дека колку шо е точно толку е и грешно. Ништо не е црно- бело, па од таму ни фразата со која се расфрлаат во темава. Не можи секогаш да си среќен. Не можи само позитивно да мислиш. Не си слаб ако не мислиш позитивно 100% од времето или пак ако критички пристапиш кон проблем. Колку пати ми рекле дека сум негативна оти сакам да сум спремна за секој можен резултат. За малку и ќе пишев за ситуации во кои не можам позитивно да мислам и нели, да сум среќна ама иако премногу споделвам на форум, многу поќе е приватно. Така да да, некои работи можиш да ги поминиш со „позитивна мисла“ ама поќето не можиш. И наивно е да се убедваш во некаква позитивност и дур да прајш илузија дека си среќен. Со сила. Дур и да имаш негативно чувство и ако го почувстуваш и го проживејш - океј е. We're human after all. Да не запаѓаме во токсична позитивност. Така да ако некој има типс и трикс како да сум среќна јер годинава од месец во месец наоѓа како да ме тепа на персонално ниво, најискрено, сакам. Би пробала се. Пробав со позитивни мисли. Последниот пат ко се опуштив другиот ден имаше сообраќајка. Лмао. Ама шо би рекла една познаничка, позитивен гуру, грешни позитивни мисли сум имала. Врти сучи, пак јас крива.
Токсичната позитивност не само што е крајно глупав и бесмислен феномен, туку е и штетен и навредувачки. Јас не знам каков мисловен тек треба да имаш за да поверуваш во вакво нешто, особено во 2020-та година. Ајде кажете му на некој кој изгубил некој близок годинава дека треба да мисли позитивно да ве видам. Сите чувства треба да ни се добредојдени, да се прифатат и процесираат, наместо да ги маскираме со некоја евтина филозофија. Штетно е на долгорочен план, само полошо си правите на себе.