Ај да пробам со совет од Барби (да, таа од цртаниот филм)- визуелизирај ја целта. Пред да направиш салто, визуелизирај дека го правиш совршено, па пробај да го направиш (од епизодата Барби-Теан агент). Не знам ја многу гуру финти, само СадГуру ме прогања на Јутјуб повремено, иначе цртани гледам. Немој да сте биле наивни дека цртаните се само цртани и само за мали деца
Визуелизирање е супер тактика за планирање на кариера, фамилија, врски, пријателства. Ама како ќе напрај да бидам среќна? Како ќе ми врати се шо изгубив и се шо се распаѓа шо е вон моја контрола? Ако сакаш пиши ми ЛП ќе ти кажам последното од пред недела дена шо е. Другите помалку важни шо се недели претходно, не ги спомнувам. Пак, вон моја контрола ама мме стрес е. Толку долго одложен стрес, почнувајќи од самиот почеток на годинава, не е на арно. Као не можам ни на пишана форма да го кријам. То збора многу јер претходно никој не сеќавал кога врвев низ шит периоди. И зато форсирање позитивност е шит. Као океј е да се надеваш на најдоброто. Океј е да сакаш да испадни најдобро. Ама не е то никакво решение. Во одредени ситуации можи да помогни, ама во повеќето не. Не негирам дека негде можи да поможи. Од таму зато реков дека колку шо е точно толку е и грешно, уште во првото мислење шо го пишав на темава.
На форумов често се превртуваат реалните мисли со цел исмевање. @buba4e89 смета дека со нејзините позитивни мисли, успеала да заработи. Од таа заработка, си купила ајфон, што претходно не била во можност да си купи. Си дала стимул да продолжи напред. За неа е успех од свој џеб да си издвои средства за работи кои лично на неа и носат среќа и исполнетост. Иако сметам дека ајфонот како бренд е оверејтед. Но, неа и причинува задоволство. End of story
Па само Ајфонот ви падна во очи, друго не ни дочитавте,затоа сте вака зајадливи. Купив и слушно апаратче од 900 евра ајде и за ова фатете се дека нема за што друго. Заработете и купете си и не ме напаѓајте не ви зедов од ваш џеб.
Никој не збори за среќа, рецепт за среќа нема. И не може да има. Некому е доволно тоа наведеното, кариера, врска, пари... ама тоа не ги надополнува загубите. Ок е да си среќен, ок е и да си тажен понекогаш.
А фалење ли е имање Ајфон?! Мораш за тоа да се фатиш,да ме нападнеш? Желба ми беше си купив,сори што не те прашав.
Дечки, реално ајфон не вредат толку колку што им ја плаќаме марката повеќе се плаќа името од колку функциите.
Кај сте бе ? До кај сте со ширење позитивна енергија на форумот ? Ајде остајте ја @buba4e89 , девојчето друго сакаше да каже , ама како што рече @Biljarkata не сфаќате , па штом не се разбираме кој што сакал да каже , ќе се правиме сите на Тошо, неко меџу нама није наш Арно штом прочитавме секакви мислења, останува само опцијата игнор, ако не можете да трпите некој, слободно игнорирајте, ќе ви биде помирна душата, вака само се напнувате без потреба. А у меџувремену додека се напнувате , јас поднаучив некои непознати работи во врска со Северна Кореја. Што е тоа Кока Кола ? Што е тоа кондом ? Што е тоа анестезија при операција ? Почнав да си ја ценам слободата оти некаде некои и тоа го немаат и се заостанати во 15 век. Ај да се сокријам пред да почнат виртуелни напади Ќе успеат да се воздржат да ме изигнорираат Нема да успејат да се воздржат и ќе ме коментираат Ќе успеат да се воздржат да ме изигнорираат Нема да успејат да се воздржат и ќе ме коментираат......
Успехот за некого е нешто материјално, за некого душевно, за некого авантуристички, за некого семејно, итн . Точна дефиниција за успех не постои, затоа што е индивидуално и субјективно. Убаво би било некогаш да се добие поддршка, наместо да гледаме пердуви како летаат на сите страни. Peace, love, happiness
Абе иницијално уствари муабетот беше дека нема врска дали мислиш позитивно со тоа колку си успешен, а и успехот е различен за сите. За тоа амбиција и работа треба, нема врска ни со визуелизации, ни со позитивни мисли, ни со тајната на универзумот, а крајно ни со тоа колку стварно си среќен.
Позитивните мисли носат мотив, кога имаш мотив имаш резултат. Негативните мисли носат деградација, кога си деградиран, тонеш. Во секој случај, подобро е да фантазираш и сонуваш, отколку да си најдобриот режисер на сопствени хорор филмови.
А, од дека тоа дека ако не си позитивен си печен за пропаст? Позитивноста колку ви е добра толку и лоша. Оти друго е кога ќе тресне реалноста, која е далеку од фантазиите. Некои бегаат од премногу негативни, јас бегам од премногу позитивни. Не е толку ко што го величите ама ајде. @GrimTheReaper
Па види, има здрава доза оптимизам и здрава доза песимизам. Можеш ти да сонуваш колку сакаш, ако не си спремен на предизвици, ризици и падови, тешко да успееш. Поправо, ако само сонуваш и мислиш позитивно, без нешто друго да правиш и ако мислиш дека се ќе ти е така убаво и позитивно дури успееш, поприлично сум сигурна дека нема да успееш.
Јас па никогаш нема да го заборавам моментот кога сама, со свои пари си ги купив патиките што ги сакав. Најобични Рибочиња, ама моментот ми остана во сеќавање. Ги видов, ги пробав, ги купив. И тоа беше ОГРОМЕН чекор за мене, зашто никогаш пред тоа не сум си купила нешто сама. Материјално не значи ништо бла бла, терајте си со своите духовни напредувања. Некому му значи тој голем личен чекор кон независност. Било да е ајфон, патики, што било... симболика е. Не знам од кај тргна муабетов... уствари знам, позитива, не ми се прави муабет за тоа. Ама што се запнавте за тој ајфон, ко се' сами испосници да сте на темава. Сакала, го имала ко цел, ја постигнала, и' значел моментот. Пис.
Остај ги луѓето да ги тресне реалноста. Така стануваш мудар и созреан. Во секој случај е подобро да се гледа реално, но ако бирам помеѓу +/-, ме влече првото. Од убави мисли, штета никој немал, ама од спротивните и те како.
Од прилика од тука почна: Поентата ми беше дека да, позитивниот став и пристап кон нештата е одличен. Да, мотивираат и со тоа поголеми се шансите дека ќе успееш да ја оствариш посакуваната цел. НО! Не значи дека баш секогаш е така. Не значи дека ако имаш само позитивни мисли дека само позитивни нешта ќе привлекуваш. Тоа е тоа. Останете си позитивни, ама искрено позитивни.