Те разбирам и си делумно во право. Ама тешкотијата, предизвикот, ризикот, ако ги насочиш да работат во твоја полза, успехот е токму зад ќошот . Тоа се апстрактни случувања, со каков разум ќе ги дочекаш, зависи како ти е наштелуван мозокот. Се е возможно, ништо не е невозможно. Работата е дали имаш муда до земја или си се преладил и се бувнале во гаќи.
Дај пиши ми дали во светот има личност која со негативни црни мисли постигнала успех ? Или обичен пример, некој со негативни мисли, без желба за ништо успеал во кариера и најпросто ќе земам изградил дом ? Абе дај пример некој со црни и скроз негативни мисли заминал и положил на испит ? Значи тоа е тоа, ти треба позитивни мисли за да почнеш да менуваш нешто во животот, охооо и те како ти треба тој поттик сограѓанке моја
Како бе нема, немавте ли вие во генерација такви, леле ништо не направив убедени, а 10ки вадеа Меме е дури ситуацијава Така да не е толку ретко
Тие што бегаат од многу позитивни луѓе не можат да ја поднесат нивната среќа и успех. Таквите секогаш ќе се запрашуваат себе си што им фали и зошто не се на нивно место.
Не секогаш зад нечија „позитива“ се крие среќа. Понекогаш претераната позитивност е и повик за помош, само тешко е да се препознае.
Социопати што се успешни?! Си ја имаш мувата на капата. Јас обожавам такви луѓе и со такви пијам кафе. Тие знаат да кажат “Фала”.
Не вервам на луѓе кои тврдат дека се добри и ништо не им иди за возврат. Луѓе кои велат дека можиш да им веруваш, а се знајте три дена. И луѓе кои се толку „позитивни“ шо се осеќаш како да ти ја цицаат енергијата дур ти зборат за колку се е пресовршено и сам си крив оти не можиш среќа да осетиш. Лмао. Најмн сакам некој да ме клоцни дека сама сум крива кога ми е најтешко. Stay positive.
Јас имав колеги на факултет што идаа позитивни, бомба, па пишуваа, пишуваа на тестовите и редовно паѓаа Јас сум имала тешки испити за кои сум била стресена и убедена дека ќе паднам, ама сум положила. Убаво е човек да е позитивен, оптимист. Ама не гледајте премногу мотивациски говори, лошо ви влијаат.
Кај мене конкретно немаше оти бевме 3 девојчиња и другите сите машки , па не сум имала прилика да слушнам. Може во другите смерови кај што се биле повеќе женски, шансите да слушниш такво се поголеми Не бе озбилно, чудно ми падна како членката бега од позитивни луѓе, зарем цел живот околу неа ќе се дружи со незадоволни луѓе, разочарани од животот, паднати во тешка депресија , без желба за живеење...... Па не би можела така со такви негативци , ми треба ведрина, заебанции, охрабрувачки зборови , да се осети позитивност , уфф ама никако не би можела со негативци кои цел живот мрчат и се жалат дека се нешто не им чини.
Знаеш ли што се социопати воопшто? Мислам дека не знаеш. Екстремно успешни можат да бидат, впрочем цело време сме опкружени со нив. Сосема супер се интегрираат во општество, на моменти се импулсивни, ама генерално се ептен шармантни и позитивни навидум. Иначе да бев со мувата на капата ќе ве бодрев дека топ ви се ставовите, нели да се интегрирам де за да ме сакате. Ама ко што гледаш не ми е баш нешто битно И што е спорно? Ти бирај си такво друштво, она поинакво.
До сега се утепа од осуди,пролистав назад што си пишала,па сега јас судам. Мастер за извртување муабети си. Така да,темата сега се врти кон депресија а нема допирна точка. Страв ми е мене од луѓе со кои ќе седнам на кафе и се троши време на негативни муабети. Од такви бегам.
Леле жено чил малце, олабај се. Се наполни со негатива тука, иди мисли малце позитивно, медитирај нешто.
Ама сега не ти одговара муабетот,само ти да си у право. Топ сум си јас,престани да напаѓаш лично и дебатирај достоинствено.
Мхм, и јас така кога некој пријател поминува низ тежок период или паѓа во депресија го откачувам, не ми требаат такви негативци во животот, сакам некој да ми кажува позитивни заебанции и позитивни Мујо и Хасо досетки и да се зближуваме на позитивни теми, како на пример кој позитивен ајфон ќе го купиме или кај ќе најправиме позитивна фотка за на Инста или кој позитивен цитат ќе го споделиме. Емоционална интелигенција, што беше тоа?
Абе ми се здосади да ти пишувам искрено. Кога си со глава во ѕид неам намера јас да те оправам на форум.