Ме мрзи сѐ да читам, ама сакам да си дадам коментар.До негде има врска тоа со позитивноста. "Какви ти се мислите таков ти е животот " не се сфаќа во буквална смисла, барем јас не го сфаќам така, а нема ни поента.Можам да си замислам дека нема корона ама тоа нема реално да го смени фактот дека сѐ уште има корона во светот, така? Друго е работата, дека убавината на позитивните мисли е да се најде светла нишка во различни ситуации, а не да се биде вечен песимист.Мене ми одат на нерви клише позитивни мисли по социјални мрежи и расфрлање со некои фрази на позитивност, за мене тоа е лажна позитивност, вистинска е онаа која е во нас, со која се насочуваме кон целите во животот и бараме начин да го извадиме најдоброто од секоја ситуација. И вистина е, постојан песимистички поглед може само да донесе анксиозност, депресивни мисли, разочараност и неуспех.Извинете, ама не сум слушнала некој да успеал во животот без верба во себе си и постојано негативно размислување.Зашто колку повеќе негативно размислуваме толку повеќе ја губиме самоувереноста и полесно се откажуваме.Плус, постојаниот песимизам води и до поголем стрес, а знаеме дека најголема битка водиме токму со него. Значи не викам да се живее во облаци и да не се дозволи на ни една негативна мисла да помине - фала богу не сме роботи, се случуваат секакви работи и здраво е да се искажат и негативни мисли и да се исфрлат наместо да се маскираат со позитивност за пред другите. Ама како што реков и горе, позитивноста и лажната позитивност не е исто, а за внатрешен мир мислам дека е многу поздраво да се пронајде оптимистички поглед кон светот додека истовремено реално се согледува како стојат работите.И да, тешко е, и затоа многу е полесно да се остане во комфорна зона, што често значи пасивност + негативност. Лично, многу повеќе сум приврзана со песимизмот и да, свесна сум дека не ми е најдобра одлика.
Е сега сама се фати во тесно чупе , оп Штом отиде скроз во крајност, ајде и јас сега да ти се чудам на тебе Ја пиша ти ситуацијата дека некој е паднат у депресија и сега ти само му додаваш у глава негативно , готово, утепај се, животот нема смисла, не те бива за ништо, ништо не ти оди ко што треба, немаш среќа брат , тоа е Лелеее па ти ептен негативно звучиш бе чупе мило,, кај ти е оставена позитивната енергија ??? Штом мислиш дека јас сум лоша со позитивноста, е исто толку си и ти лоша со негативноста. Тоа е таа крајност , скроз одење до крајност , лелееее колку мизерно нели ?
Зошто испревртувате, никој не би свртил грб на лице кое има депресија, анксиозност итн. Она што сакаше Херера да каже е дека има луѓе кои толку се полни со негативна енергија, што ја цицаат и твојата и те влечат во жива кал заедно со нив. Од друга страна, реални и позитивни лица, ти даваат стимул и кураж. Сум сменила повеќе друштва и тие првите се навистина токсични. Не секој песимист има психичка состојба, едноставно трули гледишта. Песимизмот не е баш карактеристика за депресија, туку апатија, безволие, недостаток на љубов према себе.
Песимизмот ми е вечен придружник,а во многу ситуации ми има и добро направено,ми отвори очи. ОК е да имаш мала надеж,да тргаш негативни мисли,ама не треба да гледаш многу розово. Реалноста боли,ама без неа животот не е квалитетен.
Е не се читате што пишувате Ти го даде примерот дека не сакаш да си опкружена со негативци, кои според тебе се луѓе паднати во тешка депресија. А јас пак наивно мислев дека пријателствата се и за во добро и за во лошо, ама ете, ако не учествува во заебанции, не заслужува да се нарече пријател. Јас се одјавувам зашто мислењава и така ќе бидат избришени, а вие останете си во позитивен echo chamber на три позитивни членки и продолжете со сеење на семе синапово мудрости.
Или на долго на широко. За жал, навистина е тешко да се репрограмираш, буквално како да имаш кочница во мозок. Но со многу работа на себе, сфаќаш дека единствената пречка за успех си ти и никој друг. Најчесто кај лица со песимизам, се гледа вина во друг и други фактори. Реалноста е дека, се од нас зависи и како можеме сите негативни работи да ги трансформираме во нешто полезно, катализатор на уште поголем напор со крајна цел за добивка. И дијамант ако не го обработиш, ќе биде обичен камен. Секогаш треба да се вади најдоброто од најлошото.
А зошто мора толку да се нагласува и промовира позитивноста и останатите изрази во тој контекст? Скоро сите знаеме дека треба да сме позитивни. Ама полека малку со таа упорност, не знаете кој со што се соочува...
Сеа читкав наназад и ова ми падна во очи. Искрено, не знам дали ви се има случено, ама колку повеќе раскажуваш за некоја цел и желба, толку повеќе има шанси нешто да тргне на лошо.Затоа, некои работи се за во "тајност". Сори, ама грижа за сопствено ментално здравје е и тоа да ограничиш со какви луѓе ќе се дружиш.Тоа не значи да откачиш некого затоа што има депресија, но исто така не значи дека и ти си должен да ти биде исцицана енергијата.Всушност, најдобро нешто што можеш да го направиш за некого што е во депресија или има други ментални проблеми е да го убедиш да побара соодветна помош, а не да го доутепуваш со негативности.
What if I told you, дека можи да си позитивна личност и позитивно да размислуваш и пак да те фати депресија? Најлошо нешто што можиш да му кажиш на некој во депресија е да "биди позитивен" или дека сѐ му е до мислите затоа е таков. Јас се трудам да сум оптимист, да најдам макар и најмала надеж во лоши ситуации, ама мора да си дозволиме да ги искусуваме сите емоции. Негативните емоции не се "лоши". Токсична позитивност е да очекуваш ти или некој друг да е 24/7 позитивен. Да, најмногу уживам кога се зезаме со пријателите, кога се смееме, кажуваме шеги и сл. ама сакам да се тука до мене и во лошо, сакам да сочувствуваат со мене како јас со нив, да бидат тука до мене, да си поплачиме заедно ако треба, а не да ми велат "леле каков негативец си, мисли позитивно!" Некогаш ми се плачи цел ден, не ми е дојдено до смеење и најмалку што сакам е некој да ми вели да бидам позитивна. Факт е дека никоја емоција не трае вечно. Има голема разлика од бидење вечен песимист до реалист. Ама колку што се лоши оние кои во секое решение наоѓаат проблем и никогаш не си ги видел да се насмеат, толку се и оние кои проповедаат позитивност 24/7 и не можат да трпат некој да им се пожали за нешто. Колку што не е убаво да не знаеш да си среќен за некој, толку не е и да не си тажен и да сочувствуваш. Така да, бидете реалисти според мене. Спојлер П.С. "позитивен"е најнегативниот збор во 2020
И јас со првата плата си купив ајфон, тоа беше кога имав 20 години Сега на 30 имам сопствена фирма и стан. Па не мислам дека УСПЕАВ ниту се мавам во гради. Секогаш се може повеќе. Успех во животот е да си исполнет и да немаш потреба да се докажуваш на непознати на форум Во врска со позитивноста. Ок е да се трудиш да гледаш позитивно на не толку добрите ситуации во животот ама мора луѓето да сфатат дека Ок е да си тажен. Ок е да си гневен. Ја имаме способноста да чувствуваме безброј емоции. Треба да ги прифатиме СИТЕ емоции и да ги чувствуваме сите. Колку што ни се потребни добрите емоции толку и ни се потребни лошите. Без лошите нема да има добри Не ги потиснувајте емоциите и немојте со сила да бидете позитивни ако ви се плаче.
Баш така. Работата е што 99% од времето си искрено позитивен, скоро ништо не те допира. Постојано испробуваш нешто, учиш нови нешта, ризикуваш, излегуваш надвор од комфортната зона; па ќе се деси нешто што ќе ти го избрише цел труд и ризикот кој си го превземал за нели да промениш нешто на подобро фејлнал, па како резултат си се осетил напизден и разочаран и ете, за МИГ, за МОМЕНТ, си негативен. Си споделил негативни мисли. Автоматски = негативна личност си што само кука, ништо не превзема да ја смени ситуацијата која не и' се допаѓа, не сака да го прошири распонот на искуства, се плаши, не сака да ризикува, итн, итн. Претерано минимализирање на целовкупната ситуација и етикетирање. Но океј, јас сум свесна за тоа што се случува и знам дека не сум негативна личност, без разлика што на момент сум била. Океј е и впечатокот што сум го оставила дека сум општо негативна личност со споделување на еден индивидуален негативен момент. Океј е. Продолжувам понатаму да барам решенија, да уживам во сегашниот момент и да немам никакви очекувања, ниту позитивни, ниту негативни.
И шо сега ? па не си играме така Јас само ти одговорив у крајност како ти на мене. Оти ете некои се изјаснија подобро им било да се дружат со негативци, еееее ебати другарките негативни ако ми ја полнат глата со негативни мисли без никаква поддршка , без малку надеж Па нели ти е жал за тој што паднал у депресија и уште толку му набиваш црнило , ич не е во ред да си негативец , де ма паааааа дај малку позитива Дај ма позитива, паднавме у депресија и тие што бевме позитивни од вашите негативни вибрации, ееее ич не си фер, не знаеш да си играш , расипувач на игри, готово, скарани , дај врти грб
Па што ондак дојде да се докажуваш колку си јака со стан и фирма?! Или се пофали?! Ако е за фалење јас имам многу повеќе од твојот стан и фирма. Денес успех е да станеш нешто,да направиш нешто. Не е успех ако си исполнет, исполнетоста еден ден може да се намали.
Си кажав само , не се докажувам на други,има разлика. Супер што имаш повеќе,браво за тебе, еве ти едно 5че
Епа јас бев откачена од најдобрата другарка кога почнав да пијам антидепресиви затоа што имав депресија и плус имав смртен случај дома ми почина блиска личност од карцином, и кога ми беше најтешко таа ми сврти грб. Кога јас се оддалечив таа се чудеше зошто сум се оддалечила. Не ми треба површни другарства. Јас бев секогаш тука за неа кога ќе се скараше со дечкото, еднаш се сеќавам излегов на еден голем дожд со неа затоа што и било тешко имала проблеми на факултет. Сестра и ја носев на лекар кога немаше никој дома да ја однесе затоа што нејзините беа на работа во 7 сабајле а таа во друг град на факултет. Јас испаднав фер многу пати а што добив на крај?........
Ок Бубе, ве молам сите еден аплауз, да и кажеме дека е најјака и да се затвори веќе дискусијава. Не мора во секоја тема да им кажуваш на сите колку ти љубоморат, колку нивниот успех е само на форумов, имаш приметено дека на секоја тема кога ќе се рчнеш со некого истите работи ги пишеш? Не може бре бубе сите да ти љубоморат. Меѓу првите коментари напиша "Муабетов е завршен" и после уште двеста коментари допиша за тоа како ти не се замараш со неуспешниве. Ок е. Ти си сакала нешто да постигнеш, си постигнала и супер за тебе. Што ти е гајле што мислат другите, толку не веруваш во сопствениот успех па пробуваш сите да ги убедиш? Човек што знае дека е успешен не се убедува пола ден на форум.
Се прашувам какви луѓе сте надвор од форумов кога ви ги читам вашиве токсични мислења тука. Само се препукавате, не прифаќате никакви различни мислења од вашите и пробувате да испаднете попаметни од другите со вашиот мизерен цинизам. Од каде потекнува ова вашево гнило во душата па што пробувате другиот да направите да се осети мизерно и невредно? Баш позитивен живот водите со сето ова што го прочитав погоре, не знаете да кажете кога сте згрешиле, да се извините кога ќе навредите некого и да си го поправите начинот на дејстување, а и на размислување. Сè додека тоа го правите, па дури и на анонимен форум, ќе бидете несреќни. Позитивни луѓе не шират негатива наоколу, лажното проповедање малку ви е пуштено на најјако.