... кој воедно и најтешко се постигнува. Јас на пример сум склона да гледам на нештата како црно и бело. Или сум многу заинтересирана до степен на опсесија или скроз се откажувам... Не знам како да научам да ги гледам нијансите и да бидам малку пофлексибилна.
@Herrera Пошто гледам упорно во секое твое мислење го вметнуваш и моето па да те удостојам со одговор. Ете го моето мислење: Зборот кој очигледно негираш да го видиш е „премногу“. Не ми требаат екстремни позитивни лица. Не ми треба некој во моите најтешки моменти да ми вика „ајде бе има полошо“ и слично. Не знам од каде заклучи дека сакам да се дружам со негативни и океј е. Секако пишувате што ви одговара. Океј е стварно. Останете си позитивни и убава вечер.
Ти си жив пример на позитивна личност , кој и да прашам на форум , асоцијација на позитивност е твојот ник. Продолжи само така со позитивни мисли, ехееее колку постови ти се полни позитива едит : да не пишувам еден под друг пост, @GirlRose - добро, нема да те закачувам, нема смисла , не си разбрала и ти што е муабетот, па ајде нека биде разбрана дискусијата дека одиме од крајност до крајност ПРЕМНОГУ негативни и ПРЕМНОГУ позитивни штом така ти одговара , ти си држи негативна страна, јас позитивна и тоа е тоа , секој по својот пат , нема лутиш , така го извртивте муабетот скроз у крајности , ајде нема да те гњавам
Најсериозно. Не оди тука. Знам дека јако е тролање и мајтапење, као I totally get it и то ми се допаѓа најмногу кај тебе. Ама немој, не оди тука. Јер имаше една „мИсЛи ПоЗиТиВнО пРиСтАп И нЕ пИј АпЧиЊа“, „кАо бРаТ сЕ е КаКвА еНеРгИјА пОвИкУвАш, МиСлИ пОзИтИвНо И ќЕ сИ сРеЌеН“ кон другар ми и не би да одам шо се повтори. Два пати годинава, пред недела и слики добив од вториот пат таман да се дамлосам дур сум во изолација да не можам ништо да напрам. Се има граница. Се. И зато толку ме иритира се шо зборате оти не ја гледате тежината шо можи да ја има. Особено кон ете ... депресивен. Џизс, дај да тргнам да не ми е веќе на надгледвање темава. Шокур.
Прекинувам само поради една работа што ја имам заедничко со тебе. Готово , нема заебанции, сериозни ќе бидеме
Кога говориш на личност со депресија, не му се укажуваат твоите гледишта, туку се слушаат неговите. Останатото е работа на психолог. Нашето полнење со позитива или негатива, може само да вроди лош плод. На таква личност не му се потребни ничиви нестручни совети, туку рамо за плачење и поддршка. Личноста со депресија, многу добро знае што треба да направи, но таа пуста кочница во мозокот, не дава да направи спротивно. Вашиот говор нема да смени ништо, туку работата на себе и вложување во професионални сеанси. Веќе ако зборуваме за депресија. Молкот е побитен од лекциите носени од туѓа кожа.
Купи се нешто зелено, црвено и сенф жолто во гардеробата. Животот има толку многу бои Само јас гледам разлика меѓу депресија и незадоволство, или така ми се чини? Оти цело време таму го вртите муабетот? Можам да бидам тажна и незадоволна а не депресивна, нели? Пошто понекогаш сум. Перцепцијата прави разлика, во тоа дали е чашата полу-празна или полу-полна. Ако е празна, тоа е факт, ќе се помачам, ќе си наполнам вода.Или чај. За себе зборам. Во туѓи манџи, се трудам да не се мешам.
Леле не. Викам јас селф хелп книги мотивациски лошо ви влијаат. Најискрено ве молам не давајте вакви совети во реален живот, зошто не ретко депресија е од физиолошки причини, не од кочници во мозок.
Што мотивација виде? Ти кажувам мене како ми било и што не сум сакала. Најмалку сакав некој да ми мрси муда, како јас глупа да бев и не знаев што треба да се прави. Таа кочница ми ја влоши состојбата. Со помош на психолог, сите гледишта ми се сменија. Такви промени, некој ни за 20 години не ги прави, што јас ги направив за шест месеци. Ај и за ова мрчете, пошо така ви чини. Барем депресија од хемиски реакции полесно се пребродува, него од психичка состојба. Лекот ќе среди, ама мислите ќе ти останат и пак центрифуга, на ново. За се има примарно, ама има и секундарно.
Не се лачат хормони соодветно. Просто физичка дисфункција во хипоталамусот, или останат неред во ендокрин систем.
Кога одев на факс, многу често среќавав една познаничка. Станата уште во шест за да бидам навреме, зомби коса, зомби фаца, вечерта сум учела до касно или па имав ептен "веселџии" за комшивки па не можев да спијам од нив. Пешачев до факс плус, сѐ на сѐ како воз да ме згазил. И наспроти мене ете ми ја познаничкава, и таа оди на факс, сите влакна на место, искезена од шестка до шестка, море која шестка, до осмица, сета превесела, била станата од еден, учела цела ноќ, сѐ имала положено, со дечко и преубо и било бла бла бла... Кол ми крејзи ама некош ми идеше да и мавнам бокс во искезената фаца. Наравоучение: Ко ќе се осеќа човек по*рано, мавнете му се од патот.
Епа тогаш е патолошко, не може да биде тоа нормално физиолошко својство. И за несоодветно лачење на хормоните си има причина, ама мене ми се чини како ова понекогаш да се зема за оправдување да не се побара помош и слично. Не сакам да бидам досадна, ама пак и за хормони да збориме ќе дојдеме до тоа дека на никој нема да му се лачат доволно серотонин, окситоцин и др. ако е опкружен со негативности и нема ни некој да му влее грам надеж и позитивност...А најчесто депресија не се појавува туку така и си знаете, ама ајде.
Не се лачи серотонин, или рецепторите не го примаат. Може од се да настане. Може да настане како секоја друга болест, жлезда не лачи доволно хормони. Може од наркотици да настане зошто буквално ги оштетуваат рецепторите. Може да настане од екстезивен и хроничен стрес. Значи не е шала. Не сакам да навлагам во негатива, ама видов до каде доведе таа стигма од околината дека е до тебе и нешто не е во ред со тебе кај таква личност. Црни и негативни мисли не се толку карактеристики на депресија, повеќе се на аксиозност. Ама и на анксиозен човек да му речеш кочница имаш и знаеш што треба да направиш, само полошо ќе направиш. На сета негатива уште чувство на вина му треба и да се осеќа дека до него е што така му се случило. Затоа викам, зошто секако не можеш на таков човек активно да му помогнеш, добро е да не му одмагаш со теории за позитивни мисли и какви мисли таков живот. Тоа што функционирало кај тебе е супер и за пофалба и најискрено ми е драго што веќе не си во тој циклус. Ама не е со сите исто и нема да делува на сите исто. Неќам да замислам каков ефект би имало на некој што има панични напади да му речеш think pink, мислам...