Каква врска има таа личност со тоа како ти се осеќаш дента? Не можете да поднесете туѓа среќа (безразлика вистинска или лажна) па други ви се криви..
Темава у пи*ку матер отиде. Да заборави човек што сакал да каже. @RainBow Уште колку време треба да почекаме да се заврши драмава?
Затоа молкот е злато, пишав. Кај такви личности не се даваат совети, освен совет за психолог. Твојот живот и неговиот не е ист. Башка зборувам од мој аспект и за својот живот, што секако не е можеби правилен.
За песимист, реалноста делува оптимистички. За оптимист, реалноста делува песимистички. Јас се согласувам дека кога се осеќаме заглавено и безнадежно е добро да имаме доза на оптимизам што ќе не натера да ги погледнеме работите од друга перспектива. Ама луѓе, ова со депресијава е страшно што читам. Таман некој со депресија и суицидални мисли да прочита дека сам си е крив што се осеќа така. Толку на некој му треба да го турнете во амбис.
"Не постои поголем уништувач на имунитетот од тагата. Со желба да се подигне истиот се купуваат зрнца од киноа, чиа, се цедат лимони, се јадат авокада, портокали, се ренда ѓумбир, се пие омега 3, магнезиум хлорид и разни цедени масла, се пијат чаеви од билки за кои се знае или се чуло дека помагаат. Но, единственото нешто што го покачува имунитет се капките среќа. Оние кои не се купуваат никаде и чија доза, состав и јачина кај секого е различна. Морате да си ги направите самите, секој за себе. И морате да капете секој ден. Тогаш, кога секој ден, ќе капнете од својата сончева капка во својот чај, кога ќе го зашеќериш своето кафе со бакнеж, кога ќе пронајдеш трошка во некоја книга која си ја заборавил на полицата, кога ќе ја ислушаш песната на која играш или плачеш, сосема е сеедно, кога чистејќи ги ќошињата ќе налеташ на капките чиј рок не е поминат, а некогаш си им се радувал користејќи ги како најдобар лек. И тогаш, фрли се друго! Здравјето не влегува низ устата, здравјето влегува преку срцето." ~Miljena Drndar Pinterest
Те разбирам многу добро,зашто имав таква на факс. Многу се форсираше колешката како она најубава,она се. Така еден ден полагавме испит, јас и другарка ми паднавме. Седевме доле и дебатиравме зошто не ни ги даваат да ги видиме листовите и доаѓа она окензена и две ни три ни вика “Паднавте а? Еее ја си положив со 8мица, уште еден испит и дипломска ќе бранам”. Среќа си отиде, оди другарка ми ќе и мавнеше еден бокс. Амааа... отпосле е интересното. Кармата е опасна,од неа нема бегање. Заради тој еден испит она мораше да презапише година, а јас навреме средив сѐ.
Колку злоба има во луѓево... Ако јас денес се чувствувам одлично, ако јас сум си за себе најпаметна и најубава зошто тоа на други да им смета па уште да имаат мисли за удирање. Не ми се верува какви се луѓе постојат...
Сте помислиле колку многу тој мајндсет зависи од медиумите и социјалното опкружување? Само како идеја