Lugjeto ke vi se nalutat koga ke se odnesuvate kako sto zasluzile. Odozgora ke ve obvinat. E do tolku, sebicnost li e so li e
Сакам да кажам дека имам толку бес во мене што тешко на личноста што ќе се истурам. Премногу притисок имам од страна на една личност што веќе не можам да ја трпам во моја близина! Ќе пукнам
Ова време е лошо за нас, но уште полошо за оние што трпат насилство... https://sdk.mk/index.php/neraskazha...2RIdR_4pa7mOpnxUbRp0vftc-2oZiMI_-nTKdIKYyqxjw
Морам да најдам начин сама да се охрабрам. Да ги тргнам замислените пречки... пречките што сама си ги поставувам. Можам и ќе успеам.
Ноември каков што не паметам досега. Со преубави сончеви денови и пријатни температури. Само недостигаат потопли мигови, жедни за малку љубов и човечки допир.
Од такт ме вадат паметниковци кои сметаат дека е нормално да имаш неплатена пракса. Епа другари, тоа само кај нас го има. Тој човек троши пари за превоз и храна, во најмала рака треба да го удостоиш со оброк и платен превоз. И за жал таа пракса може да стане и вистинска ,,пракса", да ти ја наведнат кичмата, за да работиш за беспари. Ми се допаѓа што младинава не трпи веќе неправди. Продолжете така, да се стави крај на експлоатација на трудот. Големите плати што ги даваат, па ќе се осиромашат. Точно тој човек треба да научи за да работи, ама ако ти помага, човечки е да го исплатиш трудот. Смрт за робовладетелство.
Сакам да кажам дека можи папката со животни ми се вика "НАЈмајка" ама не знаев дека денес е 19 Ноември и всушност ... Денот кога Пес е посвоен. Среќен посвоителен ден бебе. Заслужваш подобра мајка шо ќе ѝ текни на време ама ... Пред: Потоа:
Среќен интернационален ден на мажите. Ретко се зборува, а уште поретко се оддава почит на машката жртва кон фамилијата, партнерот, општеството. Машкото психо-физичко здравје е сеуште табу тема, а емоционалната репресија кај мажите и во 21 век сеуште постои. Бидете поддршка за вашите партнери, татковци, браќа, другари, и тие некогаш имаат потреба од помош иако истота ретко кога ќе се решат да ја побараат.
Среќен интернационален ден. Ноември е исто така месец за подигнување на свеста за машкото здравје. На статистикиве би додала и дека мажите во просек заболуваат и умираат почесто од кардиоваскуларни болести поврзани со стрес одколку жените. Да не ги учиме машките деца дека не треба да плачат и треба да потиснуваат во себе. А што е со деградирачкава илустрација на сликава кај што мажот најдолу работи на компјутер, као демек паметен, а жената над него плете џемперче?
Благодарам. Не знам. Таа беше објавена на статијата на интернет. Не гледам како е деградирачки кон жената, кога таму седат и родителите, детето, домашните миленици. Веројатно е претставена така во смисла дека сеуште мнозинството од мажите се тие кои финансиски најмногу придонесуваат кон семејството. Сеедно, тотално е небитна, ако некој се чувствува деградиран, може тотално рандом слика да се стави.
Деградирачки е баш поради тоа што мажите генерално се подобро платени во професии кои и жените ги работат исто толку добро, ама поради тој стереотип дека тие се поспособни, а жената е способна само за да плете џемперчиња дома. И поради тоа што пробуваме упорно да го искорениме стереотипот дека местото на жената е дома и дека зависи од мажот па тој ја носи на рамена. Исто така, изгледа како да се наредени по важност. Прво мажот, па неговиот татко маж како поважен пол, па неговата мајка, па жената, па од двете деца, прво машкото како поважен пол, па девојчето, па кучето и на крај рибчето како најмало. Од најбитно до најнебитно А били не гледаш како е деградирачки, пошто уопште не сте деградирани вие, се ви е рамно Ете нека кажат и други мислење доколку сакаат, јас така ја доживеав.
Тој пробува утакмица да гледа на лап топ ама сите по дома му се закачиле на врат и не му даваат мира. Сликава...голема утка за пораката што сакаат да ја пренесат. Ако имаш ваква жена и родители што ти се качиле на рамења, до нив е, никој не ти наметнува за толку луѓе сам да се грижиш. Освен во општества каде владее сиромаштија, огромна невработеност и жените немаат исти права и можности како мажите. Старите си имаат пензии, жената може да работи, деца ко деца, правиш онолку колку што мислиш дека си способен да изгледаш.
Ај да ја занемариме сликата. "It's time to recognise and honour the sacrificies a man makes for society and family". Кои жртви ги прават за општеството што не ги прават жените? За фамилија не навлагам, побогу не се грижиш за мојата фамилија, за својата си се грижиш, како секој нормален човек, дали маж или жена. Сликата е ужас. Иначе нема ништо лошо во денот Да ви е среќен на сите мажи на форумот! Да си честите
Ми се повраќа од сликата. Жената плете ,она нема лап топ нели сирота,а во 21ви век кога скоро секоја жена работи и се грижи за маж и деца. Секако дека треба да се ценат мажите ама не мора да се деградира еден пол за да се издигне друг. И слоганот е глупав, нагласено е како само маж да ги прави жртвите. И не се слагам со кажаното од членот дека ретко се оддава важност на мажот, баш напротив, поготово во балканските земји каде синот и мажот е зеницата на сечије око
Убаво е прикажано, ама едно ми падна во очи. 70% од убиствата се врз мажи. Генерално, повеќе убијци има мажи него жени. Така да самиот пол се убива меѓу себе. Има статија, бројот на машки убијци е седум пати поголем од жени, конкретно за САД.
Да бев маж, ќе ми беше срам да ја споделам сликава. Тој што ја осмислувал илустрацијава мора јако да пати од комплекс на ниска вредност штом не можел да смисли илустрација каде ќе направи да се осеќаат мажите подобро без да е тоа на сметка на жените.
Сдк, јас би сакала да плетам...Ама само плетењето да беше. Другото ќе го прескокнам СКД 2-СИТЕ да се грижите за здравјето, без оглед на пол, само така може да се грижите и за најблиските кои од вас зависат.
Све океј ова со денов, али учете ги барем и дека може да биде маж кој почитува девојка и жена без да се жали на кој стигне. И не значи дека тој е шовинист, зашто тоа е друго. Башка никој не им е крив ако се самоубиваат и не гледам зошто тоа се нагласува толку. Нели светот е побезбедно место без нив?