Кај е границата на тоа колку ќе се довери не е твое да одлучуваш. Може да одлучиш дека нејќиш ти да слушаш и толку. А не да кажуваш количина на доверување. Терапевт не треба да си, ама да кажуваш дека не требале да имаат депресија заради тоа што немале никогаш реални проблеми ми е страшно ужасно. Поматена ти е темава заради сопствени проблеми со дечко ти. Не мора да си му терапевт, тоа сакаше да го чуеш? Тој има право да си бара помош за неговата депресија, а не ти да му кажуваш дека депресијата му е од неебитис. Пази молимте, овде кажуваш како мажите повредувале жени, а ти шамари му маваш на дечко ти.
Баш личност што има искуство со депресија би очекувала да има повеќе разбирање. Т.е од било која личност би очекувала. Ама ова е страшно.
СДК бидете им поддршка на луѓето што ги сакате, без разлика дали се мажи или жени, без разлика дали и вас ви е тешко. Секој човек носи свој товар и не е исто "лошо" за сите. За мене ќе е паднат испит, за некој ќе е расправии со некој близок, за трет болест. Се додека си помагаме без да ги деградираме туѓите маки, ќе бидеме добри луѓе. СДК2 моментално сум во прелоша состојба, притисоци од повеќе страни, срцево ми е распарано веќе. Сакам само да лежам и да гледам серии дур плачам најмногу што можам. Ама сега единствено нешто што треба да правам е да учам. Сега и во наредниве недела дена. Не можам веќе.
Грешно ми е првичното мислење, обратно било. Ама како и да е, себично е да се има вакви размислувања ако веќе знаеш дека некој близок се бори со таа болест. Нема играчка со депресија.
Повеќе работи се а и таква е реалноста, нели? Јас сум една во милијарда, тие што повредуваат од другата страна се многу повеќе. Башка може да раскине кога сака, не сум го врзала. Он не побара помош од никого а јас помогнав колку можев а јас не си дозволував премногу па ептен да се опушта со мене. И оп, одеднаш ко ништо да не му е.Почнав да се сомневам дека може и се преправал, ама не знам. Ама друго е темата. Колку пати тебе манијак на улица, во автобус било каде те фатил за гз, нога, гради, ти зборувал гадотии, а колку пати на маж ти му се десило? За него нека е еднаш само, двапати ама повеќе од тоа сигурно не. И што да славиме за нив? Што се посреќни? Дм му се десило само еднаш кога бил на дејт со девојче, го фаќала долу иако он ја тргал. А мене многу повеќе пати.
Честит празник на мажите, оти се мажи. Додека од една страна ги имаат сите права и сеуште (за жал) се над жената од правен, финансиски и друг аспект, сепак не би рекла дека немаат проблеми. Сеуште е табу маж да искаже емоција, да покаже слабост. Тоа што е маж не значи дека нема болка во себе, тага или дека никогаш не е повреден. Депресија како кај жени така има и кај мажи. За сликата немам што да кажам. Едноставно, не е океј и не оправдувачки. Мажот и жената треба да се на ист дел од вагата. Сепак, ако ви е празник не значи дека уште треба да се остане на тоа мажот да е над жената. А, да, постојат и мажи кои се вербално или физички малтретирани од жени (hard to belive, ама постои иако не се зборува многу за тоа).
И сега треба СИТЕ мажи да ги мразиме? Не решава омраза ништо, ни па напаѓање на рандом маж, зошто друг маж е таков. Ти иста си како сите други жени? Далеку си ти од феминистка девојче. Заради вакви ставови делуваме како хистерични мажомразажи. Проблемите на феминизмот и сексизмот се далеку посуштински од ајде да ги мразиме сите мажи.
Не е битно колку пати. Битно е дека пропагираш ненасилство врз жени, а шамари му маваш на дечко ти. Не да ти раскине, по пропис ако одиме треба во полиција да те пријави. Пошто како ти што велиш дека може да ти раскине, не го врзуваш, така и мажите велат - Па ако нејќе да ја фаќаат за газ во автобус, нека не носи тесно. Тоа што е со тебе во врска не ти дава право да го шамариш. Како што јас ако носам тесно или кратко на никого не му дава право да ме фати за газ. И за да имаш лице да зборуваш против насилство, треба ти самата да бидеш ненасилник. Кога ти ќе се одвикнеш од своите сопствени нездрави навики, бујрум повели зборувај на вакви теми. Дотогаш, прво имаш работа да си ги поправиш сопствените грешки, пред да ги посочуваш истите грешки кај други.
Нигде не реков дека сум феминистка. Си зборам како знам и мислам а што сум, тоа не знам, не коментирам
Леле Мантуб ај не можеш уште еднаш да го спомнеш тој шамар. Јас ти зборам у светот како стојат работите, ти упорно шамарот.
Сликата ни мене не ми се допаѓа, но презирам исмејување на мажите што страдаат од депресија. Јас сум феминистка и се гордеам со тоа и не е точно дека ги мразиме мажите, напротив. Точно е дека сме родени од жена, но за да се создаде плод покрај јајце - клетка треба и сперматозоид. А кој има сперматозоиди? Мажот. Тоа сите го знаеме Среќен 19 ноември, меѓународен ден на мажите, драги машки членови!
За то како стојат работите во светот можеш да збориш кога нема и ти да бидеш дел од тие "работи" во светот.
Јас сум дел од малата и небитна слика и статистика, не од големата која е примарен проблем. А и некои од тие што ти лајкуваат добро им памтам постови каде има некакво деградирање на машкиот пол па не им го спомнуваш упорно. Толку од мене.
Ти си дел од малата статистика, ама на дечко ти во моментот кога му маваш шамар, нема да го боли помалце заради тоа што статистиката е помала.
@Tan4ence На таа мизандрија, зошто тогаш имаш дечко, а не девојка?! Најсериозно... Не ги коментирам твоите постапки, затоа што не е ни мое да коментирам, но генерализацијата ми падна во очи. Без мажите не можеме да постоиме, а и обратно. Двата пола имаат своја убавина. Но, и кај двата пола постои мрачна страна. Одредена жена, може да биде бетер од одреден маж. Не знам, во какви ситуации си се нашла, но сите имаме по некоја неубава случка. Тоа, не ми остави лош впечаток за полот, туку за носителот на дејството.
Да се имаше повеќе свест за депресијата и анксиозноста толку колку шо има за Ковидов... Досега сите ќе бевме на некое добро ниво на стабилност, ментално и психички .