СДК дека не ми се верува дека поминаа 2 години одкако сме заедно. И 2000 да бидат малку ќе ми се. Сеуште се сеќавам на првата средба и како се трудев да го шармирам . Намерно се правев на тошо демек не знам кој ден е и му звонам сношти и само што сакав да му се развикам тој ми вели - Зошто не ми ја честита годишницата од брак? (каков брак каков мрак во врска сме ) и јас - Чекав ти да ми ја честиташ ....,а тој вика - Па не знаев што да ти речам...хаха Абе таков си е тој цел мутав, страмежлив, срцка. И ми вика ајде вечер ќе прославиме. На газ ќе падне кога ќе види што сум му купила. Одам да се капам,да му мирисам убаво , мх мх
Јас знам дека секој сака различен тип на музика, има различен вкус за храна, за облека.. Ама стварно не можам да сфатам што вкус/стил ќе беше тоа во пижами да шеташ низ град.
Се што е убаво кратко трае. Повторно и повторно се докажува тоа. Помина и одморот. Поубаво не можеше да биде. Исполнети сите очекувања. Сонце, плажа, море и добро друштво.... И сега веќе се ми недостасува. Ми недостасува секое местенце од градот, секој лик што го запознав. Ми недостасуваат цимерчињата од вилата. Лошо е што за кратко време брзо се призврзувам за личности и места али... Како и да е ќе останат спомените и надеж дека повторно на истото место ќе се сретнеме со истите личности.
Го знаете она чувство кога на сред читање ,кога сте толку занесени и кога веќе сте формирале слика за дејствието, некој ќе дојде и ве прекине ? Е го мразам тоа!
Да тибам ПМС да тибам расположение...мислев ќе си дојдеш кога ќе отидат моите,ама шипки,ќе си скапам сама дома,мислев добро ќе биде сама дома,ама ко што изгледа не сама туку осамена-ете така се чувствувам,поглупаво здравје...
СДК ништо, ништо не е поубаво од детска смеа си седам надвор и со ќејф ги слушам бе, па ќе се скарат малце , па ќе заиграат мижаница,па овој ќе се налути не играл, па оној друштво ќе му прави и тој не играл за момент ме вратија назад ... ехххх детство уште па и си ги погледнав белезите кога се лупнав прво во некое си корито со вода, па станувајќи се лизнав и се послав на земја, бегајќи од кај едни пристари луѓе, им "крадевме" грозје, не дека го јадевме бре, интересни ни беа кога не бркаа.... ееехххххх детствоооооо
Вниматејно слушајте ги постарите кога нешто ви кажуваат... Во секој нивен збор ке пронајдеш некој добар совет... Ги сакам старите луѓе им помагам ги чувам...Нема стар човек со лоша душа ... Само сакаат внимание и друштво. На секој можен начин гледаат да се посочуват во вистински смер на животот... Преку нивно искуство да ви укажат на работите што не треба да ги направиме а што треба да наравиме. Ги жалам луѓето што на своите стари родитеи гледаат само како вредносна хартија. Само пензија и ништо друго... Живи греови
Тропски горештини - тропска бура Е... згреавме коски и ние. Не дека 30Ц е толку тропско, ама ние ненаучени, за два дена испоцркавме. Вчера се криев во супермаркет, бирав месо пола саат, охххх рај низ ладилниците. Додека не можев да спијам од топло, врти се, превртувај се, не се дише, ме надвладеа сонот и сум заспала конечно, додека едното куче не ми скокна на кревет, да го бранам од грмотевици А грмна ли? Три коли почнаа да свират на нашиот пат во два сабајле. При таква галама ќе станеш. Не знам мртвите како не ги разбуди. Пола саат ја гледав електричната бура. Такви светкавици, една по една, небото го сечеа, го обелија и пола саат не можеш а да не ги гледаш. Ваква бура имам видено друг пат, ама многу појужно од тука. Може стварно иде леденото доба? Се осеќам виновно дека отидев со кола до едно место денеска, од пусто што не ми се одеше пешки по топлото, од мрза. Па се тешам, деееее не сум само јас. А и добри светкавици беа.
абе со денови се обидувам да напишам пост во сдк и никако да го допишам,не дека незнам што,туку неќам да гњавам премногу а имам многу да кажам и сеа незнам дали да кажам или да не кажам . ај доста филозофии,сакав да кажам дека преубаво ми е на море,одам кога сакам,се враќам кога сакам,се навикнав овде,цели три месеци сум и убаво ми е,се чуствувам исполнето,нејќам да заминам,барем додека трае летото а знам дека се ова ке ми недостига ама тоа е,таков е животот не се жалам,фала му на господ за се!!! п.с имајте убав викенд феминки
Вакво топло време не сум видела ни во Македонија, пукнав овие два дена. Цело време се жалам како само врнежи има тука, како е ладно, па дува, па сакам да се вратам дома на топло кога овојпат пукнав од топло тука во оваа земја. Дали е толку топло не знам, дали јас сум се одвикнала од топло па не можам да поднесам. Надвор и не е толку ама нашиот стан така убаво го грее сонце да нема спас. Толку пати дневно не сум се туширала во Скопје на 10ти спрат како тука. Официјално веќе нема да се жалам од времето во Англија, врати се сиво убаво небо и врнежливо време назад.
...само што се вратив од фолклорниот концерт на ќерка ми.Игра детево ,на земја не стапнува.А јас се подмочав од радост. Имаше гости од Србија,играа и тие навистина првокласно,ама кога ја гледам елеганцијата на македонската жена,во носија,особено онаа од Источна Македонија,што да кажам ништо не може да се спореди со нејзините префинети движења.Ќерка ми како да е друга личност кога е на сцена. Игра таа а мене срцето ми игра.
Се заплеткав во сопствената пајажина. Патењето од апатијата е неописливо. Еднакво на рамнодушно страдање, како дефицит на телесна реакција на внатрешниот хаос кој тивко се одвива и завзема големи размери. Станува голем, вознемирувачки, хаотичен, паничен. Но, едноставно не наоѓаш сила да се бориш со истиот, телото и умот ти се истоштени. Тивко и со поглед залутан во непозната длабочина во која зјапаш незаинтересирано но фокусирано, понекогаш во еден предмет, место. Сосема неутрална ситуација со повремени длабоки воздишки во обид да ја олесниш тежината која те обзема. Деновите се еднолични, светот се движи, твојот мозок е спор. Ми текна на сестра ми. Заради девојчињата. Беа како нас. Делеа. Ние секогаш делевме. Дури не се разделивме.
Одиш на одмор со дечкото,и со селфито и чекирањето започнуваш уште од аеродром.Па нели има и такви кои не одат на одмор,има и такви кои немаат дечко,и такви што се не се возеле со авион па за сите така за сигурно,нека пукнат од мака оти одиш во Турција,или Грција,или било каде. И од таму правиш фотки секој ден и се чекираш секаде каде што одиш. За сите гореспоменати да знаат дека шеташ,и дека дечко ти те држи за рака. И се чекираш дека пиеш кафе,значи обично кафенце со него,ама во Турција.И тие што кликаат лајкови демек ти аплаудираат што си достигнал толку многу,што пиеш кафе со дечко ти.А ти на секои две минути го проверуваш мобилниот за да видиш колку лајкови си собрал. Додуша па повеќе време поминуваш на мобилниот отколку во разговор со дечкото,ама тоа е нели,така да кажам лечење комплекси,патење по внимание,тоа е жив очај. Разбирам да прикачиш слика од одмор,една до две.Да се чекираш на некое фенси место,еднаш од твојот приватен и интимен одмор.Ама секој ден,насекаде? За да те следат другите каде си ? За да биде поинтересно,па многумина имаат повеќе од 25/26 години. Ајде тинејџерите ќе ги разберам донекаде,нашите седенки кај другарки и гледање на кафе,тие го имаат заменето со фејсбук,ама на веќе возрасни личности,вработени,со одамна завршен пубертет,едноставно не сфаќам. Мислам сфаќам,ама не разбирам. Толкав очај за внимание и фалба. Страст за лајкови и аплаус ?
Гледам низ прозор и се присетив коба бев мала некаде 10 годинки паметам чекав да се стемни и да излезам надвор да трчам по светилки да да едни мали светки кои трепка лелеее колку ги сакав трчав по нив и ги берев и носев дома да ми светеле демек ааах колку убави времиња беа тоа
Го знаете ли она чувство кога сте тажни, многу тажни, ама глумете среќа? Кога и себе си и сите околу вас ги залажувате дека сте среќни и постојано се смеете? Го окупирате умот 24/7 со разни работи само за да не мислите на тоа... Тоа е мојата моментална состојба. Во друштво цело време се глупирам и смеам, кога сум сама гледам смешни видеа и филмови, се трудам да ослабнам, читам разни книги, се зафаќам со различни работи само за да не размислувам за тоа, за тоа што ме прави тажна. И потоа, останувам сама, светлата се гасат, ми снемуваат и филмови и видеа и книги и работа и останува само исцрпено тело желно за сон и малку одмор и пауза од животот и застанувам да здивнам и да го ослободам малку мозокот и ми доаѓаат мислите, мислите што цел ден ги бркам. И ги пуштам најтажните песни, онака чисто да се докрајчам. И не можам да плачам, навистина не можам, јас немам солзи. И навистина не ми е гајле за ништо. Зошто ли станав ваква? Сама направив чудовиште од себе, што не може да плаче, не сака да се соочи со тага, не му е гајле за ништо и глуми среќна будала До каде јас со овој памет
Пред малку на фејсбук налетав на ваков статус: What does love mean to you? или Што значи љубовта за вас? Што е всушност љубовта? Таа е само чувство или нешто повеќе? Многу повеќе... Љубовта е нешто кое се споделува со сето свое тело и душа. Љубовта е давање без да очекуваш нешто за возврат. Љубовта е ѕвезда-водилка во животот. Тој што ја нема, многу жали. Љубовта е споделување на твојот живот со оној кој го сакаш. Таа е копнеж кој трае до последниот здив. Воздишка која вечно живее во нас и не' скокотка. Љубовта е вечна игра со малку чудни правила. Таа не опстојува без доверба и искреност. Понекогаш е многу безобразна, но таа не е виновна. Таква е нејзината природа. Понекогаш, љубов значи да се откажеш од се' или пак да дозволиш некој да си замине со цел да биде среќен, па дури и без тебе. Знае да биде и невозвратена. Најмногу боли тоа што кога е еднострана е двојно посилна. Но тоа е тоа... Не можеме ништо против неа, бидејќи е посилна од нас. Кога љубовта ќе се сети на нас, таа не тропа на нашата врата. Едноставно влегува, без прашање. Затоа не ни останува ништо друго, освен да уживаме во неа. Животот без љубов ја губи поентата.