Вчера долго немавме струја и зошто навистина немав што друго да правам пред да одам на работа (втора смена), земав да читам книга. Сега се осеќам страшно бедно зошто ете, требаше нешто такво да се случи, да „отпаднат“ сите други начини на забава, па да посегнам по книга. Па уште и кога ќе ми текне што завршив во еден друг живот... Ич не ги сакам лигавите резолуции за наредната блабла година, ама навистина би сакала да читам повеќе. И во 2021, и во 2022, и во секоја наредна. Би сакала да имам и време за читање книги, и пари да си ги купам, и расположение за да ги читам. Исто така, „Книга за гробиштата“ е прекрасна книга. ПРЕКРАСНА!!!
Мислењево ми остана во памет и вчера, а богами и денес му се вратив уште еднаш да го прочитам. Многу ме нервираат вакви луѓе, не знам како да им објаснам дека не дремам дома со прстот у нос, туку одморам од работа на која сум била цел ден и едноставно мака ми е да излезам. Најјако ми е кога немаат разбирање дека некогаш искрснуваат непланирани работи и дека морам да откажам кафе иако веќе сум го договорила. Последно филмот ми го пукна една особа со која бевме договорени денски у парк да се видиме, а во меѓувреме кај моите излегуваат позитивни колеги и мене ми се ебе цел рајат и едноставно не ми се шета пошто ми е грдо и тешко на душава. Си размислувам која карактеристика ми е најодбивна кај луѓе, ама немање осет дефинитивно ми се брои меѓу првите.
@KateKane Немање осет, непочитување на туѓото време и приватност, претерана наметливост и љубопотност за нешта што очигледно не ги засегаат... Многу ги има вакви. Додека не почнав да си кажувам отсечно дека ми пречат, не ги сфатија суптилните сигнали.
Можеш да споделиш оргинален наслов и писател? Бидејќи на Киндл читам, за жал речиси никогаш не читам на македонски.
@CameliaMiller, The graveyard Book, Neil Gaiman Се надевам дека ќе ти се допадне колку што и мене ми се допадна Јас ја читав на македонски, во издание на Три. Предобра е! Од него дома ја имам и „Океан на крајот од патот“, во план ми е денес да ја почнам (а како што е малечка, и да ја завршам) Нил Гајман е автор и на истоимената книга по која е снимен Coraline И American Gods е екранизација на негова книга и сега ќе морам да ја гледам серијата
Периодов имам многу чудни сонови, ама вчера беше врвот. Сонот почнува кај што стојам пред продавница и ми текна дека немам маска, па се враќам дома. Влегувам внатре, отворам дневна и гледам цела соба со мраз направена како терен за уметничко лизгање. Дечко ми и некоја девојка облечени ко натпреварувачки пар се лизгаат низ соба. Јас цела во прашалници се чудам што се дешава, а тој ми вика: -Дојде време да ти кажам дека сум женет веќе 7 години и оваа ми е жена. Сега ќе одиме во Русија на натпревар, па се подготувавме. Со години сме прваци. Таа нешто рече: -Оваа е твојата девојка? Кoга ќе отидеме во Русија ќе ја видиш мојата плавушка девојка. Време беше да ги запознеме жртвите. Па ја крена, таа ги рашири нозете и му застана околу половина. Не можев вратата да ја отворам за да заминам, а тие ми се смееја. Им викав бегајте подалеку од мене, немате маски. (Она кога дознаваш дека дечко ти има жена, ама тебе ти е битно дека маски не носат). Се разбудив исплашена и полна со омрза кон него и неговата бисексуалка жена од Русија. Доста беа сонови за некое време. Емоционално ме исцрпија.
Леле мила мајко, какви затуцани примитивци со испрани мозоци околу мене. Не дека си ласкам, ама damn, језиво е дури. Абе само куќарка во планина и ај чао, биди си настрана на сигурно. Еовака, со храна, книги и нет.
И тогаш кога мислиш дека сме еволуирале, ќе се појави некој хомо еректус и ќе ти ја уништи цела имагинација за цивилизирано општество.
Не сум љубител на фудбал, ама претажна ми беше веста за Марадона. Секогаш го следев како со љубов навива за Италија и Наполи, како е полн со љубов и некоја посебна енергија. Легенда си човеку
Марадона остави шмек во фудбалот. Од професионален карактер секоја му чест, Наполи го однесе многу подалеку ама приватно не му требаа тие глупости и има една 0 за тоа. Почивај во мир.