Се враќавме со дм назад накај дома од Валета и одеднаш паѓа ѕвезда. Веднаш си замислив желба Бев да доволам како е украсено,а всушност доловив празнина,оваа пандемија е ужас. Искрено како ги доловуваат по страниве чиниш е прејако украсено,очекував малку повеќе од ова. За разлика од лани кога беше годинава е прилично променливо времето. Наутро без а навечер со капути. Толку за денес
Смртна казна е малку за овој луд тракторист, не снимка од казната за пример за сите забегани како него Како можат, само како можат не ми е јасно Па и овие од другиве коли си заобиколуваат, како бре, како Го земам и одма на ветеринар Спојлер
Еј каква будала бе Potvrđeno za CH: Ovo je muškarac koji je namjerno i svjesno pregazio životinju! Инаку кучето е живо, ама со тешка повреда. Дебилов со тракторот на комшиите и оградата им ја турнал.
Ц ц ц, страшно значи не ми се верува кој дебил бреј Мило ми е за кучето што е живо, се надевам добар ветеринар ќе го оправи, ако може по толку тркала што го поминаа
Вчера беше ден кога се даваше поддршка на жените кои трпат насилство. И гледам политичари споделиле, истите тие што ја тераа полицајката да изјави дека сама се удрила во пајакот, а јадеше ќотек од Бекир Асани, истите тие што не затворија никој во најголемиот скандал "јавна соба" а вриеше од чичковци што се палат на малолетнички, истите тие што ги пуштија од затвор насилниците кои го претепаа девојчето во Штип. Жени што се први да си го набојат профилот портокалов ко гуски во магла, а ваму ги бранат стефанчиња и некои такви мочковци. Жени што се осудиле да напишат "маж ко маж", "машко го личи" и слично. Жени што имаат ќерки. Не треба да го честитате денот против насилство. Крајно лицемерно и безобразно е. Пре би да немаат поддршка од портокалов аватар и празни зборови, туку вистинска помош и убав збор кога треба. Од мене девојчиња имате поддршка за вчерашниот ден и се надевам ќе доживеете да го смените менталитетов кој одамна требало да биде сменет. Толку можам да ви посакам.
Во последниот факинг месец се видов само со двајца, од кои и двајцата тестирани неколку пати со негативен тест (на работа, превентивно), ама не, ја сум имала корона оти сум качила температура. А до лани шо качував секој месец температура, со кашлици, со умирачки, со свашта, тогаш ништо не ми беше. Ќе се самоутепам.
После е*ење нека каење. Ок, I can live with that. Ама после шишање шишки не да има каење... Сама себе се за*бав
Сакам да кажам дека симпатијата има нешто шо не знај за мене. А то е дека не разликувам на слика лево и десно, и дека сум глупа. Ќе велев сакам за душата да ме сака ама ни таму нема нешто особено стабилно и добро. Само фацата ми остана I guess.
Ќути... 5 дена сум на работа. Сега за викенд и плус три дена од наредната недела. Еден викенд дали сум била слободна не паметам.
Аххх мојата чудесна земја... Народов трпи за леб, младинава бега од неа, здравството ни е за никаде... Не знам соседиве толку што ни ја сакаа државичкава... Грција ни го смени името, Бугарија ќе ни го земе јазикот, Албанија - верата. Србијо што ќе ни земеш ти???
Па да ти кажам веќе не ќутам... каков е овој робовладетелски систем.Сите сите не третират така и знам како ти е. Смејм се ал плаче ми се