Сакам да кажам дека сум ептен кринџи онака ама другарка ми ме теши кога со некој кликате природно е да сте кринџи заедно. И денес ја пратив мојата прва честитка за роденден, како возрасна личност, по пошта. Превозбудена бев дур ја оставав на шалтер, трема ме фати. Пред да одам во пошта, 5 пати препрочитав шо напишав, уште се думав дали да сменам во другата честитка пошто не можев да се одлучам и купив две. Леле, па возбуда кога ги пишев информациите каде треба да стигни. Се осетив како да се вратив во основно кога имав pen pal и си праќавме писменца со шарени хартии, па со цртежи, па одев сама на пошта како дете дур не стигав ни до шалтер со парите да го пратам писмото. Сега, веќе не ни памтам од кај беше девојчето. Ама убо чувство било. Сега сакам да пратам нешто друго. Ми се заубај. Мислам од сликите се гледа која честитка победи. Денес од кога пратив писмото инаку, бев до книжарата кај шо одам да си земам книгите и материјалите шо имав остаено да се печатат и најдов трета честитка која е апсолутен победник. dum dum dum
Pomagajte drugovi... Ne me biva veke, ne sakam samo radi ovie glagoli pak da ostanam so 4ka i ovaa godina...
Можеби ништо нема да смени, но сепак да се знае дека Гоце Делчев е Македонец, а бугарите нека си бидат искрени и нека си признаат дека Гоце Делчев е Македонец
Ова се основни работи, не може некој да ти објаснува ако ти не ја знаеш основата. Има посебни луѓе наречени професори кои даваат приватни часови, соодветни за да ти ги објаснат сите нејасни работи. Има огласи еден куп по интернет.
Да имала услови за професор да плаќа сигурно нема да дојде на форум да праша. Мислам не е тешко да и пишеш во лп да и објасниш. Јас лично кога не знаев англиски ( имав проблем со времињата ) другарка ми која е поранешна членка на форумов Господ здравје да и даде, ме седна и ми објасни, и научив подобро од било кој. Така да, мислам времето што се губи на мислењава во "обид за помош" може да се изгуби објаснувајќи по лп.
На сите ни се заглавуват песни. Оти некогаш ни се заглавуват безвеза песни? Се тешам дека ако ја слушам доволно пати ќе ми излези од гла ама ... Поќе ми се заглавува. Trololololololo la la la ohohohooo
Во последно време секој ден како читкам по нешто на форумов, налетувам на бош муабети со поприлично затуцани мислења и перцепции. Тажно е. Обично би рекла тажно е за тие луѓе, но сега ќе кажам тажно е за мене. Не дека кукам, туку едноставно губам надеж за позитивен психолошки и емоционален напредок кај луѓето, што значи дека поголеми се шансите да западнеш во неволја. Само повеќе ми се зацврстува теоријата дека најдобро е да се повлечеш за да се зашититиш. Што ќе ти е вакво општество, фак ти... Изгледа време е да престанам да читам форум и да бидам дел од социјални мрежи, и едноставно да се фокусирам на други активности неповрзани со нет.
Дојде black friday и се јавија дежурните моралисти да објавуваат слики и плукаат по луѓето на фејсбук.
Никако не можам да сфатам. Зошто некои бараат совети и на крај си тераат по свое и дупло повеќе страдаат?
Оти ко прашале решиле шо сакат да прат и само сакат некој да му потврди. И да не му потврди, пак то ќе прат.
Искористен колку што ми дозволуваше буџетот и достапноста на залихите, сепак снабдена сум со книги да имам за читање до ова време следната година, емотиконче што листа и чита некое книгиче
Јас ништо не успеав да начекам . Сабајле не можев да одам поради обврски, сајтот не им функционираше, а кога завршив веќе читав дека се било распродадено. Немам среќа...