Бев во маркет по фарба за коса, ја отворам дома амбалажата, наместо регуларно боја, хидроген, нараквици, балзам, внатре имаше 2 хидрогени, нараквици и балзам. Уште не ми е јасно кој може ова да го направи. Кражба на суптилен начин... Од друга страна на тикток гледав видеа каде одат во маркет и ги сменуваат боите во фарбите, плавата боја во амбалажата со црна боја и обратно. Некој ќе си ја уништи косата ако не забележи..
Какви цепидлачари има во групана "Пуздер правам од македонскиот јазик" на фејсбук. Не Славице, ако тебе ти е чуден зборот, не значи дека е неправилно напишан или дека не е македонски.
Лекција неделна бр.1: Ако некој сам не сака да си помогне не можеш да му помогнеш. Лекција неделна бр.2: Феноменот на мажи во Македонија и концептот на односот на фамилијата кон син е нешто неверојатно. Мило ми е што сум женско. И што не сум/не морам да сум во врска со некој ваков примерок. Кафето разредено тука е, тиквата се пече. Средено е, усисано е, прошетана е, нахранети се. Сега ќе си го планирам декември.
Врне Дождот не запира Ги испра улиците Гомнарот не дојде Темно е Само короната не е исчистена засекогаш.
Ми се враќаат некои глупави стари чувства и навики. А баш бев задоволна кај што стигнав, наеднаш пак се вратив назад. Не се сакам ваква. Не сакам да се чувствувам како да сметам, како да не сум посакувана таму кај што сум, како нешто да не е во ред со мене. А не можам никако да се изборам, да бидам тоа што бев до пред некое време. Не знам како...
Сакам да научам да живеам ден за ден, без очекувања, без треперење за иднината. Тешко дека некогаш ќе успеам да бидам толку безгрижна.
Честит Ден на Републиката, која повеќе не постои, но секогаш ќе постојат нејзините идеали. Идеалите на братство и единство меѓу народите, еднаквост, мир и напредок. Не е ни чудо што после 30 години од распадот уште се слави овој ден, дури и од луѓе кои не живееле во Југославија, затоа што овие вредности се универзални, а тука беа спроведени на дело. Многу се плука по таа земја. Била земја на мрак... Сега од кога се запали светлото од една одлична направивме седум лоши држави. 30 години криминал, корупција, национализам, иселување на младо и старо од оние кои во таа Југославија за своите дела би биле стрелани, не величани. Само на такви пробисвети кои се снаоѓаат во матни води и никаде на друго им сметаше. Ако Југославија беше мрак, матер му јебем на тој шо запали светло. Југоносталгијата не е само носталгија кон едно минато туку и надеж за една подобра иднина. Иднина во чекор со светот. статус
Одвлажнувач на воздух Чизми Уште еден одвлажнувач на воздух Рутер Она седиш дома и вртиш картицата ич на арно неќе да е
Ако не знаеш да дадеш корисен совет подобро ќути се.Ама сериозно, молкот е подобар отколку зборење без врска колку да се каже нешто.
СДК дека сонував многу чуден и нелогичен сон, не ме остава на мир цел ден. Се прашувам понекогаш како мојава потсвест успева да роди такви глупости
Ми излезе сликава на инстаграм, верувам дека процентите кај нас се приближно веродостојни, што е реално разочарувачко и загрижувачко...
Еве ви пример колку образованието во скапаната ни земја ни е кал. Високо образование, колоквиумска недела. Студент бр 1: Се утепува од учење, активен на секое предавање, се интересира за материјата, има желба понатаму во животот да го истражува тоа поле. Има дадено соодветен одговор на секое прашање поставено на колоквиумот. Студент бр 2: Ја нема ископирано ни книгата, нема поим кои теми се обработуваат, не го ни интересира. Половина од одговорите ги препишал од Википедија, другата половина не ја напишал. Бројот на добиени поени од колоквиумот? ИСТ и кај двајцата. Објаснување? Нема.
ВЕЌЕ ДОЈДЕ ДЕКЕМВРИ? ПАК??? Точно една година подоцна, шокот кога погледнав у календар дупло поголем.